Совети и искуства од мајки за деца на возраст од 5 до 9 години

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 15 декември 2018.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    27.562
    Делчево од "No-Drama Discipline: The Whole-Brain Way to Calm the Chaos and Nuture Your Child's Developing Mind" ме натера да размислам малце

    Screenshot_20260829_165253_Gallery.jpg Screenshot_20260829_165317_Gallery.jpg Screenshot_20260829_165334_Gallery.jpg

    И за последниве натегања и моменти на непослушност, сфатив дека: 1. излегува боса надвор деновиве затоа што до минатиот петок бевме на одмор и таму и во дворот на смештајот беше нонстоп боса, на тревата, и секако на плажа, па веројатно и стана малку навика, 2. оваа недела сме нонстоп дома, јас дека на одмор, а надвор прежешко, па ко затвореници во ќелија сме, веројатно повеќе е нервозна, повеќе и' е досадно, па повеќе се глупира.
    Малце монолог си истерав, но мислам дека споделеното може некому да помогне.
     
    На kozuf му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    27.146
    Пол:
    Женски
    Мајка, детето ти има 5г рече. Може на моево 3г да му текне или "стане навика" ама на 5г од навика не е. Можеш да наоѓаш оправнидија, не ме разбирај погрешно али не треба да бегаш од фактор дека границите ви се лабави и на тоа треба да се поработи.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    27.562
    Апсолутно не наоѓам оправдувања, секогаш сум свесна дека секој чекор може да биде погрешен и да однесе во погрешна насока. Така заклучив затоа што претходно не излегуваше боса. Во последниве 2 дена исто така не излезе. Како и да е, фала на советите, работам на случајот.

    Едит: на 3 год. многу повеќе ме слушаше, скоро па махинално. Летово најмногу гледам разлика, си бара рчки и прилики да покаже инает.
     
    Последна измена: 29 август 2026
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    192.533
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не гледам некој сериозен проблем. Значи исто е/било кај сите. Само во различни периоди ги прават овие работи.

    Сакам овде да напоменам нешто. Прво, довербата е нешто што се гради и на што се работи цел живот. Не е нешто што на 5 години ќе и кликне и готово толку е сега имам доверба. Реално толку многу нови работи учат секојдневно, многу е нормално да се несигурни како ние би реагирале во конкретна ситуација оти цело време има нови ситуации, доверба има за веќе стекнати искуства.
    И второ, очигледно си солидно на тој пат, оти токму нејзината непослушност е доказ дека ти верува и се чувствува слободна да го прави она што сака да
    го прави. Ако е несигурна во тебе ќе биде мирна и повлечена и тоа не неопходно значи дека е добро. Честопати е знак дека детето нема доволно доверба во родителот и не се чувствува слободно, да се изразува себе си на начин што е природен за неа. Знам дека ќе речеш сега ама голема е, ама не е! Мојата е 7 години, некогаш имам чувство дека си правам муабет со другарка, ама далеку од другарка ми е. Сеуште е дете и сеуште многу мала и со недоволен капацитет да разбере многу работи особено на прв муабет. А најчесто е и до нашите очекувања. Ова и самата на себе често си го повторувам. Деца се и треба да се однесуваат како деца. Тоа значи ќе бидат и гласни, непослушни, ќе прават и бељи. Тоа не значи дека немаат граници, туку дека учат граници. Ако ти постојано се трудиш, збориш, ја учиш, ќе научи. Ама додека научи, овие работи ќе се случуваат, оти никој никогаш не научил од првиот разговор, за воља на вистината често ни од 10тиот. Знам дека е и исцрпувачки и досадно и напорно, и многу фрустрирачки на моменти особено што почнуваш да се преиспитуваш сама себе, ама ако си конзистентна со неа, еден ден ќе и кликне. И како растат им кликнува едно, друго се тегне дур се усоврши.

    Мораш да ги организираш само приоритетите. Не се е еднакво битно и не вреди за истата енергија. Ќе селектираш на што даваш најмногу приоритет и од што ти нема да отстапиш ни под разно. На пример, хигиена. Кога се доаѓа од надвор мора да се соблечат обувки, мора да се пресоблече и да се измијат раце и лице и не смее поинаку. Кога се оди надвор мора јакна, обувки, шалче, капче итн итн. (Кај мене на календар до надворешна врата, имав стикери залепено и со пенкало штиклираа дали облекле се како што треба за надвор пред секое излегување и тоа им беше доживљај. Потоа безбедност. Во кола секој седи во свое седиште и врзан со каиш. Иначе нема одење никаде. Кај мене овие правила на пример не се прекршуваат никогаш.
    Ама се друго може да е предмет на драма. Помага, договор од дома однапред, каде ќе се оди, што ќе се прави, како ќе се прави и ако се добри, на крај добиваат награда - изненадување. Ова функционира се додека не заборавам да ги договорам од дома за нешто и неминовно имам драма и само ми е доказ дека колку повеќе си конзистентен толку повеќе се држат до границите. Иначе ќе има и тегнење и влечење и плачење, на 5 години учи водење инат. Не е често како тантрум, ама е многу поинтензивно. И тоа ќе помине. Сега на 7 други се муабетите. И тоа ќе помине, па Господ на помош кога ќе се во пубертет.
     
    На kozuf, lackygirl, Autumn Love и 7 други им се допаѓа ова.
  5. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    12.313
    Пол:
    Женски
    Колку само обожавам да те читам,толку убаво објаснето,толку убаво кажано..браво..(fingers)
     
    На Puffy2019 и Yowannty им се допаѓа ова.
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.897
    Допаѓања:
    27.562
    Фала, ми даде малку спокој.
     
    На Puffy2019 и Yowannty им се допаѓа ова.
  7. tamarce.j

    tamarce.j Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    334
    Мојот син, 8 години има, скоро па секој ден прави екцес и е неподнослив. Не знам кој е причината, предобро дете, добра душа, многу интелигентно, но како да има напади. Ако не му е по кејф нешто а сака да направи одма е драма. Јас веќе немам живци, ни со арно ни со лошо. Кога ќе помине драмата се смирува и извинува, вика дека нема да се повтори и пак и пак истото. Дали има некој дете на оваа возраст што вака се однесува.
     
  8. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.458
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите
    Пишував пред неколку дена за ќерка ми која е 6 ипол години, приметив два вечери после пиење на млеко почнуваше да ждрига цело време и да вели дека неможе да дише едвај ја смирував, престанав да давам млеко, некоја вечер ќе нема ништо но некоја вечер пак ќе почне да ждригнува и ќе почне да ја фаќа страв и паника и приметувам дека неможе да заспие ќе почне да плаче, не давам да јаде касно а таа и така ептен слабо јаде 17 кила е, се на сила
    Сега пред да заспие гледаше малку таблет и приметувам дека почнува да ждригнува по малку цело време и ми вика уште малку ќе гледам неможам да заспијам не ми се спие нешто, јас ништо не реагирав за тоа да не се плаши и да не ја фати паника, но кога легна да спие ќе диши силно неколку пати па ќе престане па пак така, ме преплаши....
    Јас незнам што да правам и кај да се обратам, од што би можело да и се случува вака
    Сопругот вели дека јас повеќе паничам и дека е преморена дека не јаде затоа е таква но јас несум мирна, неможам, се плашам
     
  9. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    9.856
    Пол:
    Женски
    По ова што ми опишуваш ми личи како кила на желудник…или интолеранција на некаква храна…да направиш една консултација со детски гастролог на клиника да си мирна. Може и ништо да не е но заради ждригнувањето толку често јас би ја носела да ја видат. Сте консултирале матичен за ова?
     
    На dromka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.458
    Пол:
    Женски
    На матичниот му кажав но рече дека можеби е од млекото да престанам да давам некое време или од замор и топлото време но вака не е правела до сега затоа ме загрижува.
    Дали можеби има некој добар гастролог за деца или приватно каде може да се види ?
     
  11. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    9.856
    Пол:
    Женски
    На детска клиника можеш да ја однесеш, ќе ја видат таму и ќе ти кажат ако треба нешто да испитате. Конкретно доктор не знам но имам слушано дека сите се добри.
     
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.516
    Допаѓања:
    25.294
    Пол:
    Женски
    Доктор секако да се види ама јас мислам и дека и ти од што ја прашуваш и ја гледаш дали ждригнала и правиш стрес плус и можеби го прави од навика.
    Ова го кажувам оти моево дете кое е 7 и пол год често има некои "навики" да не речам тикови и колку повеќе му обрнуваме внимание и му велиме не прави така тој уште повеќе прави, вака е од некои си 4 5 год ко имаше, на периоди си има по нешто. И сите прекинуваа кога престанавме да му велиме не прави го тоа.
     
  13. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.736
    Допаѓања:
    16.037
    Пол:
    Женски
    Кој период од денот го прави тоа?
    Кај нас некаде на 7,8 навечер кога беше преморен нешто ако не му беше по ќејф имаше многу плачење, како да е којзнае што, па дури и ќе испровоцираше да се кара. Инаку е многу мирен и чувствителен. Откако ќе отспиеше секогаш се извинуваше и кога го прашував зошто така прави секогаш ми велеше не знам бе мама така ме тера. :tmi: :D Од премор станеше нервозен и не забавуваше. Кратко трае таа фаза. Сега е 10 год. да не го подречам златен ми е. Како и секое дете некогаш знае да се налути на некоја минута ама му поминува со разговор. Најверојатно ако е ненаспиен, па затоа.
    Знам дека е тешко ама трпение, остави го да се исплаче, гушни го, и само многу разговори. Во тој момент што и да му зборуваш џабе е.
     
  14. ♡☆♡

    ♡☆♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    103
    Што мислите дали е рано тргнување на училиште 5 години и 8 месеци? Повеќето ми велат дека ќе му го скратам детството...
     
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    19.187
    Пол:
    Женски
    Кога е родено детето?
     
  16. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.969
    Допаѓања:
    9.406
    Пол:
    Женски
    Кога е родено детето? Ако е јануари не би го пуштила порано, моето е декември и тргна на таа возраст.
     
  17. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.837
    Пол:
    Женски
    Искрено, јас не би брзала. Ако би одбирала за мое дете, побрзо би го пуштила на 6 години и 8 месеци отколку на 5 и 8 месеци.
     
    Последна измена: 6 септември 2026 во 22:23
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ♡☆♡

    ♡☆♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    103
    Јануари.
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.516
    Допаѓања:
    25.294
    Пол:
    Женски
    Моето е 10ти декември и мораше да оди на 5г и 9м. Супер е се ама мали се, ако е јануари нека си оди следна година, ќе му стигни за учење.
     
    На Miss_S, ♡☆♡ и bertold им се допаѓа ова.
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.685
    Допаѓања:
    27.146
    Пол:
    Женски
    Моето е Јануар и ќе тргне сега на 6 и 8 месеци. Добро е што јануарските деца во Мк можат да бираат, јас сум странство и мора тука да има полни 6, па според мене на 6 и 8 месеци е стварнп таман. Можам само да ти кажам дека една година е огромна разлика кај деца. Концентрацијата е поголема сега, послушноста, интересот за школо и одговорноста. Јас не би брзала, стварно нема потреба.
     
    На lackygirl, bertold и Miss_S им се допаѓа ова.