Многу зависи од детето. Ако ти гледаш дека е спремно, запиши го. Јас лично сметам дека деца кои се спремни, треба да одат порано. Факт е дека програмата е доста обемна, до крај на годината ке научат течно да читаат и пишуваат, да сметаат до 20 собирање и одземање.
Дали има некој искуство со алерго тестови за деца ,каде се прават, како и која е цената ? Матичната рече да провериме пак брис од носе после терапијата со мачкање маст и да договориме алерго тест. Прашував и претходно, ќерка ми е 6 ипол години, имаше проблем со ждригање после пиење млеко два вечери и паника дека неможе да дише, исфрлив млеко но приметувам после јадење или општо преку ден често ждригнува и навечер кога спие ќе диши силно неколку пати па прави пауза од неколку секунди па пак и отпосле се смирува.
Моето дете имат толку и почна на училиште и го засака. Сите ми рекоја поубо да го пуштам порано одколку покасно.
Причина? Мое мислење е дека не треба брзање крај краева сите ќе научат и да читаат и да пишуваат, вака само една година плус има време да е повеќе дете со игра од колку да седи во клупа. Само ме интересира причината зошто било поарно ете и членката да расчита искуства.
Ние проверувавме во Рамус, не се сеќавам која цена имаше некој промотивен пакет инаку ни проверија со земање на крв.
Во Авицена имаме правено на 16.05 години, од крв и во Козле со упат, со грепкање тестовите ама во јули ги правевме.
За цени јави се, прашај ќе ти дадат инфо. Во Авицена се бираше што сѐ сакаме ама секако се менуваат цените од година во година.
Во Рамус и ние ќе правиме. Матичната рече атопичен тест со 54 алергени ,пишува дека е 3500 ден Дали некој знае кои алергени ги опфаќа?
Не дека има црно-бел одговор на тоа прашање, зависи од твоето дете и како ти мислиш. Не слушај такви срцепарајучи совети. Има деца родени јануари најдобри ученици се во клас. Ако си е спремно детето, нека оди.
Крв од вена или прсте зимаат ? Незнам веќе што да мислам и што попрво да правиме, ни предложи матичната алерго тест со 54 алергени, јас сакав да провериме и бактерија во желудник ,ова со ждригањево незнам зошто се случува, пред малку јадеше банана абе на секое залче подригнување со сила голта, пред тоа јадеше лебче со салама исто....
Некој погоре имаше прашано дали да запише дете порано или подоцна. Јас порано не би запишала ама секој нека си одлучи. Програмата не е како некогаш. Многу им е измешана а повеќето работи не се за нивна возраст. Некако се наеднаш им доага. Пријателка го запиша порано, и сега се кае. Уште на почеток не можеше да се адаптира во учењето со другите деца, иако сега е трето секогаш заостанува од другите со учењето. Мајката веќе се помири дека не може да го совлада материјалот ама наставничката е таа која го притиска и му прави на детето срам кога нешто не знае или нема да сфати. Сеуште постојат наставници кои поради незнаење ги ставаат децата во ќош или ги тераат да стојат надвор пред врата на училницата. И ние сме стојале во ќош кога сме биле немирни ама не и поради незнаење. Се знае за незнаење постојат оценки. Плус уште од прво одделение кога се адаптираш допрва, одма со психички притисок
Не е баш така црно бело. Де факто има деца кои се и те како спремни да одат во училиште порано. Е сега, родителот треба реално да ги согледа работите и да процени дали детето е навистина спремно да оди порано. Не е поентата ради препич да кажеш моето тргна порано. Децата родени во јануари се само еден месец помали од децата во декември, кои немаат избор. Материјалот не е измешан, но е обемен. Во случајот на твојата пријателка, искрено ми е жал за детето. Но, треба да се види зошто дури и во 3то одделение доцни. Не е баш наивна работа, и не треба да се тешат со тоа дека тргнало порано на училиште. Има проценка, има методи со кои може да му се помогне на детето. Битно е и дали другите деца постигаат, од аспект дали учителката работи добро, а е проблем во детето, или има и други незадоволни родители и деца кои имаат потешкотии поради начинот на работа на учителката. А ако не се задоволни од учителката, секогаш може да побараат да смени одделение, дури и училиште ако е неопходно.
Ова го дебатирам со пријателка денови уназад. Веќе 4то одделение детето, ептен големи потешкотии со фокус, со концентрација. Знае да чита, оценки ако ептен труд не се вложи од страна на родителите повеќе од 2-3 не може да извади. Едноставно ја чита задачата и до крај додека стаса веќе е заборавена. Дете кое почнало прво одделение на 6,5 години меѓудругото. Со мислење се дека сепак почнало дете порано, може требало и година плус во градинка. Ама битно и други деца деца денешно време биле слаби ученици, не е до детето. Буквално не сакаат да признаат дека имаат потреба и од поголема помош. Инаку се повеќе и повеќе гледам деца во околинава и за 7+ што ги оставаат за првачиња. Не знам причина за истото, битно многу почесто декемвриски деца, па и ноемврски оставаат за подоцна.
Законот е јасен - децата родени во 2020 сега се прво одделение. Родени во јануари 2021 можеле да бираат. Нема опција по личен избор и преференца да одложиш поаѓање во училиште. Лично јас, ама баш никогаш, без причина, не би вадела потврди од лекар дека детето психички не е спремно за школо а е родено во ноември/ декември. Освен ако на тестирање не се вратени. Ама тоа е и друга тема. Се надевам дека родителите ке се освестат дека има потреба од стручна помош. Особено ако детето е свесно дека се мачи, ако е исфрустирано и под стрес.
Проблемот со фокус и концентрација највеќе се должи на долго изложување пред екрани. Брзите слики, престимулираност од јаки бои, несоодветни игрици пред екрани исто, се тоа е премногу за мозоче во развој. Иначе пред 6 години само некое навистина напредно дете може да е спремно, а тие се навистина многу ретки. Повеќето не се спремни. Кај мене деца родени во Јули и Август можат да бираат да останат уште година плус, ќерка ми е Август и лани на полни 6 не ја пуштив, првиот син ми е Јули, така планирам и со него. Ја пуштив годинава на 7. Последната година во градинка и беше и во еден дел и припрема за школо. Ги носеа и во школото еднаш-два пати неделно, им држеа и општи часови за базични работи од општа култура за да седат секое од нив во столче и да ги држат фокусирани. Оти реално преминот од само детска игра каде ниедна активност не е задолжителна, директно во столче каде треба да се седнати и каде треба активно да слушаат нови работи секој ден, е навистина тежок за нив. Не се спремни колку и да ни личи така. И јас сум за тоа дека им се краде од детството со пуштање порано. Цел живот ќе учат и ќе работат, уште една година во безгрижност плус, по ќерка ми гледам и беше преубава. На 11 Август почна школската година, денеска месец, до сега имаат земено 4 букви и 3 бројки и ги вежбаат нив за сега.
Можеби прашањево не е за тука, ги разлистав првите 10ина страни од подфорумов, не најдов соодветна, па тука ќе прашам: дајте предлози за спорт, хоби, дополнителна активност, за дете 5 години, местото да е во Кисела Вода. Знам само за едно место за балет, и едно за боречка вештина. Нешто друго?
@♡☆♡ моето е родени во Јануари и тргна на школо со полни 5 Спремен беше за школо, акл останеше уште една година во градинка досадно ќе му беше. Во одделението има 5-6 деца родени во Декември и он во Јануари. Не се приметува разлика кој кога е роден ако се децата спремни. Лај нив најголем проблем во прилагодување имаше најстарото дете, родено ви Февруари и скоро година дена постаро од син ми. Правила нема, ама треба проценка дали е детето спремно или не за школо. @anggell дете не смее да се става во ќош затоа што не знае. Нека реагираат родителите. @Yowannty овде е е толку брза програмата. Со букви треба да почнат тел второ полугодие, ако се спремни тогаш во Декември. Има наставнички што ги брзаат децата, ама по план тек второ полугодие се буквите.
Ова се повеќето 7 годишни деца кои веќе се колку толку спремни. Па не е брза програмата буквите се распределени низ цела година, баш е лагано. Една буква неделно ја вежбаат, со 4 букви имаат само 3-4 зборчиња. Сега во Октомври 2 недели распуст. Таму по внуците мои гледам дека букви земаат ден за ден, а некогаш братучетка ми вика и две букви за да можат да поврзат повеќе зборчиња. Мислам, не може да се споредува, се работи за различни образовни системи. Како и да е, муабетот ми беше дека особено пред 6тата година се навистина мали да почнат со школо.
Види ракомет за секое дете побарај ги на ФБ незнам од која возраст ги примаат имаат школа кисела вода Карпош и аеродром