Гледам по фб и инста како се спрема храна за во школо и криво ми е што моето не сака така. А имам можност и со кеиф би му спремала. На пример во кутија со прегради овошје, зеленчук да грицка, некоја ужинка плус кифла, тост, макарони било што. Секако носи домашни пецива и од дома храна спремано. Ама моето на пример само кифли ќе земе, или само вафли, никако не сака нешто плус. Се ми вели нема кога да јадам и многу се нервирам. Не е на целодневна ама пак сакам да носи и да јаде. Секако 6 часа е на школо.
Немаат време да јадат навистина. Од глупи причини (познати на Министерката) син ми е онлајн на настава. Одморите се навистина мали и не можат да стигнат се за тоа кратко време. Плус фб и инстаграм не е реален живот. Глуматање е.
И мојата тоа носи, вчера ми побара пржени лепчиња и ги јаде така без ништо не знам како не и е гад. Све нешто суво јаде, од овошје само банана. Тука знам дека им ставаат патлиџанчиња, грозје, краставица, леб со путер, она тоа нема шанса да проба.
Од овошје и зеленчук што јадат и дома ставајте им по малку и за во школо. На пример две тркалца краставица, 2 шери домати, парченце пиперка, 2-3 зрна грозје, малини, една кајсија, било што. Малку за почеток, баш два залаци. Кога ќе јадат можеби ќе каснат и од тоа. Ако изедат супер, ако не здравје утре пак. Битно да им биде на дофат, може и на една од кратките паузи да грицнат нешто ако им се пријаде. Па здравје може да побараат и повеќе за следниот ден Понекогаш давам и мало шишенце цеден сок, околу 100-150мл, покрај водата. Кај нас успева со краставица, пиперка, јаболко, јагоди, малини, мандарина, дури и неколку лешници или бадеми. Тоа што јаде и дома, другото најчесто го враќа… додуша некојпат пробува и домат и грозје.
Јас ставав, ама џабе, си враќаше. Мојот кога јаде сака на раат да си јаде, мислам дека е и тоа причина. Таму се на брзање, што вели мама раце да измијам, јадам и пак да измијам и немам време, почнал час. Ама како што велите реалност и инста се многу различни. Кога го прапувам школските што носат секогаш кажува дека од школо купуваат. Па си велам барем ова ми е утешно што не сака купечка храна.
И син ми не сака купечко,се од дома носи.Сок фруктал домашен или за растворање и вода. Ако јаде благо тогаш млеко,на зима чај.И тој се жали немал време да јаде,живееме одма до училиштето и полно пати кога ги пуштат го гледам по пат јаде. Го исмеваа едно време дека носи од дома,им рекол дали ви гледам во вашето јадење,чипс јадам на роденден,лут чипс и грицки не се појадок и се смирија.Кога е прва смена ако јаде плескавица сака и зелка,краставица. Има носено и мала свежа пиперка.Втора смена јаде дома пред и по училиште,е тогаш носи овошје што имаме.
Имал ли некој искуство со тонзилолит (мислам дека така се вика). Ќерка ми од крајникот извади тврдо, бело топче со непријатен мирис. Да ја носам ли на педијатар, што да правам, се превенира ли ова некако?
Не знам како се вика ама тие се остатоци од храна кои се насобираат во "дупки" - криптите на крајниците. Ако може сама да си ги вади одлично. Не се превенираат, почести гаргари со бедатине. На преглед бевме со синот за трет крајник па му ги согледа ОРЛ и овие појави. Мене често на 12-13 години ми се случуваше, после вирусни инфекции во грло