Здраво Мамички Са споделам јас еден проблем,можи некој се соочил со ваква проблемтика да кажам. Ќерка ми е 7.5 години и е второ одделение сите предмети и одат добро освен математика,а сака да научи се труди ама проблемот е што не размислува логички како да се исклучува,понекогаш ќе се подзамислам јас да не сум многу строга кон неа бидејќи објанувам,објаснувам и пак не сваќа па знам да повишам тон.
мала е сеуште. Ме објаснувај повеќе од тоа што е во книгата. Моето е трето одд и ко ќе видам на колку глуп начин им објаснува учителката а реално треба повеќе и поинаку се нервирам но за тој период толку треба да се учи.
Син ми е 7ипол год и е второ одделение. Сега учат букви и полека почнуваат со читање. Он ги знае буквите уште од градинка да ги распознава и да ги пишува. Читањето ни е малку проблем гледам. Ги кажува буква по буква во зборот но не знае да ги поврзе. И на мали зборови му е проблем. Иначе нема проблем друг вака се е супер математика е како компјутер, незнам зашто вака.. Нормална фаза е или...?
Секое дете е различно Мојата втора ќерка е исто второ одделение и по две букви поврзува а првата пак трето одд оваа година почна да сврзува реченици Не ги напнувам ке научат ехее
мали се уште а материјалите кои треба да ги научат им се набрзина дадени та немаат време да ги совладаат. Моето во второ одд требаше да ги повтори печатните да ги научи ракописните и да научи да чита а тоа е многу за дете од 7 години. Сега е трето одд па веќе почнува почитко да чита
Истиот материјал. Печатни ракописи и пишување и читање. Во второ полугодие имаат лектири. Не ми се верува дека сам ќе ги чита
Еве кај секое дете различно е,ние за читање немаме проблем,ама ќе биде и математика гледам дека и треба многу вежбање.
Ау трауми од детството со тоа читање имам . Кога ќе доеше учителката ако не знаеш да читаш со тоа стапот пуф паф кај стигне ако незнаеш да читаш .Кецови ставаше пола книга.Ау катастрофа уште кога треба да читам на глас добивам страв и се плашам дали ќе знам да читам.Опасни се траумите.Колку книги сум прочитала, ама еве трема имам да читам на глас.Ама сегашните деца плус се помали од нас, ние на 7год бевме прво, на 8год второ. Само читање на глас и ќе научат, та не сме ние попаметни од нив.
Остај аман умов ми сјојде Едната имала песна да учит другата текст да читат леле Кога им ги местам чантите за што час имает некогаш математиката наместо да ја стам на втората ја ставам кај првата и после тие нашколо се менуват Ептен мн домашни им даваат па да учат па математика до 1000 Таа одвај до 100 рачуна ајде сега до 1000 јас незнам да рачунам толку Претераја и не ги напнувам колку ке учат толку
Нормална фаза е. Тек сега учат букви, полека ќе научи и да чита. Вежбајте си секако вие дома, прво со кратки зборови од 3,4 букви. Јас кога им диктирам да пишуваат, дури и така неможат да се снајдат некои дечиња, голтаат букви и мешаат редослед.
Еј ова со голтање букви го приметив кај двете. Некогаш ке им речам ај напиши тетратка и тие пишат ттртка Интересно некој букви ги прескокват ама со вежби фати ред поголемата
Стварно им е тешко луѓе.Нас ни е смешно оти сме поминале ама они.Гледам мојата сака да учи на букват на буквата и да погодува предмети.Сега ќе каже мамо ајде на буквата ме и почнува месо, не кажува на м.Ретко погодува на која буква само една буква.Ама ако ќе научи.
Јас сум со 7 годишно дете/ второ одделение. Веројатно сте свесни првото како го поминаа, ама сега наидуваме на голем проблем. Не знам дали е до моево дете или едноставно оддеднаш им станува многу напорно. Математика сме без проблеми, дури сум и изненадена, но со македонски јазик, конкретно читање и пишување е страшно. Буквите ги знае да ги препознае и напише, но пишување на цел збор или реченица е невозможна мисија. Наставничките почнаа да даваат диктати и кога ги прегледувам дома тетратките гледам многу грешки. Разговарано е со нив и одговорот е дека има деца како син ми, но има и такви кои се многу подобри. Еве конкретно и од блиски врсници некако како моево дете да заостанува. Почнувам да размислувам да не се соочува со состојба дилексија или дискографија.... Би сакала да почне да работи со некој кој е наменет за подучување но не знам каде да се обратам... Јас секако немам нити трпение, нити методи за како би му олеснила, а досега сме само со нервози....
Трпение мајка многу трпение ... Трето одделение е ќерка ми и верви сега почна да чита онака подобро и уште треба за подобро . Лани исто беше со грешки исто тука нервози па ајде реков колку ке знај толку ... многу е битно да има поддршка од тебе за да се осеќа дека може да научи повеке
Само смирено мајка,и ние бевме исти само ние бевме по математика.Кога почнувате да учите најпрво почнувајте со македонски и само смиерно,бидејќи со викање и нервози може само страв да им набиеме на децата,па и плус и самите деца се за жалење со оваа програма.
Мајки по колку мг вит ц смеам да дадам наеднаш и во текот на денот на синко 7 год е при настинка?? Може 500мг наеднаш или многу е?
Пишував погоре баш за истово. Математика е компјутер, македонски ни е проблем. Поготово читањето ептен тешко ни оди. За пишувањето со вежбање приметувам има подобрување. Читање зборови како Симе, Мите, има, и тие сличните со по 2 слога ајде некако.. Ама подолгите страшно... Исто сите букви ги знае дури и тие што не ги учеле.... Зборував и со други мајки, поискусни, ми рекоа дека е нормално, тек во трето одделение, фаќале некој терк. Мада има деца и во прво што знаат, ама сега се си зависи од детето. Јас не го гледам тоа како заостанување бидејки си го гледам детето и гледам дека нема проблем. За нервозата иста сум, воопшто немам трпение, со 3 месечно бебе сум и циркус сме по дома
И ние сме со 6 месечно бебе. Решив дека домот не можам да го претворам во школо и дека многу ми е поважно да имам среќно и безгрижно дете, отколку стресено. Почнавме секој ден по една до две реченици, максимум еден час читање и пишување. Кога ќе каже не сакам веќе или не можам прекинуваме. Повеќе време нити можам, нити сакам да одвојам. Кај е целодневна уште дома да биде врзан за стол.
моето е трето одд и уште умее убаво да сврзува букви. Учителката вика дека му е лош ракописот. Ние вежбаме ама не го форсирам и на сета нервоза на учителката и викам дека сите исто не пишуваат и така му е ракописот. Многу различно пишува во тетратка со коцки.а сосем поразлично во тетратка со линии