Здраво на сите. Проблем со синко, значи знае се, математика, и другите часови супер е, затоа знам дека нема аутизам. Ама не може добро да зборува, речениците ги касапи и греши род, време, наместо во вели на и слично. Некој совет од вас, некој логопед во Битола кој би бил соодветен. Инаку е препаметен, уши има и во другата соба, знае англиски и никогаш нема погрешено англиски кога зборува. Хелп, има 7 и пол години веќе ме загрижува......
Англискиот пред мајчиниот јазик,сметам дека е проблемот.читајте приказни и книги на македонски јазик,за да го зголеми фондот на зборови и за да го согледа редот на зборовите во реченицата.
Mozebi, eve da ne ucese i da ne mozese da cita ke se nasekirav. Ama samo govorot e, nisto drugo. Citame lektiri a i vo citanjeto naprednuva sega pobrzo cita i golemi zborovi cita. Bez greska cita. Ili ne mu e gajle doma kako zboruva i ne se maci.
Што вика наставничката за тоа каков му е говорот во училиште? Дали таму има проблем или нема? Ако има и во школо проблем тогаш обавезно логопед. Ако не е толку изразен проблемот тогаш стимулирајте добро изразување по дома. Инаку добри вежби се да исечете слики од било каде како картички и со затворени очи да влечете три и од тие три да се потруди да направи прво реченица што ќе ги содржи трите збора, а потоа да преминете на приказни. Исто така секоја вечер пред спиење ти читај му книги. Колку повеќе слуша правилен говор туку поголема е веројатноста истиот да го користи. Кога ти читаш тој ќе се фокусира на разбирање на граматика, значење и слично. Кога тој чита сеуште се фокусира на техничкиот аспект на читањето наместо на разбирање. И секако се што ќе прочитате прераскажете. Барем на кратко со полни реченици сумирајте што е главната поента. Ах да и исклучете ги кавгите по дома. И од тоа може да е збунет.
Би сакала да ве прашам за дете од неполни 9 години ( 8 год и 9 месеци ) колку е нормална килажа? Денес на лекар го мереа ама ме загрижува. Мислев дека барем 30 кг треба да има
ние сме 25 кг а висок 132. Мислев дека треба да е околу 30 кг. Имаме внуче во фамилијата 9 год е со 31 кг
Супер е. Не е секое дете исто и немој никогаш да споредуваш. И кај син ми има врсници и по 40 кг имаат.
Синко мој 8 годишен има тесна и искривена вилица а му раснат големи заби,матичниот не испраќа на клиника да му стават фиксна протеза за да се прошири вилицата.Дали некој има искуство со овој проблем и некој совет од вас....ви благодарам
Мал е за фиксна, мобилна може да носи за почеток, па ако има потреба и фиксна. Со упат од матичен стоматолог кај специјалист ортодонт му следуваат три бесплатни мобилни протези до 18 години.
Ако не е за тука избришете го прашањето...ме интересира мајки на девојчиња со виткана коса освен шампон после капење дали ставате некакво масло? Ја сушиме косата со фен, не сакам да и се оштети уште сега Дали би можеле да ми препорачате нешто?
Мајки дали имате искуство со дете од 6 год, значи многу мириса под пазуви, не ми е некако нормално, за женско прашувам, што да испитаме ??
Педијатар треба да ви каже. Може да е некоја бактерија или кандида или хормони дури. Ама се прво со педијатар.
Совет за дете од 10 години, каде да купам да најдам убави тренерки спортски? Некоја онлајн продавница?
Син ми е скоро 9 год. Должина на стапалото му е 22cm. Сакам да нарачам онлајн патики, како треба да рачунам(+1cm па да нарачам патики со 23cm должина или?).. На пример според ова табелава на аддидас, 36ка би му биле ок што пишува 22.1cm а веројатно влошката ќе е плус сантим или.. Многу ме буни вака, кога нема да можеш да си пробаш на лице место и да измериш до кај е палчето
Малиот многу ми се поти околу вратот. Не му мириса но преку ноќ дур спие 4-5 пати го пресоблемувам. Од што може да е? Шекер испитав, во ред е.
Моево главчето му се поти кога заспива доктор ми рече до метаболизмот е ништо страшно, Давам д3 редовмо и тоа појака доза ама мојов е склетчија со таткому кога ќе ги гушнеш како парно да гушкаш па не ме чуди