Киндер имун е на Dr. Wolz и е прашок кој се раствора во вода или сок. @M&M киндер имуно супер делуваше на малата ама само во однос на апетит, а за имунитет пиеше Дефендил, ама тек после второто шишенце се гледаше ефект. После првото сакав да сменам, ама дадов шанса уште еднаш и на нога ги поминуваше и вирусите и бактериите.
Јас му давав на големиот, само сирупов, друг суплемент не давав истовремено. Супер е, ама скап, поевтина варијанта ти е омега 3 на Медекс.
Нема врска знам дека е поскап негде 1100 мислам дека само да е добар.И ми беше битно дали е доволно д3 то од него или плус да давам.Фала ти со него ќе пробаме
не можам да ти кажам за имунитет зашто до вчера беше во изолација. Јас претходно давав матична млеч ама изгледа се навикна на неа па со ова сменив.
Не сум паметна веќе, малово ми е крш. Да пробам со дефендил м? Доктори колку имам прашано сите се со различно мислење, знам дека е најдобро преку исхрана и со природни препарати ама еве ја пак ми се разболува често. Моментално е на антибиотик, crp плафон, нит кашла нит нос и тече имаше 2 дена т висока, после крвната слика ни дадоа антибиотик. Почнав во петокот упте таа ноќ качи т па вчера цел ден немаше. Денес беше супер еве ја сега пак качи т, треба деновиве пак црп да правам да видам дали се намалува. Да почнам со дефендил на пр.додека е на антибиотик или кога ќе заврши. Не знам што е со детево вака, сите викаат до детето е нежна е, ама мене уплав веќе ме фаќа
Пробај, може да пие сега, ако е на антибиотик. Да ти кажам, супер си е тоа сѐ природно, ама ако не е доволно, јас бирам вештачки имуно-стимулатори пред антибиотици. За вакви работи нема правила, пробувај и ќе најдеш тоа што неа ќе ѝ одговара. После дефендил ќе треба да направиш пауза, па можеш во меѓувреме нешто природно. Јас сакам да ѝ дадам бимунал кога ќе допие матична млеч. Ќе пробувам дури не видам дека е подобра. А кажи ми, од што се разболува најчесто, вируси или бактерии? И каде ѝ "удира", грло, нос, бели дробови?
2 пати пнеумониа, првиот пат со стрептокока во нос вториот пат веќе беше почната со антибиотик па не покажа ништо на брис. После вториот пат пак уште еднаш со појаки кашлици, па вирус, па сега грлото и беше многу црвено со високо црп и ле, и се почнува со висока т. Имаше еден период од велигден докај почеток на август беше супер ама па и не е тоа некој богзнае колку долг период. После второто лежење со пнеумониа по препорака на пулмоалерголог беше неколку месеци на пулмикорт, истера и бронховаксон по шема... а се почна после варичела од 1.5г некаде. Од Дефендилот ти и даде 2 шишенца па после пауза??
Баш сакав да ти пишам за бронхо ваксон, и мојава пиеше. Прашај кога можеш пак да ѝ дадеш. Ќере спушташе и тоа од алергии, со ова некако подобро е, барем мене ми се чини така. Да, дефендил испи две шишенца, после второто имаше ефект, а за време на првото, стандард се разболуваше. Пишува во упатството, се прави пауза 2-3 месеци мислам беше. Тоа е, после сипаници паѓа имунитет, ама мора со нешто да се поткрева. Терајте вие со природно, ама јас лично би дала и "хемија". Затоа што имунитет паѓа и од многу антибиотици, а тие некогаш се неизбежни. Маѓичен круг.
Да оваа година е напукана со антибиотици, можеш да замислиш со пнеумониа колку јака терапија се дава. Мислам дека е рано пак бромховаксон да пие некаде мај го заврши. Тоа е ќе пркне некогаш ама кој да издржи
Знам за терапијата, тој пат што го поминувате ти и малата, го помина мајка ми со мене, на истата возраст. Терај си вака, таа е терапијата. А не те прашав, дали исклучивте алергија? И дали имате некаде влага во станот? Ќере од влага, двапати направи опструкција.
Па не дека беше под 3г не сме правеле алерго тестови, требаше после 3г. Нека помине ова па ќе видам. Влага немаме ама нема да ме чуди да има алергија на мувла, брат и има на 2 типа мувла ама не реагира дома, реагира кога играат на трева ако била влажна на пр. Овој пат е грлото а не се пожали ич дека ја боли. Немаше проблем нит со дишење нит со кашлици. Туку сакав да те прашам земав Дефендил, девојчето во аптека ми рече 5мл а внатре пишува до 3г 3мл, од 4-6 4мл?? Колку и даваше ти?
Давав според упатство, ама колку, ич не ми текнува. Давај како што пишува, освен ако доктор каже поинаку. Инаку да, на мувла и мојата, од влагата се правеше мувла во спалната.
@blessed.an ме интересира ако можеш да ми кажеш за килата. Колкаво ви беше топчето на препонот?Мојата има такво топче големо како грашок некогаш го нема некогаш се појавува. Знам твојата на желудникот се жалеше има ли поврзаност со тоа? Мојата исто се жали чат пат? Извини што вака прашувам .Полесно оздравување.Не чекај
Денес на вратот внатрешно му приметив едно мало топче.Не се гледа вака само кога ќе се напрегне или наведне,приметувам не го боли.Што би можело да биде имал некој вакво искуство?
Да не му се отечени лимфните јазли од некој процес,вадење заби или вироза? Нека го види педијатар ако не помине.
Нормално ли е дете од 2 г и 2 месеца да не реагира на зборот НЕ.а Значи можеби изгледа смешно, но имаж сериозен проблем според мене значи кога и да му кажам нешто не немој , не може или не само со повишен тон тој упорно си го прави тоа што го наумил. Плус некогаш кога изигравам строга тј се смее и продолжува со неговите зацртани цели... Пример денес три пати бутка столче мало метално врз моја нога и му велам не а тој упорно се смее и си продолжува... зборам зборам ама џабе е се... мака мачам кога остануваме сами нон стоп е расплачан се нешто како да му фали . Не знам што да направам веќе за да му биде интересно.
Ехеее не да го разбира зборот НЕ само така им одговара.Јас на пример се каам што толку го користев тој збор па што викаш ти сега дури е имун на него.Страшна работа е на оваа возраст каков инат тераат.Јас сум целата гребаници модрици си игра и ме штипе си седи и ме штипе.Ма џабе и повишен тон и мавање по газе,а за зборување и повторување ич да не збориме тоа па ич не допира до него.Можеби повеќе му пали на маж ми кога го кара ама пак е безуспешно.Јас немам никаков авторитет а сум таа што највеќе го карала и потчукнувала.Инаку иста возраст се мојот е 31.07 Совет немам да ти дадам.Јас се тешам ајајде ќе помине период е бла бла и така скоро една година,незнам до кога.
Е замисли на цел тој инат на тие тантруми уште сум со огромен мев Ја па се надевам дека и братчево ќе смени нешто можеби на почетокот не ама понатака ќе си се заигруваат.И за месец дена треба да тргне во градинка па ќе видиме како ќе биде. Ајде батали што е ваков него и какви опасни работи му текнуваат по цел ден виси по ограда по тросед двосед.Е на тие работи незнам како да реагирам.Денес се кажи на хранилката.Таму сакал да стои,па пошто јас неможев да се разберам мм стиска така побајаги погласно и се симна.Господ нека ги чува а дека се невозможни невозможни се.