Ги нарачав преку луѓе, од аптека ги купија и ми ги донесоа. За разболување, најубаво ќе видиш вас како ќе ви влијаат.
Да не има пак некој стомачен вирус? Ние пак со пролиф. Се мислам дали е вирус или до забите е се си е онака во ред освен што има течна столица и тоа честа .
Здраво тука ќе пишам оти знам дека најбрз одговор ќе добиам. Мали има пролив од недела значи ниту пробиотици ниту електролит ништо не помага да се сопре бевме на лекар сега ни дадоа прашок некој за пролив е сега од кога се вративме дома искака и забележав мали парчиња на крвче мн мали и ме многу загрижија од што може да бидат. Крвна слика ми рекоа нема потреба пошто немал тт. Онака си е свеж и се игра јаде нормално ср се однесува само ова што има крвче мн ме загрижи . Искуства совети од што може да биде ?
Не се секирај, тоа се само испукани капилари од често какање и напињање. Си пробала ли со чај од кора од калинка? Незнам више на кој све не го препорачав но едноставно магичен лек е за смирување пролив.
Исто сме и ние баш како вас , провен и давав , прекинав земав линекс јуниор два дена и давав се смири ама од сабајле пак еве а незн веќе што да применам @Kitten може и на малата да и сварам 18+ е ?
@Poppins можеш, колку што знам веќе сите билни чаеви можат после годинка. Само кората мора прво да биде исушена, јас ја цепкам на парчиња отприлика 7см долги, ставам на парно, и за 24h прибирам во едно кутивче и ги чувам цела година до наредната сезона на калинки.
@Poppins уф аман више од вируси... Јад правев чај од нане со драки не знам како да ги опишам кај нас така се викаат драки за пролиф се таман мене од нив ми поминувало а сега не знам што се случи. Се мислам да не му е од десната 5ка ја вади горе и му е последен заб дали од тоа може да се случи пролив не знам се мислам пак ќе појдам до кај матичниот до вечер ако не смали со какање.
Провери дали има видливи регади на газето, ако има од нив е, чест пролив, киселини. Второ пробиотик може да помогне ама електролити не се за сопирање пролив, тие се за да се спречи дехидрација. Ако мислиш дека нема ништо друго земи една лажичка густин (нишесте) размешај со малку вода и шеќерче колку да може да го голтне и нека го испие, моментално поминува. Ама ако е континуирано проливче тогаш имаш голем проблем, не е за моментално да сопре.
Мајка ми збореше цело време да чувам ја се фрлав знам дека е мн лековита , само дозата да и а погодам да не е прејака .. Фала ти ги измачува скрос , кај мене не ни јаде мн , само на вода е поеќе , и мене ми предложиа некој билен чај може е истото кај нас *парички* ги викаат , ќе пробам и со тоа немам ум веќе , не дава ни да а пресоблечам ,цело дупе и црвено иритирано , нека помини што побрзо само
Проверивте уши? Копрокултура? Кај нас после 10 дена пролив за кој не помогнаа ни тие прашоци испадна од воспалено уво дека е проливот.
Ентросил ни даде прашок 6 ќесички да испие па да одиме на контрола ако не престане да правиме и кс. Тие се дваат една ќесичка на 6 часа. Друго сакам да кажам дека вчера газето му беше жар црвено мн го болеше само му го измивам кога ќе се покака сега не е во часот еднп 5_6 пати да кака туку знае во еден до два часа да се покака пример 3пати . Ама ретка столица е. @AngelOfArh му дадов Орс на Хип тие мислам дека се и за пролив?
Нас ни започна од сабота спрема недела ноќта два пати во текот на ноќта се искака неделата дента неколку пати макс 8 пати да е било понеделник и вчера така и така кака па и не битно ноќта стана и кажа дека ќе кака и еве од сабајле 3 пати се има искакано и мн се нервирам оти матичниот вика ќе му помоне можно е вирус да е можно е и да се заби. А крвна слика не ми даде да правам пошто немал тт.
Душичка и тој се изнамачи , шѕо вирус ќе е ова да држи до толку мали деца така а сама на своа рака оти не појдиш у лаб да му провериш к.с
Од радозналост да видам што му е и како му е. Нели преку крвна слика може да се открие се ама ајде го послушав д-р пошто мн му верувам дека ќе се среди рече до утре. Туку дај кажи ми што да му давам да јаде др освен компир варен, ориз, кисело млеко и леб? Банана каснува по малку .(плус цица) @Poppins кај нас нема приватна лаб. Мора со упат.
Кисело млеко и банана не идат баш со пролив. Ништо млечно. Од овошје колку што знам смее само јаболко, и тоа пожелно печено.
Баш треба крвна слика , ние направивме и испадна црп-то 30 , на основ на тоа докторката не советуваше копрокултура и испадна бактерија.