Ништо немаме одговор сеуште. За колоноскопија не мафтаа, не се нафаќаа дека мал, ама сега веќе мора да се нафатат. Кака на три дена со молење, се крие и се стиска и кака во гаќи понекогаш, дали од траума, дали има болка, незнам... некогаш ке рече да ме боли, некогаш не ме боли. Во скоро секоја кака има крв (не е тврда каката, дури и кашеста лепива е цела, ретко да е оформено гомце). Крвта веќе незнам како да ја опишам, парчиња цели се, можам да ја извадам од каките, како крвави мрсули цели грутки, ни светла не е, ама не е ни црно, бордо да речам Три пати го гледаа од позади... со чудна направа пластична, нема ништо.. Две иригографии имавме, првата неуспешна не беше допразнет, втората успешна, се во ред пишува на извештајот, само присутна долихосигма, незнам дали од тоа може да се крвари, ништо никој за тоа не ми рече.. Крвни испитувања се во ред се, а крвта слаба е. Што не му испитаа, дури и хлориди во пот за цистична фиброза испитавме, на Хирургија се смееа зашто и тоа му испитувале. Сега скоро од ново се испитавме, па чекам резз од Имунологија и на 11ти треба да одам за да закажат колоноскопија... Инаку мириса страшно, јако, глава заболува дури од што мириса лошо...
страшно е ова што го опиша. На кс ништо не дава така? мирно е? од нетолеранција мислам би немало мирис. .. не знам не сум паметна. Кај нас седиментација 90 плус температура тешко дехидриран плус тоа со какето..
Црп мирно, леукоцити мирни... Но Лимфоцитите на секоја крвна слика се високи, а нема кивнато со месеци. Здраво изгледа, ни носе протекло, антибиотик цела година нема пиено... Само давам 300 чуда за крвта, ама џабе губи и слабее, моментално е со 4ка железо... Со салмонелата друго беше, тогаш црп во вис беше. Сега каки незнам колку пати имам испитано и што се имам испитано, посебно 300 чуда испитав по 5,6 пати од се, чисти се сите. На Хирургија пак сумљаат во некое полипче или некоја фистула во цревото што можеби не се видела на иригографијата ако е мн мало...
Рекоа дека ке прават, заедно со колоноскопијата... и мене ми дојде на ум тоа, па ке си прашам и ке нагласам убаво дека толку му е слаба крвта. Инаку да.. на лева е веќе опериран, сега кога бевме на Хирургија побарав курето да му го видат чим сме веќе таму, и оп докторот само што го соблече, сте приметиле ова? Надуено десно на препонот горе. Па бевме на ехо, мора да се оперира и тоа. Ама ако може да се одложи, ке барам да се одложи за некој месец бар тоа..
види што ќе каже доктор нагласи за крвта. Во принцип не се фаќат анемични пациенти ако ептен не е зорт. А ако железото е 4 ка. .. офф.. вие ептен сте нагазиле и уште се чудиш и ти крв што си имала. . добро е што стоиш уште на нозе.
Плус и феритинот е ептен под граница... Ќути она иригографијата цел живот ке ја памтам таа слика, солзи ми доаѓаат кога и да ми текне. Бар он е малечок, ке заборави, само нека не е нешто страшно...
Очигледно не е нешто заразно чин до сега не фати малата. Од друга страна бидејќи предолго трае а сеуште детето бар налик е ок ќе да не е страшно. Маката е дур се дознае што е. Кога ќе се открие знаеш има чаре и друго е. За тортурите јасно ми е. не смеам бела маица да облечам и ден денес . мм кога ми го носи на раб а ме види во мантил одма плаче. Нема заборавено сеуште. . од срце му посакувам што и да е да помине и да одмори дете од сево ова. За килата не се секирај. .. рутина е и кратко трае. Подобро порано него подоцна. Само со кс ти кажав.. доктор да види.
Ништо не е тоа. Ќе помине. Крвта може да биде и од фисура, големиов мој има. Крв повремено, свежа има после какање, има фисурче и не дава да го средиме. А ова кај твоево не е за секирање, кашеста столица трипати дневно не е ништо. Големиов кога вадеше заби, се утепа од какање, баш кашесто, па дури и течно, по 7-8 пати дневно, газето лом му беше. За џабе си го боцкала детето, ништо не му е. Друг момент е тоа што бутаат сешто во уста, прсти особено. Ајде, ќе мине. Ќе си приметела ако е нешто полошо, не дај Боже. @mariz со лесно. Се надевав дека откривте што е проблемот, се измачи детето. Стискам палци да се среди што побрзо. @blessed.an пробај. Немам искуство, ама мислам дека зависи од килажата.
Вака од вчера во 15 ч кога се искака па дури после во 22ч еве ноќеска во 4 ми какаше кашесто почна да намалува со какањето последниот пат немаше крв. Го ставам на нокшир сам ми кажа дека ќе какал и се искака стварно. @Annath и јас мислам повеќе дека му е од забите односно од таа последна петка десна што му пробива. Но ете пишав и побарав совет и од иакуства на неколку феминки мене ми стана сомнително и се преплашив искрено. Се надевам дека се ќе помине.
Majki blok maks na kolku casa mozam da davam Dadov vo 14 dali mozam Sega pak 39.4 tt ima veke 2dena e vaka
Da i nisto nitu krv mu ispitaa nisto Vcera toa Sega spie no ima tt a racete i mozete mu se Led ladni Ke go nosam na dezurna
Почекај уште вечер. Давај далерон и блок макс и туширај . Од антибиотикот ќе почне да се тато и темп. Ако до утре не почне, пак на доктор