@Mari* Мајка, со помин нека е. Тоа е со деца, нема планови, нема предвидувања, ни желби. Нека одмара шефицата сега .
Женски јас полудувам откако откачивме цуцла за заспивање, сега па со сипанициве, дабетер. Вртење во кревет по саат време, палење и гасење светла, трескање од земја додека да заспие. Ми иде и цуцла да вратам и се, аман заман веќе. Пред тоа во 9-9ипол беше заспан, сега до 11 не помислува на спиење. Ова фаза е или ќе потрае? 2ипол години раатот си го видов, сега ненаспани, нервозни, он исто зошто касно заспива... Точно еден саат се убедувавме да заспие, па еден саат вртење во кревет и еве го дојде 11ипол, јас сум капната а дома од играчки е лудница. И навечер во сон лошо спие, се врти и превртува. Маж вика од вечер у креветче, ама не можам, ми е страв да не крене тт што ќе правам. И еве сега у темници седам да зацврсти да го сместам у вреќа и да го легнувам. Се уморив поштено ко за крај година. Што златно дете беше, што му текна вака да изводи не знам. Едвај чекам зимава да замине, да почнам да живуркам. Не сум за зима и студови јас.
мојот цуцли преку ден не фаќаше се дур не се разболе и ја гледаше како утеха. Јас би му дала искрено. .. ако не ти се спие не давај ама..
Абе веќе 3 недели и кусур како ја откачивме, не ја бара, ама не можам да го заспијам навечер никако. Дење пупунец за 3мин, навечер демек темница, демек смирено, демек нема галама, он очи 5 банки. Си мислам да не му промашувам некоја дремка рано па да се повампирува?!
така кога ми правеше го оставав да си игра до последно. знаеше да заглави до 1 тој период. кошмар ми беше. И таман ќе видам му се приспива и не го носам. Го оставав да заспие во транспортер (ко клацкалка го користи сеа). зашто знаев ако го однесам ќе се ококори пак. тој период на безредие траеше скоро месец и чинеше куп живци..
Ма 1 месец ќе издржам, поише да не е. Го оставам и јас, игра, ама кога е таков му текнува у 11 да јаде некоја тешка глупост и се треска од земја оти нема, пример супа со брокула, кај да му најдам во 11 супа со брокула, башка јадеше за ручек супа. И по 16 пати мие заби, ај пак заби, ај пак, ај пак... Да не пие волку сирупи има да му бапнам Калмо сируп па нек се чеша. Да ме видиш дремам ко мисир у темница, ич не сакам вакви излети коа ми праи па и сама дома, грррр...
Ако ти кажувам што го смирува моето уште поише ќе ми се смееш, шпицата за најава на утакмици на Спорт клуб 5 и 6, може три саати да ја гледа и да не трепне.
Не знам, ама ние таблети и телефони не користиме, тоа не дозволувам. На тв ја има нон стоп ама не е работата да ме мота на мал прст едно прцле, па нека го раѓав царски и не можев да кивнам ко чоек. Јас околу 9ипол гасам тв, демек да се смириме, и дур заспие. Ама сега пред 11 не може ни да го натераш пиџами да облече.
те сфаќам. А да пробаш малце кога е ваков да попуштиш конци не ради друго да не стане нервозно типче па. . преска испи шише чај за успивање. И бара второ. не давам. И дреме чмае не заспива. И попуштив дадов и се комираше. ..
Права си, знам стварно да смарам со тој ред па ред. Ама од раѓање го научив на ред и сега тешко ми паѓа. До 2м се будев еднаш до два пати навечер за млеко, до 4м само еднаш и после 4м спиеше цела ноќ, под саат се, многу лесно ми беше, ама сега станува интересно. Ама и јас сум за ќотек, што да прави сирото дете кога 5 дена нема бел ден видено, цело време дома, и јас би збеснала.
Ако мислиш дека цуце ќе го смири дај му Нашите врсници се мислам,и ние без цуце не заспиваме а не ни помислувам да и го скратам тоа задоволство...а ни себе богами
знам те имам читано и го имам осетено моментот молзење . мојот од прв ден беше мнооогу принципиелен. спиење јадење све! ама во вакви моменти попуштам и фала богу не ми се удрило од глава. најубаво ти си го знаеш детето мајка ама ако спасот у тоа лежи поарно смени тактика за да одмориш. иначе да. највеќе е од седење дома
Ти измислува работи за да не спие. Не му давај ништо од тоа што бара, ќе.плаче ќе преплаче и ќе заспие. И мојот е вослична фаза Цуцла не давај ни под точка разно