Здраво мајки Керка ми е 3г и 4м има од утрото една црвена точка во окото во белката под рожницата. Инаку си е супер, добро се храни, си игра. Има некое искуство да споделите? Инаку сигурно не се има удрено или ставено нешто, а нема ниту болки.
Мајки, во Скопје во Карпош, Ѓорче и Аеродром ќе се одржуваат бесплатни обуки за родители за справување со проблематичното однесување на децата на возраст од 2 до 9 години (тантруми, дисциплински проблеми и слично). Се спроведува од високо стручни лица, психолози, детски психијатри, педагози... Не можам да споделам во повеќе групи, споделете го флаерот слободно и јавете се за повеќе информации
Ај јас тука да си прашам зошто не видов група.. кои мултивитамински сирупи користите со вит.Д Малата ми е 2 години два сирупи купив не сака ни да ги помириса а не па да ги проба. Барем да купам некој друг да видиме дали ќе го сака. Да напоменам видов еден сега не знам која фирма беше ми изгледаше интересен ама после видов дека содржи мед а ние не сме пробале мед сеуште.
Mollers ама мириса на риба, јас го пикам во млеко чоколадно, во смуди, во сокче, оброк, а некогаш се лаже и така го пие. Капам витЦ во лажичето и се наеднаш.
Леле чоколадно млеко.. не ми текна на него хаха.. за во јадење тешко зошто не сака веќе кашички да јаде голема била па како мама морала да јаде леб со нешто мачканици фала ти многу ќе пробам со тоа.. каде да го барам во зегин еурофарм? Или секаде го има?
Паралелно со вигантол давам. Се консултирав и со педијатарот и ми кажа слободно да давам, но веќе од мај да ги прекинам и едното и другото. Инаку давам 2капки вигантол директно во уста, а ако давам со лажичка ставам 3капки. По препорака на ортопедот. И 1мл рибино масло.
И јас давав вигантол, така ставав и јас 3 капки во лажиче за да бидат примени 2. Значи викаш може комбинација и тоа и тоа...
Па и јас се двоумев да не е многу внес на витамин Д и со рибиното масло па се консултирав со педијатарката. Одговорот и беше дека нема проблем за да ги давам и тоа и тоа, но со почеток на топлото да ги прекинам и двете со давање. Па здравје од есен пак сум можела да ги давам двете. Ако ти е на мисла сепак прашај го и вашиот педијатар. Еве и другиве мајки нека споделат нивно искуство. Па таман ете може и мојава педијатарка да згрешила незнам најискрено. Јас ете давам комбинирано некој 2месеци веќе.
Јас не давам екстра витД, не му верувам на Вигантолот некако и не се осмелив да давам. Ние сме фамилијарно со проблеми со бубрези а Вигантолот кај лица со проблеми со бубрези ствара калцификати па се одлучив да не давам. Давам 2ипол мл Молерс, рибино масло. Инаку Д витаминот се излачува низ урина така да предозирање е навистина тешко да се направи.
Нешто грешно си разбрала, не верувам дека било кој што завршил медицина ќе ти каже дека витаминот Д се излачува низ урина. Тој се акумулира во масните ткива и жолчното ќесе и може да остане во огранизмот и повеќе од месец дена.