@AngelOfArh неколку пати имам приметено како исфрлаш податоци од ракав, потврдени од неколку педијатри, ортопеди и др, за кои на крај ќе се испостави дека не се точни. Најдобронамерно би те замолила ако во нешто не си сигурна, си прочитала ама не си дочитала, си чула ама не си дочула, не споделувај, барем не работи кои се дирекно поврзани со здравјето на дете или бебе. Па уште и да тврдиш дека ти е потврдено од ортопед, и тоа не еден, туку од неколку. Намерата ми е најдобронамерна, зашто се ствара забуна меѓу нас кои читаме за да се информираме повеќе. Јас веќе во главата имам издефинирано во чии мислења на членови од форумот верувам и следам пример, а чии ги земам со резерва, ама сепак има мајки кои се вклучуваат поретко и се ствара забуна. И ова секако не се однесува само на тебе, туку општо на сите кои пласираат непроверени информации и дават погрешни совети, во стил зејтинче во носе на бебе од еден месец, млекце во око и слични ствари.
Ќе ми отвориш малку работа, ќе пронајдам студии што ми праќаше доктор и ќе постирам пак, еднаш мислам на една мајка и ги постирав. Јас пишувам секогаш она што ми рекол доктор, а не баби и тетки, со зејтин во нос, млеко во око, напротив сум многу против тоа.
И сега на кого да верувамe на тебе или на @Lolipop23? Јас знам на кого да верувам, ама некој што не е долго овде богами и ќе се збуни. И дај ги имињата на тие доктори што толку те советуваат, баш ме интересира како може за нешто што е факт сите доктори вака да кажуваат а твоите доктори обратно.
Ако го бараш тој тодлер што беше со вкус на јагода, го нема. И јас го барав и ми даваат ќесички само што се за бебе, ама не ми го пие. Prolife имам давано, не сум задоволна, друг немаме пробано и јас барам некој што ќе го пие без проблем.
Да не ти кажале така за вит.Ц. Тој се исфрла преку урина колку што знам а за вит.Д првпат слушам дека вака се исфрла од организмот.
Во однос на пробиотиците - Откако не пиеме провен, почнавме со Мултилак, во зегин го има, кесички. BTW, Правите ли паУза на пробиотик, и на колку време?
@manako1 @kristina.k овој го давам Во зегин не знаеа да ми кажат дали пак ќе има.Од обичниот во кесички тогаш ќе купувам @kikin Оваа година т.е од септември прв пат давам континуирано.Сите различно даваат. Некои 3 месеци па прават пауза,некои даваат по потрева итн . Јас до јуни планирам ,па до септември ќе направам пауза. Ти како даваш ?
И јас почнав континуирано, претходно правев паузи, ама сега почнав без пауза, па затоа прашав дали има некој цело време што дава
Јас го давав како бебе, до кј 6 месеци, тој бебешкиот. После годинка, до некаде пред втората година го давав овој другиот. Конкретно за проблематична столица, чести вируси бидејќи почна градинка, сеедно дали стомачни..
Јас пробиотик давам само кога пијат антибиотик, така без ништо не сум давала значи нема штета можам да давам пример одреден период да пијат Иначе сакам да прашам нешто во врска со малиот како се справувате со деца кои се лоши Сите ми велат хиперактивен е има многу вишок енергија ама не е тоа Тој си е лош, не го интересира ништо буквално незнае да игра со деца само сака да бутне да закачи да удри кога е со повеке деца се застрамува и се заплашува но дома не се трпи Керка ми сака да си играат ке почнат 1м и тој почнува да растура се да ја тепа па бега Надвор имаат се како и сите деца и велосипеди и моторчиња керка ми си игра но тој или сп песок ке мава или ке најде некоја прачка и ке гребе по кола по комбе или ке ја брка неа да ја удри Таа сака премногу да си играме но од него неможеме буквално ништо а со никој друг не седи таа сака да бои да црта ке седне и тој доага и зема од боите шкрта по ѕид по гарнитура што ке му дојде при рака на тоа Незнам како да постапам повеке и двајцата се воспитувани исто незнам кај згрешив со него тоа е чудо навистина незнам како да ја средам ситуацијата Кога ке им купиме играчки таа си игра а тој ја зема и вели види види што правам а тој ја гази се смее у лице и вели сакам да ја скршам па потоа ги сака и нејзините да ги крши Дали оваа ке помине искрено со зборови не успева да објаснувам и со подчукнување не успева и со казна сум пробувала секако плаче сум го остава да плаче 1ч и 40мин поврати од плачење ама сака неговото да биде Дали да бидам поупорна да го оставам да плаче и цел ден за нешто кога неможе И со спиењето исто станува околу 9-9.30 некогаш може и 10 и цел ден ко моторче да има на газот никако не застанува се до оваа време кога го легнувам насила и гасам се и плачејки заспива еве уште несака да спие, и керка ми плаче сака да спие а од него неможе тој се нешто бучи пее или плаче устата затворена не ја држи Сум пробала го будам во 7 и потоа заспива околу 14-15ч и вечерта до 2часот никако не заспива Дома се е сменето сите огледала ги скрши и долу кај свекрвата и горе кај нас, што му дојде при рака со тоа мава Со тенџере мавна на телевизорот испука, се плашам тој ке се повреди не ми е за друго Отвара шпоретот да види дали горел оганот, врти на вентилите на радијаторите ги пушта ги сопира па ке ги заглави и ред други работи кои се опасни за него Керка ми понекогаш и пре тв си гледа цртани или пак на телефонот ке побара и тој бара ке му дадеме и врти на сите се јавува незнае да се загледа во нешто да се заигра Извинете на долгиот пост ама навистина незнам кај да се обратам повеке мислам неможам да издржам
Какви капки витамин д давате на дечињата, ќерката во мај ќе полни 4 год.не знам дали можам да и дадам вигантол маслен раствор, имам дома 3 кутивчиња ама не знам како по колку да и дадам, има нешто помалку од 18кг.?
Добар ви ден. За неполн месец синко ќе полни 2г. Прашањето ми е за медот. Го воведов негде на 12-13мес. Скоро секој ден му ставам во овошниит оброк или млечен. До сега само ливадски мед сум користела ( Домашен од свои луѓе ) и друг не сум му дала. Наидов на една статија за медови каде пишува дека Шумскиот мед е еден од најдобрите за деца. Па би сакала да ве прашам од кога сте почнале со Шумски мед? Зашто сега само што нарачав од Medis Honey-Dimitar и ми напомена дека бил многу јак овој мед и дека некој го давале покасно. Искрено се збунив, немам искуства ни знаење околу медовиве. Сега ќе читнам и по гугле ако најдам некој податок. Па сакам ваши искуства и мислења, би ми биле од значење и корист. Ви благодарам. Еве го медот ( на неговата фб страна има и резултати од хемиското испитување, на Ветеринарен факултет со печат и потпис од Деканот ). Прв пат нарачувам од човеков. На пазарчето на Буњаковец продавал. Па ако имате искуство од неговиот мед споделете.