Во право си. Ние како мајки треба се да испробаме. Ако ме бидува барем би знаела дека ете сум пробала.. фала ти.
Значи исти проблеми со двогодишњаците кај сите. И јас скоро пишував за ова, од дете што се си јадеше без мака, сега почна ептен да забушава. И ние исто се вртиме со 5-6 јадења во круг. Што ми е најтрагично ручекот почна да го одбива, па каков и да е, доручкува сабајле во 9-10 часот и потоа до 18 часот вечерта не му текнува за јадење, се молиме се убедуваме, ама не и не. Друго што ме нервира е што некогаш ќе изеде цела порција од одредено јадење, а некогаш истото, на ист начин зготвено нема да сака да го помириса. Мусака му беше омилено, ама последниот пат и неа не ја јадеше. Риба знае да изеде некогаш 3 парчиња, некогаш не сака ни да ја вкуси. Супа исто, некогаш си јаде убаво, вчера 5 саати ја варев заради коската и на крај не сакаше да јаде. Денес пак ќе го молам од истата. Е не одбива млечни производи и тестенини, тоа кога и да го понудиш си јаде, сиренце, кашкавалче, палента, јуфки, макарони, кифли, месени работи. И јајце јаде, ама пржено само, а не сакам толку често да му пржам. Компир исто, печен и варен јаде, ама се е тоа еднолична храна, нема витамини, слаба со протеини..... Најкриво ми е што барем смутито си го пиеше по 150-200 мл на ден, со разно овошје, ама еве недела дена како и него го одбива. Зеленчук и месо речиси и да не внесува, месо само мелено, како плескавици и вака во супа и тоа изблендирано за да не го осети. Со краставица може да се прејаде, ама па колку е корисна овој период краставицата... Ти во пирето можеш некои работи да искамуфлираш, претпоставувам со варен компир го правиш, штом ќе се свари компирот и ќе ја исцедиш водата т.е. додека е врел додади му 1 јајце, малку млеко, малку сенф и мајонез, ние така го правиме и за нас и ептен е вкусно, можеш да пробаш и да свариш морков или спанаќ и да изблендираш заедно со компирот. Во супата ставам лук, кромид, морков, брокула, печурки и ја збогатувам со просо или киноа, тие воопшто не влијаат на вкусот, а сепак ја прават нутритивно побогата. И јас ко Софи ги ставам во секоја манџа. Во бисквитите со млеко можеш да му додаваш мелени јаткасти, со лешници и со бадеми ќе бидат уште повкусни, јас редовно му додавам во пудинзите, исто мелено ленено семе, сончоглед, семки од тиква, сусам, чија семе.... Риба и месо што јаде е голем плус. Се надевам ќе помине скоро овој период оти ми се чини ќе пошизнам, сега уште малку и со мало бебе дома...
Не јаде мојот смути веќе не се сеќавам од кога, не јаде ни парчиња овошје зеленчук... Се си мислам ако вметнам во пирето нема да го јаде ама ќе пробам ќе пробам во јајцето спанаќ плус мада што последниот пат и јајцето ми го одби Јаде пире и риба пире и пилешко во супа ставам брокула и морков И лимон Сабајле ставив јатки во бисквитите осети и апна 5 6 лажички само.. .давам пиковит и гледам дека пројаде повеќе од порано па ќе продолжам со пиковит и ќе се надевам дека лека полека ќе вметнеме повеќе храна.. Периодот на мојот дечко почна од јули еве комај година лека полека почна да одбива се Му купив и макароби од црвена леќа и тоа ќе пробам мада што макарони почна да одбива и тоа..
Malata mi e 2god i 3m pred nekolku dena od nigde nikade kaci tt 38.2 sama ja spusti bez nisto, cel den nemase tt posle vecerta pak 38.7 i staviv cepce i padna i od togas dva veceri ima 37.2/3.Vesela e jade si igra, ni kasla ni nos i tece.Od sto bi mozelo da ima tt aj visoka od virus ama ovaa 37.2/3?
Мајки малиот има спуштено на гради крвна слика одлична црп негативно леукоцити мирни а кашла толку длабоко како стар човек Док пак ни препиша антибиотик е сега во аптека ми дадоа линекс капки и ми рече по една капка во лажица а во упатството пишува 6капки Некој ако ги користел како давал
По упатството, само пази да се Линекс бејби или кидс, не за возрасни. Знаеш, 2 часа после антибиотик иде пробиотик, не заедно.
Тогаш терај по упатство и пази на тоа кога даваш, да не се поклопува со антибиотикот, бар 2ч да има размак.
Мајки досега на дете му правев секој ден свежи сокчиња.Дали можи да спремам за три- четири дена и да стојат во стаклени шишенца во фрижидер.
Во обичен соковник не, во слоу џусер да. Ама избегавај. Јас имам смрзнато овошје, додавам топла вода во бледер и правам погусто сокче, ништо комплицирано. Имам и слоу џусер, правам понекогаш зависност од сезоната, ама не е исто одстојано и тазе. А и нема потреба сокови секој ден, давај му да го јаде овошјето, да џвака, а не сокови.
мајки малиот пред неколку дена наполни 2год. го гледам дека кога му зборувам ме разбира, команди извршува, мамо ми вика, чао кажува, тек тук тато, дедо, баба и тоа е тоа. останатото е говор буквално како навиен зборува ама на "бебешки" јазик. дали е време за логопед и како да постапам, дали да форсирам говор (јас постојано му зборувам полека и разбирливо), но не оди во градинка, и најверојатно нема да оди до септември. совет или некој со слично искуство?
До 2г и 4м ме тапшаа по рамо не се сеќирај, ќе прозборе. За 5 дена ќе полни 3, не застанува како свекрва е некоја. Рано ти е, не брзај.
како беше ситуацијата со твојот? кога почна да се опушта убаво со говор? инаку фала за советот, и јас мислам да почекам уште малку.
Пред месец дена, само што го вакциниравме кога отвори дете, говор навелико. Веќе 3м он збори ама сега муабет се прави со него. Гледај да е контактибилен, да се сврти кога ќе го викнеш (мада не се обесхрабрувај, мојот не се врти обично ама ако го викнеш за надвор или да му дадеш нешто прв е, значи само кога му одговара), да знае да посочи кое е што (маче куче кола, мада и тоа не мора да значи толку многу, зависи од тоа што го интересира), давај му ситни предмети дали ќе ги перцепира, да претура од еден во друг сад, такви работи, кога ми зборуваш пример да те гледа во очи, а не дали збори и колку збора знае. Мене на 2г ме гледаа со сожалување, скоро ништо не кажуваше, сега брои до 50,ги знае сите коли и која чија е од најблиските... Пее песнички, кажува приказни, сѐ знае. Секој дњм не изненадува. Само пуштај македонски да слуша, песнички, цртани, што викам јас и синхронизирани турски серии ама не други јазици.
Зошто не други јазици?! Мојава гледа цртани на англиски, шпански и германски (само дур јаде инаку тв е исклучен). Има "солиден" фонд на зборови за возраста - мама, татко (не тато, татко вика ) баба, деде, ајде, опа, тите, нана, даде, дада.. сите овие зборови се македонски. По мене битно е да не минува многу време пред тв, независно на кој јазик гледа цртани. Да се врзе во интерактивна игра соодветна на возраста и да му се зборув на детето многу. Што е финтата со ситните предмети? Мојава што поситно, тоа поинтересно и е. Сите "топчиња" од липите ги собравме и донесовме дома @AngelOfArh
Се е во ред кај деца кај кои има говор воспоставен веќе на една година, ама кај деца кои и после 2 години немаат никаков говор е малце потешко. Детето МОРА да го совлада прво мајчиниот јазик па после да восприема странски јазици. ТОа јас не сум го кажала туку се повеќе го кажуваат детски психолози, дефектолози и логопеди, децата учат странски а не знаат ни македонски. Апсолутно телевизорот да се сведе на минимум, јас уклучувам навечер кога веќе не знае што со себе, али исклучиво 2 часа пред спиење штама. Синоќа се забораивме малце па во сон повтараше хрпл, јејоу (ние имаме веќе говор воспоставено основа, па тук и там пуштам по некое видео на странски јазик, конкретно ги обожува боите на You Tube) Што се однесува до ситни предмети, претурање, редење по големина, боја и форма, тоа се сензорни вежби со кои се вежба моториката на детето ама и голем дел има и во психомоторното развивање. Нека реди предмети по големина, оние што се за вметнување форми се идеални веќе за деца после годинаипол, прати ја Дани, она прави баш како што треба со момите за развојот.
Јас па друго имам читано. До 4 години да им се збори на јазици, затоа што мозочето е како сунѓер. Ги учи како мајчин јазик. За чашки, форми знам, реди (кога сака ) за ситнурајкиве ме заинтересира дека ги спомна.
Не знам, јас се консултирав со развоен педијатар (не во Мк), дефектолог и детски психолог, сите имаа таков став, дека на глобално ниво говорот доцни, а е резултат на екранизацијата на децата.
На колега децата зборуваат 3 јазика на 2.5 години. Мајката од една земја, таткото друга, а меѓу себе англиски. Точно знае со кого како и кога.
Супер, ама реалноста многу често не е таква. Познавам и јас двојазични деца, имам внуци двојазични, ама тоа не мора да значи дека и дете кое само во цртани слуша англиски и германски, а реално за да го научи треба да гледа многу често да не речам постојано, ќе биде повеќејазично. Јас знам дете кое дете од маша и медо научи руски многу добро, ама таа е исклучок. Јас од страв, од личното искуство со внука ми, сепак до пред месец дена не пуштав воопшто на други јазици цртани.