Нема да го научи јазикот преку цртани т.е. тоа што е "научено" само ќе го репродуцира без да го разбира. Битно е да го слуша. Мојава истата песничка на друг јазик одма знае дека е друга. Доволно е. Да стекне слух за јазикот.
Се фино, ама кога доктори научиници предупредуваат не ми е ич наивно. А му протребало на син ми на 3г да научи англиски или германски, и да се преселам во странство ќе го научи јазикот додека трепнеш. Нека прозборе убаво македонски па ќе научи и други јазици, има време. А ако му отежнува во говорот тој друг јазик, се ќе направам да го исклучам. Јас оти не разбираше жената што го чуваше зошто нејќам Бејби тв да гледа ја избришав од канали, епа нема да ја гледа, не сакам да збори како нив и крај. Внука ми сега збори некој јазик кој никој не го разбира од тие цртани, сум пробала да ја разберам, она си збори на тој некој замислен јазик и тоа и има смисла, знаеш тоа како изгледа, језиво и страшно, поарно не. Ќе научи на потешкиот начин може ама тоа е.
Не знам за кои психолози зборуваш, јас книги и студии што сум читала друго кажуваат. Да беше така, кај повеќе двојазични фамилии ќе имаше проблем со говорот кај децата. Оваа способност за лесно совладување се губи по 4тата година. Јас не зборувам за нерационално дремење пред ТВ. За умерена изложеност за развивање слух.
Во врска со двојазичноста, моево дете на 4 год изрази желба дека сака да посетува странски јазик, англиски. Тоа беше единствена активност и желба која ја изрази, а му нудевме доста други. Пична да зборува многу мал, и тоа чисто сите букви, цртани гледа но, воопшто не кажуваше зборови или реченици и сл. Онака мислиш незаинтересиран. Но, сега еве веќе 6 месеци откако посетува курс, фондот на странски зборови му е збогатен доста и доста интересно е што, ама баш во ниедна ситуација нема помешано збор или згрешено, ама баш никогаш. Она што се учи таму, ако го прашам го кажува или сам ќе ми каже дека тоа се вика така на англиски, книгата ја отвора и си зборува. Сакам да кажам, учењето на јазици може да биде само богатство и дополнување на речникот, не ми се верува дека би дошло до збунетост. Зошто возраста која ја имаат децава до 6 год, идеална е за учење ново, сунѓери се и само примаат информации.
Не знам колку се приметува, но детево има како бели флеки низ цело тело. Неодамна се појавија сигурно, вчера дури прв пат ги приметив додека миевме раце. После празниците секако ќе одиме на лекар на консултација, но во мисла сум да не е некој дефицит. Некој да не има искуство?
Дани имавме и ние, од сончањето е, кај што била касната од комарец, или имала нешто изгребано, удрено, таму прво паѓа бојата. Јас се извадив од памет, отидов кај дерматолог и вика ништо не е, исто вака исто изгледаше. Ми рече ништо не мачкај, со бањање ќе се израмни тенот.
Каква крема за сонце користите за кожа со атопичен дерматит? Баш на образите се исфрла многу, ми е страв да експериментирам. 2 години има
Јас како од дете ги имам но се појавуваат најчесто како резултат на сонцето и Ув зраците, нема кај не бев и нема нешто што не прибев но лекот го најдов во крема од 50 денари и скроз ги снема, кремата е бугарска
Мајки имате ли искуство со вадење полипи? Закажаа операција за големава, да ги вадат. Плус рекоа не слуша на лево уво.
Дани ти ја тестираш ли лично да видиш? На левата страна да и збориш дали се врти? Чисто за проба. Или пробај со играчки да и тропаш на лева страна да видиш. За полипи имав и јас, како дете, со терапија Флексотиде и Дексазон си снема, користев Флексотиде 4г и сега немам мака.
Вода/течност е полно. Веќе неколку месеци. И миантиот пат рече полно е и сега беше полно. 4 години беше на терапија? Она има и други симптоми, околу дишењето и гласните жици, затоа препорачува.
Да, на тоа уво ми беше намален слухот 85%, додека откријат што ми е бев на терапија, затоа сега сум за машала, од Дексазонот неконтролирано што ми го даваа. Затоа ти кажав, внимавај на терапијата. Јас би ги извадила да пробам, мада кај нас во Мк докорите не даваат гаранција дека нема да се вратат полипите.
Јас примав цели 7г терапија од кои 4 Дексаметазон неконтролирано. Ама кај мене слухот беше на едното уво 85 на другото 45% намален, што е многу многу е.
Боже. Премногу. За два месеци е оп, се надевам се ќе помине во ред. Веќе била под наркоза, одлично ја поднесе, а верувам и во стручноста на др.
Може да е габична инфекција од потење. Не е ништо страшно, јас ја лечев со шампон Реконазол и надворешно канестен. Ама секако прво нека ја види доктор.
На дете не ама јас имам искуство, мој совет ако веќе не си барала барај уште некое мислење, операција е крајна опција.
Здраво. Да ве прашам дали некоја од вас користела за дете од сирупот Calma baby ? Педијатарката ми го посочи т.е го препиша за синко доколку сакам да му го давам. Во последен период несвоиствено е за него да мака мачам навечер дур заспие. До пред некој 2-3мес секогаш најкасно 21:30ч он веќе беше во кревет. Од бебе таа рутина ни беше и мака немав. Но, еве последни месеци буквално колку и да му се спие до 23:30ч се дешава војна да водиме за спиење. Несвоиствено за него. Една дремка има во разумно време. Друга причина за која ми го посочи сирупот е за тантрумите кој ги има во последен период. Од дете мирно и разбрано стана спротивно од тоа. Па доколку некоја од вас го има користено би сакала искуство и мислење.
Ние го имаме користено на природна база е ама кај нас немаше ефект па после тоа ни препорача педијатарот по 1/4 б6 издробено во сокче, водичка и тоа искрено повеќе ни помогна и си заспиваше, па после тоа веќе и не го користивме дека си фати ред а коа ме зеза за спиење знам да му дадам б6 и го фаќа за 30 мин сон