Земи си нешто за имунитет, сега ти е таман време, пролет. Јас сум задоволна од комбинација Дефендил, Ацидосалус, витЦ и пробиотик, не давам се наеднаш и секогаш, само Дефендил давав нон стоп 3м по ред, 3 шишиња испи и Ацидосалус кога оди во градинка сабајле пред да оди прскам во нос и грло. Останатото ако се сетам и кога се сетам, не редовно. Омега малку прекинав ама ќе почнам сега пак. Ние сме биле поздрави деца, ама сме имале и здрава храна и здрав и чист воздух.
Angel, me interesira dali Acidosalus moze na svoja raka i dali moze za rastecen nos? Dali pomaga? Eve sedmi den so sekret sme, tecat i plus potkasluva od niv. I koga kiva gi isteruva i bas gusti se.
Може. Викендов синче се раскива, како блага настинка, со проѕирен секрет како водичка, мислиш алергиски. Го избањав со потопла вода, го намачкав на гради и грпче со Експулмо маст за настинки и напрскав по два пати од Ацидосалусот, тој ми беше при рака, не ми се идеше у дневна по физиолошки, заспа 2 саата поспа и стана не кивна ни еднаш веќе. Јас Ацидосалус и за затнато носе го ставам, од него се вади.
Ај јас да си прашам. Дефендилот до даваш еднаш годишно? 3месеци даваше па пауза колку? Јас зимово и давав 3 дози, некаде околу 3 месеци. И сега незнам кога повторно да и давам. Мислам дека и делува за имунитетот.
Само еднаш годишно, 3м и толку. Еве втора година по ред давам ноември, декември и јануари или октомври, ноември и декември. Мада на јатрва ми малата и кажале дека може да и дава нон стоп оти има крш имунитет. Јас не би до толку. Вака сум задоволна.
Мајки веке навистина незнам што да правам Малиот јаде се што ке му дојде при рака Јаде песок, кал, брашно, трици, дезодоранс си прска на раката и лиже ако влезе во купатило дига на течниот прашок сака да пие Незнам како да го одвикнам од овие навики ве молам за совет Неможам секунда да го оставам
Ова е според мене за да привлече внимание. Кревај се горе да не му е на дофат, јас ставив се врз машина во длабока кутија и нема дофат. Знам дека викаа ако јадел песок, едно друго, имал недостаток не знам на што па комшичето ги лижеше кондурите и јадеше од глетот дома и мајка му сирота се дигна сите испитувања ги направи, ништо не му фали, потпорасна и вика намерно правев зошто не ме приметувавте, цело време само работевте.
Јас првпат земав од дм годинава, sun dance и ок се, претходно претежно на бекутан колекцијата ја користев за децата. Зависи дали е прво или второ, големоот не се разболувапе речиси воопшто додека беше дома, ама малата многу, до болница стигнавме на два пати. Вторите се изложено на се и сешто од големите Јас давав зимоска, после 2м пауза уште 2 шипенца и дадов. И јас мислам дека има ефект
21+ е не оди во градинка и има супер имунитет. До сега само еднаш има пијано антибиотик за воспалено уше. Планирам од 3 г да почне градинка.
Ја прашав матичната. Ми го кажа истово. Вели, штом имате направено два месеци пауза, можеш да и дадеш уште две дози сега. Почнав од денес.
Не гледам тема над 3 ама гледам мајки со деца колку моево. На 3+ како сте на тема денски дремки? Еве го неколку дена ми одбива спиење дневно, во градинка исто се жалат, се мислам рано е.
Еве веќе 1 месец како одбива да спие преку ден, точно 2,5 има и јас мислам дека е рано, ама со жив зорт го успивав во последно време, а и вечерта до касно седеше. Сега откако не спие во 9 е во кревет и тоа сам оди и си легнува.
Мојов во 9 е во кревет секако, а ако не преспие може и во 8ипол. Не форсирам, ама полесно е кога преспива. Сега ако не друго го терам да лежиме па одмараме колку толку. А користам и јас одмор.
не знаев каде е соодветно да го поставам прашањето, па бидејќи малиов е 2г и 2м викам тука од сам старт со дохрана па до сега сум немала реален проблем, освен периодично кратко ама поминувало, значи супер апетит до сега со ред за доручек, ручек и вечера. ама периодов откако наполни 2г навака почна да пребира и не е како порано што јадеше. се трудам да не се префрлиме на џанк фуд, грицки и нездрави работи и додржувам ама денес цел ден осмина бурек, кисело млеко, кифла, банана, некоја грицка.. и ми пукна филм.. сакав да ве прашам како ви е вас редот со 2годишњациве, што давате за јадење и дали исто вака пребираат? совет
Од 7 дена 3-4 ќе преспие денски, некогаш помалку, обично преку 1 ден. Порано ако не преспиеше веќе докај 7:30-8 можев да ја легнам сега знае да издржи и повеќе ама е нервозна и ништо не прави, само се тркала по гарнитура цело попладне. Кога ќе заспие пак претерува, без 3-3.5 саати не е и после ја фаќа 10:30-11, а за викенд и 12 може да ја фати да заспие. Не се на возраст да не преспиваат ама се во некој период кога се ни ваму ни таму. Големиот престана денски да спие од 2.5г ама доста рано заспиваше навечер.
Мене над 3г ми рече докторот апченца од овие ние што ги пиеме, по половинче, ама кога повраќаше. Ти за што би ги давала?
Добредојдовте во клубот на двогодишњаците! Од дете што сè си јаде со сласт, почна толку да пребира што сега менито ни се состои од 5-6 состојки кои ги вртиме во круг. Види само неколку страни поназад 118, 119, 120 баш за тоа зборевме.
леле не ми се верува.како убаво се си јадеше сега со цртани и молење, тек тук нешто со лесно ќе изеде. ќе прочитам, се надевам има совет, решение фала ти