Ако доктор препорачал онда земи обичен Б6, здроби и во јогуртче, млеко, ама во мала количина пикни, ќе го голтне.
Се проверува ли некако кај децата дали имаат некој проблем со срцето од раѓање? Дали се проверува во Систина? Не знам кај да го поставам прашањево. Знам дека во Систина за новороденче се доплаќа за некаков преглед на срце ама не знам подетално што и како.
Можеш да си направиш ехо на срце. Ти го препорачувам Драшко од систина. Јас сум презадоволна. Забелешуваш некој проблем или ?
И во Систина и во Ремедика се прави по раѓање преглед на срце. Не е ништо страшно само ехо на срце е. Најчлесто гледаат дали некоја преграда е затворена кај мали бебиња. Ако не е се следи дали ќе се затвори до кај 2-3 месеци и толку. На поголеми деца не знам дали има смисла да се прави.
Појма немав дека детето ми има шум на срце, породена во приватна болница сум, ништо не ми кажаа. На една годинка матичниот на преглед го слушна, рече имате мал шум ама ќе го пратиме на кардиолог за секој случај, имавме уште еден преглед со тоа за друга работа и си однесов дете кај Милев во Филип2, рече не е страшно, не е за нервирање и потресување, нормална работа е. Денес, 3г и 2м, нема ништо. Мислам дека добар педијатар на слушалка ќе слушне, а таков имаме ние фала богу.
Истиот педијатар ни е чинам. МАлата кога се роди во чаир четворица педијатри ја прегледаа никој ништо не слушна. На 10 дена ја однесовме кај матичниот, прво слушање одма наслуша тивок шум од прв степен. Авал да му е на човекот. Физиолошки шум прв степен многу слабо се слуша, ама он е врв
@AngelOfArh @kikin А на 2 години може се уште шум да има дете? И кај се наоѓа тој Гого поточна адреса ве молам. Инаку ништо не му е на детево само мајката паничи поради нешто што се случи во поблиска околина.
Може бе, може да се изгуби, може и да не се изгуби. Гого не е специјалист за срце. Он ни е матичен педијатар.
Ако земеш за се да го испитуваш од што биле болни децата во околината стрес ќе си направиш. Гого се наоѓа во Козле, ако сакаш да носиш дете чисто на преглед пиши ќе ти објаснам.
Ќерката ќе ја оперираат во среда. Првично беше отстранување на полипите и делот кај ушните тапанчиња, денеска, при контролата, ме советуваа и намалување на крајниците. Советот беше и така ќе биде под анастезија, ќе се решат два проблеми, да се среди целосно се што пречи. Немам искуство, многу да не е три зафати? Операција и на грло и на уво и нос. Имам доверба во докторот, ама малечка е, 4 год, многу некако ми се виде. Да не има некој искуство?
Мајка знам страшно звучи, ама мене ако ме прашуваш подобро со една анестезија да завршат се што може. Синко кога го оперираа исто ни рекоа, ако најдеме уште нешто ќе средуваме додека е отворен. Со лесно мајка, ќе помине.
Од искуство на мои пријателки кои ја правеле оваа операција е најлесна и наједноставна, намалување на крајници, ласерски ја прават ко што ми кажаа. Јас не би се бунела, нека ја направат и таа процедура кога веќе е под наркоза, ама еве мајка на детенце со Матео што оди во група за големата ја правеше за големкото, ама вика се вратија крајниците пак и на крај ги извадија. Така да пробај, ништо не кошта.
Здраво на сите не знаев каде да поставам па тука би било така најдобро што мислите колку е добро дете да пие од алуминиско шише за вода земав шише поточно од лидл ама некако не се осмелувам да и дадам
Јас не би дала. Ама голем дел од алуминиумските шишња внатре се уствари стакло или пластика, провери убаво.
Пада ама знаеш кога тропнам внатре директно како да има железо незнам како да ти објаснам не е пластика внатре па и баш затоа ме загрижа и се двумам
Нема ли етикета да пишува материјали? Ако нема оди пак до дуќанот и види. Од Алуминум баш алуминиум не би дала ни под разно. Додека не се увериш не давај.