малава штрајкува со какање почна на 2 дена да ми кака последниве 10-15 дена , сега еве ја 3ден не е какана , вика ми се кака и не се кака само ќе седне и толку , од бебенце е шашава со столицата ама од кога почна со исхрана и де нормализира ако не повеќе еднаш какаше на ден , Што давате кај вака поголеми деца (2г и 2месеца е ) сливи несака да јаде инат ми воде , може ли и процесов на одвикнување од пелени да и влијае , за мочкање си мочка редовно и јаде се и само гасови има од вчера..
Јас лани за тоа се откажав од пелени одвикнување, не какаше со денови. Ако можеш со неа муабет да направиш збори.
За какање од бебе комплицирана е , ама последниов месец дена од коа се "запозна" со нокшир/адаптер и дама трча кон нив и бара да ја слечам ,никогаш не сум а терала да седе и да кака секоаш за мочкање а прашував само , и како си сака така , сабајле пелена и остаив и на крај пак а извадовме сама сакаше и се искака ва шолја почна да вика мене кака мене мочка и трчка бара кај да седне па секаде поседи по 2мин на сите чуда што ги има и на крај во шолја заврши раб *Тоа и мене поеќе ме заплаши дека може да се стегаат при овој период на одвикнување ,амамислам дека не и смета мн , штом бара сама , само малце дури се опуште и свикне период треба валјда..
Немате вие проблем како мојот значи. Кај нас нејќеше никако да кака мочка во нокширче. Сега седеше гол 2 саати, играше, се праеше, три пати го седнавме и не и не, стаивме пелена ја напуни. На мака сум ама ќе издржам уште малку и ќе почекам.
Мајки долго време се мислам да прашам може е чудно и смешно ама ме мачи дали се случува и кај ваши деца И кај двајцата сум забележала додека спијат како да им застанува нешто на грло и почнува да се дави ке се размрда ке се заврти на друга страна може ке стане може не и продолжува Мене во тие моменти ми е многу страв посебно кога ке сетам некој во сон и штрепам Ви се случува и на вас?
Зошто не пробаш директ на шоља,со адаптер или директно?Нека седи, нека пушта вода, додека не се измочка. Јас пред да почнеме му пуштав видеа со деца кои мочкаат во нокшири. Стресно е, ноцтреба мноооооогу нерви,трпение и човек постојано со дете. И не ставај пеленна никако,нека мочка во гаќи. Па и нека се покака. Така повеќе се буни. Пелена само ноќе на почеток од одвикнување.
Пробано е се, шоља, адаптер, нокшир, еве сега го нарачав и оној писоар од Лотус го чекам да стигне... Ќе издржиме, сигурна сум, ама живците пуц пуц...
Верувам. И јас исто ама пак не е толку лошо. Не ставај пелена ич. Јас гаќи му ставам и кога грешава одма плаче, нареден пат кажува,па пак ќе згреши и така во круг. Ќе научат белким. А наутро пелената барут сува му е.
Нема мака мојот со мокри гаки. Ич не се замара, цело попладне вчера беше мокар и никому ништо. Ќе научи, мора. Сега сум на одмор и ќе симнам пелена и не облакам пак. Вчера беше на нокшир пола саат и вика Стави ми пеена! викам Нема! Како нема, ете има, види! и ми носи кесата со пелени. Мајмун!
.Душичка. Абе тие ли не ќе смислат нешто, одма се снаоѓаат. Јас му ставам бомбони и парички под нокшир. Една касичка и да ги собира таму, па наместо пелени ќе купиме играчки. Корупција ама тоа е. Мојов со какање има мака ич не сака да седне за какање, прееска во гаќи се покака...и одма плаче слечи меее
Ќерка ми така како да се задавуваше/закашлуваше минатата зима скоро секоја вечер. Мислам дека беше од сувиот воздух од парното дека по цел ден уклучено. И јас се будев некогаш со устата исушена не се дишеше. Купив навлажнувач на воздух и почна поретко така да прави, потоа скроз престана, дали беше баш од тоа не знам.
И мојата така прави. Мислам дека од сув воздух им се собира плунка, самата плунка се лачи повеќе дека сува уста и се закашлува.
Мајки ве молам за совет и секако искуство, ќеркичката е 2г сабајлево кога стана беше ептен топла, не многу ама беше, знам, ја соблеков гола и уште топла, само лежеше како омалаксана, не ја занимаше ништо ни цртани ни мачето ништо, и сано кенкаше плачеше. После некое време почна да стенка, се држи за мене и стенка и плаче, и така воочив дека не може да се искака, има мака со стомачето, слеговме да купиме лижавче ме прегрнува стенка вриска леле страв ме фати се тресеше цела, на враќање ја пуштив да пешачи малу, ме грабна со сета сила за нозе, силно застенка и наполна цела пелена наеднаш и оп како друга, почна да игра... Столицата и беше ни тврда ни течна ... прв пат вака, од храна ли е од топло ли е
Топли се сите наутро кога ќе станат, немаш досега забележано? Ако мериш секое утро, ќе видиш дека е над 37. Имала мака, се олеснила, затоа прво била кенкава и нервозна. Ако се однесува како ништо да не било, најверојатно се е во ред.
Ве читав за некој ацидосалус спрејза нос. Дали е ефикасен ? Еве неколку дена малата е со растечен нос и е цела затната. Јас и прскам спреј од диво оригано ама да пробам со овај доколку е поефикасен.