И моето дете истото го прави има 2 ипол години...тоа го прават или зашто не се убаво уморени,не се истрчани преку ден...моето дете знае и во спиење да седне на газ и така седи неколку секунди и пак ќе легне,па после пак истото неколку пати..
Може да прскаш. Кога немаш избор, може и над година. Инаку не пишува, бар не можам да најдам. Само внимавај да не става во уста од прсканото. Јас би прскала и да е помало моево.
Јас го имам тој проблем со јадењето Кажете ми како да го одвикнам неможам ми вели слатко ми е, па понекогаш од инат не го прскам ама лом го прават комарците Инаку 3год е разбира дека не треба ама ете така сака @Annath
Ne veruvam da e toa. I pred toa isto trcase kako sega,pa ubavo spiese. Eve bas vcera pred spienje bevme nadvor dva i pol casa i nokjeska isto pretase. Mislam deka drugo ja maci, samo ne znam sto. Ziva nenaspana sum.
Претпоставувам сонуваат многу, синко исто се врти, превртува, иако спие во тесно меѓу мене и мм знае со главата обратно да се заврти, качува нозе врз нас, цимоли во сонот, зборува... многу немирно спие.
Мислам дека твоево се јадеше и земја и камчиња. Ако му е слатко мачкај го со оцет, немаш друго, бар тоа не е штетно. Се друго баш и не е добро да го јаде. Јас моево кога правеше така, рацете во уста со сапуница, со земја, со свашта, му ги тргав рацете и го карав, ама кај моето карање помага, ако недајбоже му се налутам многу се сеќира, па во ептен ретки прилики го користам тоа. За да го одвикнеш намачкај го со она Грозозо што горчи, нека стави во уста, нека се изгорчи па белки ќе му помине меракот.
Мајки ве молам некој совет некој ако имал слично искуство Син ми веке неколку дена пред спиење премногу плаче и денски спиење и навечер Штом легнеме почнува да кенка па се чеша, па го болело нога, го болело глава, стомак, рака И се плаче и со убаво сум пробала и со побишување тон и пак исто Мислам ке се мрднам Прашав во градинка како е за спиење ми рекоа дека како и секогаш оди си пие млекцето и зсспива А дома му треба најмалку час и половина Не се трпи оваа
Мајки за викендов отидовме всело и бељата не фати. Некакво суштество ја полаза ќерками за стапалото и ноќеска ич не спавме само се чешаше и плачеше, во 4 сатот цртани гледавме, ве молам некоја смирувачка крема да пробам со Синопен? еве чекам одговор и од матичната инаку е 2год
Мислам дека е од пајак полазена. Јас бев ваква на ногата пред една недела, мислев комарци ме искасале ама потоа во креветот најдов голем пајак па сватив дека е од него. Јас рани си направив од чешање. Прашај со што да ја мачкаш бидејќи ужасно чеша.
Декатол ни препиша матичнава, додека ни одговори мачкав со Синопен, ми текнува ко имав чешање во ушево докторот баш ваква крема ми препиша, ваљда е доста ефикасна за црвенило и чешање
Како им олеснувате при вадење на 5ки , мн е раздразнета , нервозна , се чеша , веќе две недели може , сабајле и а видов едната непцето распукано ( дури грев ме фати како и изгледа ) на поеќе места пробило , надуено плус , осанитот кога помагаше кога не , кое гелче е најдобро или нешто др ако постое што може да се даде , се изнамачи детево ноќе не спие плаче вриште мава во крветче , дали е можно и ноќен терор да мине , како се справувате , некогаш не дава ни да а дигнам се буде од сон плаче силно , некогаш татко и го бара ќе дојде по неа , пак исто не се смирува се лути за глупости па клоца плаче , по цела ноќ не сме спани , денови веќе вака , сабајле со залипнат глас се разбуди , цела сум потресена и јас и разочарана пошто неможам да и поѓогнаѓ а она ме турка од нејзе , преку ден е подобра , знае да се луте малку ама ноќиве ужас ни се , дали да ја носам и на доктор на преглед 2г3м е .
Далерон сируп или Ефералган чепче пред спиење, само тоа помагаше и ѝ ги смируваше болките. Педијатарот ни рече никако да ја измачуваме да трпи болки, многу полошо е отколку да се напие сируп. Некогаш ѝ давав пред спиење, некогаш кога ќе се разбудеше на сред ноќ со вриштење.
ќе пробам вечер баш со едно од тие две , ми се изнамачи детето веќе , такво вриштење силно никогаш немала , се буди со врисок па ќе се смири па пак , сношти од 2.30 сабајле дури во 5 заспа , скоро секоа вечер вака последниве две недели
мајки ми треба совет, ке одиме на море со малата 2годинки има ја носам прв пат, кои лекови, медикаменти, да ги понесам за неа?
крема за сончање, хидратантна крема за после сончање, сируп за температура, прокулин капки за очи, против комарци, синопен и/или нешто за после убоди, пробиотик, (линекс, пролаиф, нормиа) антибиотик не растворен(по препорака на лекар) капки за нос, и капки од ѓумбир земам против повраќање..
Дајбоже ништо да не ти затреба. Најважно, осигурување! парацетамол (бруфен, ефералган, далерон...) лепенки за тт антибиотик нерастворен што му делува со поширок спектар пробиотик електролити ако најдеш чепче против повраќање ако не лижавчиња а мене ми помогна и еден бедоксин овој пат пред пат спреј против убод од комарци камагел, фенистил, синопен (јас понесов камагел и синопен) спрејче за затнат нос (мада у море сол навелико не ми затреба) и прополис на нас ни затреба бидејќи имаше надразнето грло после повраќање капки за болка во уво (од искуство и нас и на дете не ни требаше ама на баба и затребаа и и помогна ептен) хидроген, бетадине, завој, гази, ханзапласт и фластер за рани, алкохол и ациди борици и оцет вит ц капки Се носев ништо не ми требаше, за нас плус носев, 3 огромни несесери полни, ама никогаш не знаеш што ќе ти затреба па се си носев. Јас на моето дете знам што и како му делува, знам да распознаам, знам кога што да дадам, ама сепак прво консултирам доктор дури и на одмор ама бидејќи нашите лекови му делуваат носам тоа што му давам овде.
мајки малиот 2г и 4м совршено си сакаше да сњ бања, но преку ноќ бањањето му стана хорор и него и мене. мислам дека се има исплашено од тоа вода што му течеше врз лицето кога му ја миев косата и главата. совет некој што поминал низ ова?