Мајки дали децата ви се имс случено детето да ви поврати намерно? Обично кога има висока тт првата доза на сируп стално ја повраќа, ама вчера и давав лоратадин. Го испи и почна да вика грд ми е ќе го плукнам. Почна после да вика ојј ме боли мешето и со трчање замина во вц поврати, и како ништо да не било после тоа, си продолжи по старо.
Да. И од плачње. Ако се дере и драматизира , ќе се надразни. Ништо не е . Разни мајмунски работи изведуваат.
ќерками има 2год и 1 месец и истото е и кај нас ама од ко наполна годинка, пред тоа си се бањавме во копанче, во када и полнев се супер си беше, и еве до ден денешен една цела год мака мачиме со капењето, вриска како некој да ја коли, цела зграда знае кога ја бањам а кога сме на базен абе ужива, блика од радост се радува на водата, ама во купатило никако! Едниствено чаре ми е ја бањам со брзина на светлината!
Може и било грозно, јас кога бев мала често повраќав вака од лекови, не беше намерно, туку ми беше навистина грозно и ми доаѓаше да повратам. Мојата така правеше кога и паѓаше вода на лицето, ептен го мразеше тоа.
Малата ми е за еден месец 2 години, па ќе пишам тука. Се справуваме со тантруми и ноќни терори. Не постојано ама ја фаќа еден период и трае недела две, па поминува. Сега е во фаза кога бескрајно плаче за се. Вчера пример, побара сладолед и нели не и дадов одма, пробав да ја залажам да излеземе, не бе.. се откорна од плачење. Со солзи со тресење. И викам смири се и не плачи 1 минута и ќе ти дадам. Таа една минута траеше 10 секунди. Значи не дочекува ни да отидеш да земеш тоа што бара. Умна е и послушна за се, се разбира, ама изгледа е инат. Уше капак на се мајка ми ме напна како ќе сме и го оштетеле срцето зошто толку плачела. А јас ја оставам зошто мора да сфати дека не може се да добие секогаш. Плаче буквално за се што нема да добие, ако не ја разбереме што кажува и што сака, ако нешто не може да напраи сама. Плаче кога се облака, кога се соблака. Фаза ли е? И до кога трае?
Mаж ми 9м постојано плачел, се дерел, вриштел, срцето му е здраво и е спортски настроен тип. Нема ништо да му биде на срцето, ќе ти се оштетат живците тебе само. Не попуштај, биди упорна, не давај да те манипулира. Она пробува сега до кај оди па ќе ги поместува границите, ако не ја сопреш ќе се треска од земја и надвор и во продавници и се понатака ќе оди. Јас се вртам си одам кога почнува, ко попче оди по мене се смирува. Не сме имале тантруми по продавници фала богу, ако сакаш да му купиш нешто бира само 1, ако му подадеш друго ако му се свиѓа повеќе ќе го земе ама ќе го врати претходното. Јас сум прилично строга, останатите галат, ама се на се е фино дете. Е сеа одморов имаше некој страв, не сакаше во соба да спие, надвор, го гледам дека реално се плаши, се тресе, попуштив и го заспавме кај баба му во соба, следната ноќ проба пак ама го видов дека ме манипулира, се свртев и како попче си заспа до мене. Многу се интелигентни, се знаат, ама пробуваат.
Не сум за темава синко е помал19 месеци, ама слично се однесува. Посебно за цртани, а на пример последниов месец вкупно 15 минути да гледал. Никогаш не гледал премногу ама приметив дека вака се однесува и пресеков тие 15 минути се собрани од очајни ситуации кога морало нешто да завршам. Некогаш му пуштам за да го облечам зошто неможам никако, некогаш го оставам гол ама пусто тука па ладно е. Абе после две минути гледање цртан плаче уште 15 зошто сме го исклучиле. Се треска и за храна ако сака боровинки неможе да дочека да ги измијам и слично. Туку сакав да прашам за ноќните терори. Од скоро почна да се буди ноќе со силно плачење. Не е секој ден ама една ноќ знае на секој саат да се буди со силно плачење и не сака да го земеме во раце бега и плаче. Му зборам тука е мама, тука е тато не се плаши, кога ќе се смири сака само во раце да го носкаме и неможе да заспие, а му се спие Многу. На крај давам шише млеко и продолжува, а не е дека бара ама неможе да заспие никако. Ноќни терори се ова? Или нешто друго е во прашање? Млеко пие по едно шише 180 мл. ноќе само, а во вакви ситуации некогаш и две, а веќе е голем сакам да му го прекинам ноќното а излегува дека го зголемувам.
Од ноќните терори не се буди, туку плаче во сон, се тегне, сака некаде да оди а коа ќе ја стаиш на нозе паѓа. Едвај ја додржуваме 3ца дома. Страшно е... после спие мирно.
Незнам дали е тоа нашево, ама слично почнува да плаче и сака да оди се тегне, е сега јас мислам дека се буди или ние го будиме во меѓувреме незнам ама тешко заспива.
Има такви фази пред две години и пред три години. Имаат голем премин тука, премногу чувства со кои не можат да се справат. Кај мене секогаш успевало одвлекување внимание. Прво ја гушкам кога плаче, и кажувам дека знам зашто плаче и објаснувам зашто нештото не е можно да се направи. Да ја оставам да плаче не ми се случило и да ја игнорирам. Секогаш зборувам, гушкам, насочувам внимание кон друго нешто. Спротивно на верувањата така не се израснува разгалено и неразумно дете, напротив, знае како да се насочи сама понатаму и кога нешто нема, не е дозволено итн., сама си зема нешто друго да прави без да се треска од земја. Зависи каков пристап ќе одбереш, но мораш да имаш многу трпение.
Има периоди кога муабет успева Уствари секогаш пробувам прво така, ја земам седнувам со неа се гушкаме и зборам. Пробувам да ја ангажирам со нешто друго, ај да правиме вака онака... ама не секогаш успева. Голема е и знае кое каде стои и оди и отвара. Не знам дали е до карактер, ама не попушта. Она мисли дека знае и може се, па се нервира кога ја спречуваме. Трпение треба премногу....
Многу, навистина, некогаш човек се осеќа дека ќе полуди. Ама растат, се обидуваат да имаат некаква контрола врз нештата, осознаваат, градат самостојност... Ќе помине секако, наше е да ги учиме и во такви мигови кога и на нас ни треба мир. Јас начесто си мантрав ќе помине, ќе помине, момент е. На крај и борба со сам себе е како ќе изреагира човек во такви ситуации. Ај, забегав.
Абе се привикнуваш, па после си гледаш на саат пошо знаеш кога ќе заврши епизодата. Ама колку и да се нервираш, некогаш ти е жал кога плаче толку.
Исто и кај нас. За се плачи. И не само што плачи туку од нервоза се стега се треси и се дери после на цел глас вика. Сега е во фаза кај и да одиме си одбира нешто и плачи да го земи дома. Страшно е, плачи , се треси зајдува. Потоа цел час неможиме од липање да ја смириме.
на 15 септември се селиме. совет кога да го пуштам малиот во градинка од 1 септември или од 1 октомври? преселбата мислам лесно ќе ја прифати скоро 2.5год е, ама не сакам двете работи наеднаш да му дојдат. совет?
Мајки ми треба брз одговор малечката (2год) сабајле повраќаше, сношти јадеше варена домашна пченка и савајлево цела ја поврати зовриено не преработено, пролив нема ептен е топло деновиве и вечериве па изгледа од тоа ве молам омалксана е што да се напиеме?
Има лош стомачен вирус моментално, само што го прележавме јас и синко, ама ако само еднаш повратила тогаш сигурно и било тешко на мешето од пченката. Ако е така нема потреба ништо посебно да пиете, давај течности само, малку кока кола ќе го смири мешето и нешто суво за јадење, двопек, бејк ролс, соленки. Не е на одмет ако имаш и пробиотик да дадеш.
еве пак повраќа, вода пие водата ја повраќа каснавме соленки и нив ги поврати, пролив нема, имам електролити орс внукми е тука 9год со него си игра ама жолта е на лик