1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Стомачен е, не и давај да јаде додека трае повраќањето, само течности нека пие постојано, вода, кока кола по малку и електролити. Други сокови засладени не. Откако ќе се смири повраќањето дај оризова вода, чај од нане и сува храна. Ќе има и пролив, земи пробиотик и можеш ентерофурил сируп во консултација со матичен.
    Земете и вие пробиотици, внук ти исто, многу е пренослив, цело маало не фати последнава недела без некој ептен близок контакт.
     
    На Marija_Magdalena му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Женски
    ти благодарам многу еве ја заспа, омалаксана цела,тт нема само повраќање
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Со помин нека е. :hug:
    Нека спие и треба енергија. Син ми денот кога повраќаше беше весел, но наредниот ден капна и цел ден го преспа, потоа беше како нов. Само кога е будна нуди течнисти нон-стоп.
     
    На Girl-Rabbit и Marija_Magdalena им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.961
    Пол:
    Женски
    Дете веќе 3 ден само на доручек е, не сака да јаде а ги правиме омилените јадења, денес и доручек одбил. Пие течности, давам и хемија витамини, му се лупи цела кожичка од дланките и стапалата. Не оди во градинка, да речеш собрал стомачен, ташко му е, ќенка нешто а не е дете кое ќенка. Вчера дланките и стапалата мраз му беа а телото топло, нормално.
     
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми веќе недела дена мака мачи со столицата.
    Излегува по надвор многу често, а се олеснува по скроз малку.
    Столицата е нормална, не е течна, ниту тврда само е зачестена и во мноооогу мала количина.
    Забележувам кај нејзе непријатно чувство, потешкотија кога оди по надвор и целото тело и се облева со пот.
    Како да ја регулираме столицата?
    Веќе трет ден и давам пробиотици.
    Друго?
    Што од храна би можело да помогне? Што да не и давам периодов?
    Памет немам бидејќи немаме мака со тврда столица или течна, туку зачестена и во значително мала количина.
    Ништо ново немам воведено, апетит има, јаде редовно.
    За 2 месеци ќе полни 3 години.
    Стомачето е меко на допир, не е подуено и не ја боли.
     
  6. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.780
    Допаѓања:
    145.294
    Давај подолго време пробиотик. 3 дена не се ништо.
    Слива или компот од суви сливи, форсирај јогурт, кисело млеко, течна храна и супи.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Женски
    Враќа назад, ништо не и се задржува во организмот, упорно нудам, еве стигна и проливчето
     
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.475
    Допаѓања:
    22.803
    Пол:
    Женски
    Од 1ви септември. Преселбата е друго, ќе си се прилагоди без гајле.
    А да проверите да не е Рота вирус?
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ако малаксува многу носете ја на одделение да и стават инфузија.
     
  10. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Женски
    еве ја добра е почна по малу и соленки да јаде, заспа пак, играше трчкаше низ стан, сабајле ке и напрвам кс по препорака на педијатар
    ви благодарам многу
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Значи проблемов мој не е од сега туку од самото раѓање на малава која што сега има 2 години и некој месец.
    Луѓе не се трпи. Само стења, кенчи, никад ништо не и е погодено, при секој напад во потешка форма ме скубе, ме удира, често лицето ми е со крв, завчера со лажица ме закачи по заби. Плаче ако седнам, ако земам кафе или ако почнам да јадам, плаче ако некој збори со мене, за се плаче, вришти, кенчи.
    Проблемот е што живците ми се при крај, мислам дека за уште месец дена имам живци и после во лудница. Многу ме стега во градите и губам воздух, често ме боли глава.
    Најискрена реченица е дека не можам да си го поднесам детето!
    Не знам што да правам.
    Препорачајте ми некој добар психолог за деца во Скопје.
    Значи дење ноќе буквално ни минута немам мир. Откако е родено плаче.
    Не можам ништо да направам во текот на денот, само ја смирувам. Пробував да ја оставам ама помодрува заоѓа од плачење мислам дека ќе се онесвести ќе се изгуби.
    Ај демек грчеви, заби, не се наспала ова она ама па не може бе 24/7 да е така.
    И не сакам да се тешам дека после 3 е полесно, сакам уште сега да имам барем приближно нормален живот.
    Еве јас пишувам таа кенчи и ми вика стани стани, не смеам да седам само да стојам.
    Сериозно сфатете ме ми треба помош.
     
    На marchi-cool, Girl-Rabbit, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Во Скопје си?
    Дека бараш тука?

    Во градинка како се однесува?
    Мислам идете во градинка.

    Мораш прво да се смириш, знам дека е клише муабет, ама немаш друго чаре.
    Веќе ти е прифатено детето такво какво што ти е, само на моменти ти е тешко.

    Смири се и посетете психолог.
    https://zk.mk/mandala?choice=62
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Не знам колку би било успешно еднократна посета на лице за разговор и проценка. Кога ќе се вратите назад, дополнително кон психолофот кој го бараш за Скопје, направи термин за проценка во Frühförderstelle кај вас во градот. Имаат тим од специјалисти од различни области и детски психолози. При проценката и воведниот разговор ќе ве упатат дали воопшто е потребна дополнителна консултација.
     
    На mal.ecka, duffi и gjoker4e им се допаѓа ова.
  14. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Треба директно кај нив да закажам или преку матичниот педијатар?

    @TeddyGrey Мислев и во Скопје дека на германски не знам како да им доловам дека квичи и кенчи.
    Во градинка само првиот месец ги тепаше децата, сите беа изгребани на образите и воспитувачките рекоа ќе претпостават дека е фаза ама ако продолжи така ќе видиме што понатака. Во градинка само и викале дека тоа не е добро и дека тоа не го прават во градинката.
    Инаку викаат дека е се во ред цело време. А ние додека ја однесеме и откако ќе ја земеме до другиот ден носење (сабота и недела више немам коментар не се издржува) пекол.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    За разговор, запознавање и проценка, не ти треба упут. Директно. Доколку проценат дека има потреба од некаква дополнителна редовна терапија, сеедно разговор(преку игра) со психолог или од друга област тогаш дури ќе треба од матичниот. Топло прешорачувам бидејќи доколку има проблем не може со 1-2 посети да се детектира а најмалку да се реши. Разговорите би биле секоја недела и проблематиката вистински би била надмината. Ја јазик немај гајле, и со англиски ќе се разберете, а при проценката ќе се набјудува реакцијата на детето во одредени ситуации, не се ни очекува од нејзе огромен фонд на зборови во таа возраст.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Го најдов, ќе отидеме, фала ти. Дај боже да помогнат некако, некој спас, помош.
     
    На mal.ecka и danichap им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Направете термин и смирено. Имаат искуство од најразлични области во детскиот развој и сигурна сум дека ќе добиете одговор на сите прашања и помош доколку истата е потребна.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  18. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Мајки имам еден проблем кој станува веќе сериозен и ве молам и за совет.
    Уште од порано малата имаше фаза кај и да одиме нешто си земаше и тоа беше со вриштење со пиштење. Помина тоа. Сега веќе недела две, неможиме да излеземе од дома додека не ги земе сите играчки. Плачи, зајдува да ги носи сите. Истото е кога ја земаме од кај бабаи плачи да ги земиме сите играчки. Последниве два дена е хорор. Стигнува до степен да зајдува од плачење, плачи непрекинато по час време. Пробав секако со разговор, со убедување дека играчките се нејзини дека нема да и ги земе никој, но упорно плачи. Еве вечерва од премногу плачење, плачеше, плачеше и заспа.
    Може е страв, уплав од нешто затоа што последниот период поминавме тешок здравстен период кај неа.
    Сигурна сум дека не е фаза, сакам да побарам стручна помош како да го надминиме овај пробелм, меѓутоа кај и да се обратам ми велат ее дете е, така прат сите деца.
     
  19. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Иста беше мојата некаде на 15+ грубо пресметано бидејќи немам веќе никаква ориентација.
    Еден период имавме само една играчка па полека полека купивме повеќе и со мм тоа коментиравме дека сега нова беља. Не излегуваше додека не ги земе сите и на пример земе четири и ја земе петтата и првата и падне и рика плаче и се така од ново ама не можеше да ги земе сите и со рикање надвор.
    Со тек на време и откако пена ли фати устата се научи да носи само по една.
    Со тек на време се научи да носи една помала, а во недела ја пуштам да носи една голема бидејќи се е затворено па само онака шетаме.
    Трпение.
    Можеби е таков период кај децата. Колку време трае кај вас?
    Зборувај и цело време и ќе научи.
    Инаку убаво е една играчка да носи секаде, гледам сите деца скоро носат по некое мече, а едно девојче секогаш носи една топка.
     
    На mal.ecka и kiki_riki им се допаѓа ова.
  20. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Женски
    мајка види некако измамија, дај и некоја друга играчка или нешто со сака децава брзо забораваат барем кај мене тоа успева еве како иде кај нас: кога сме во игротека плаќам саат време па брзо поминува, и неможам да ја одделам од дечињата, плаче вриска, некогаш сама излегува кога и е досадно кога како, па и велам ајде мама ке ојме во маркетон мама да купиме киндер јајце (пошо многу обожава) и фрла играчки и метла надвор, второ: чуваме куче, и кога вриска надвор и велам ајде мама да го нараниме ООскар да му купиме храна, ајде мама земиго тоа за Оскар и така, се само со мамење иначе и мојата не е нешто подобра
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.