таман работа да дадам антибиотик на непроверено. леле како можат вака да си дозволат..да сум мирна планирам на уште едно место да направам..
А како знаеш кој резултат е точен? @eli25 Не си ти виновна, дете е ќе настинува, ќе се разболува и слично. Не барај вина, едноставно прифати се што ќе дојде. Нареден пат ете со чизми ќе скока. Според мене подобро е да скока макар и босо отколку да не му се израдува на вирот, така да не си несовесна затоа што скокало, баш убаво што скокало и било радосно!
Ели бе мојава у двор трча боса низ прскалката и од глава до пети е водена и она и другар и. Деца се разболуваат од вируси и бактерии, не од вода уживај, одете на лекар ќе даде лекче и ќе пимине, остај дете нека скока.
како што периодов мн мајки се пожалија на погрешни резултати од авицена.второ за да ја има таа бактерија што воопшто не е наивна треба да има некаков симптом.секако јас да сум сигурна денес правев и у пролече брис а планирам и во уште една лабараторија да направам па ќе споделам што како. нормално од 2 места земено брис не можам да сум сиг 100%. - исто и асо ме советуваат да проверам па можно е и тоа да го направиме.
Зависи од што е. Последниот пат кога имаше синко, кс чиста, матичната рече најверојатно алергиски и со сируп за алергија и инхалации поминавме.
Мајки, керкичката ми е 2год и 2 месеци, сабајлево се искака со плачење и брзо дојде да ме прегрне со плачки, потоа не оставаше да ја избришам а не пак да ја измијам, си реков дај да ја видам, и шо ке видам , црвенило, не остава да ја чепнам долу, прв пат се соочувам, па некоја крема, совет.
Не мора одма крема. Избегнувај памперс, избегнувај вл марамици, одмивај со вода или со камилица и ќе се повлече одма. Ако не заборавам ќе ти пишам која крема ја имам јас покасно нз како се вика треба да видам.
Нз кај да прашам се напи на два пати расипано чоко млеко рокот е ок ама смрди дали има нешто што може да дадам да не има пролив и повраќање да не му е лошо ох нз што да правам
Не. Заспа сега. Многу ми е страв. Ја па никогаш не пробувам прва, проверувам рок само и толку. На два пати се напи и се смршти па пробавме и ние, ептен страшно кисело, горчливо и смрди. Одма се вративме во маркет, наместо да ни се извинат фала ни рекоа што сме ги известиле и се јавија кај шефот ги тргнаа. Значи буквално на се да пази човек. Рокот е ок и паковањето не е воопшто оштетено. Слушам му клокотка стомакот. Се надевам се ќе биде ок...
Мајкии ќе ве молам за совет.. во животов сум немала олку стрес..детево ми се смени зс еден...послушен беше многу ме слушаше...се со зборење со убаво ќе му кажам немој сине вака он добро..незнаам дали ми го урочија детево..сите ми го пофалија машала колку е умен како слуша ова она незнам што да кажам мајками вика да го носам на бајачка на очи бил фатен...абе цел ден урла плаче...се тегне доле паѓа...навечер во сон дури тера инает и плаче бришти..попудслев неможеме да излеземе со него никаде ..вчера ми исттча пред кола рипнав и ја свиткав ногата....кривам сега толку сум нервозна дури дијазепами пијам сакам детето да ми се врати како што беше...де нешо бара за пиење за јадење и фрлаа диле истурс неможам веќе ролку сум под стрес паднав во депресја веќе немам воља за ништо мерак мие да излеземе да го прошетам..ама тоа ми толку стресно циркузи прсви плаче вришти дете секаде...ќе де мрднам мајки неможам повеќе.. про ѕвам се да му удоволам ме команда динеси ова стај ваму седни датму и пак плаче се му смета нешто..неподносливо е ова..се мислам на психолог да одиме не се издржува повеќе..ептен манипулира..дсли го размазав од толку ќејфови правење..зашто не јаде па се мие жал за да касне нешто и месечината би му ја симнала..и да му направам ќејф и да не му направам пак плаче урла..толку нервоза има во него а толку мало дете премногу нервозно кога плачее жар црвено е стташноо мајкиио неможам веќе некој ќе рече плесниго за ќитек е ама неможам да го удрам и се во мене нервозата е вчера дури се рацете ми се тресеја додека го пресоблакав зошто мокср беше една капка имаше и урлаше се тресев дури....
Мајка како прво смири се се гледа по постот мн.си нервозна. Сите деца минуваат низ фази и го знаеш тоа. Дали ти оди детето во градинка? Можеш да пробаш да видиш ќе има ли ефект. Продолжи да му зборуваш и понатаму со ќотек ништо не решаваш Јас би консултирала и стручно лице.
Благодарам за одговорот се консултирав..свесна сум за фазите..но вака никогаш не било..од градинка почнува од понеделник направувме пауза неколку месеци зошто многу беше неарен но сега ќе иде .по цел ден е со мене и тоа прави повеќе да манипулира со мене така ме советеше и псиХолигот..се плашам да не биде ова долго вака..неможам да издржам да си го гледам детето нервозно.ќе видиме како ќе биде со градинката се надевам ппдобрро ќе биде...
Кога не сакаат да се бањаат децата ги бањате на сила? Три дена не е бањато и ај демек на сила сега колку толку вода да го помине ама не можев да го додржам. Да не гледа некој од страна ќе не пријави за семејно насилство. Ова е втор ваков период па знам ќе помине и ќе сака пак да се бања ама што до тогаш. Во градинка ќе го приметат дека е небањато. Да го држам ептен силно ќе го боли и ќе има ноќе тантруми. На секаков мил начин пробав ама џабе решено е дека нема да се бања.