Можеби сте пишале, ама да не барам сега...тие што користите ацидосалус за децата, прскате во грло и нос само кога е детето настинато, болно или редовно секој ден, превентивно?
За да пррбаруваш користи ја лупата горе. Ќе го напишеш зборот по кој сакаш да пррбаруваш и ќе ти ги даде мислењата поврзани само со тоа. Инаку јас секој ден прскам, превентивно. Бејби оригано плус.
Провен пробиотик како се даваше ? Сум заборавила Што давате при болка на стомаче кај маливе , се жали малава и кенкава е , беше настината неделава можно и од тоа сигурно , т.е уште не е ни дооправена , ама да и олеснам бар малку
Некој домашен лек/препарат или намирница за исфрлање секрет? Малото е мрсулаво (извинете на израз) веќе цел месец, а од вчера ситуацијата пак е обилна како на почетокот. Не сум навикната да е ваков, секогаш, фала богу бил детенце без растечено носе, затнато или било што (ова дека не оди во градинка знам)... и сега не оди а како сме вратени од одмор детњ кашлаше, секрет, нос затнат..крвна слика од пред две недели топ, стрептокока брз брис негативен...доза сируп за кашлање испиен, прскав и марисол....ај некако се гледаше крајот и наеднаш пак затнат нос и секрет до бескрај, се осеќа дека му се слива и надоле, го голта или го закашлува.. . Еве го спие и едвај диши, полн е ...
Септоназал, ама не аква, 7 дена. Јас прскам од саботата и за 2 дена се поднамали секретот. И прекина да кашла, да се закашлува, се давеше од секретот дури. Мојот е во градинка и како почна одма почнаа и мрсулите. Насабајле прскам Ацидосалус, на пладне кога си иде септоназал. И мачкам на гради Експулмо маст за настинки, на сите ја кажувам таа, на грпче, на гради, на челото и носето, зимно време после бањање обавезно.
Да го пријавам и синко во деца што не сакаат косата да ја мијат, уште кога му кажувам дека одиме да се бањаме не коса ми вика. Вчера дури помислив дека ушите го болат па затоа не сака косата да ја мие, а кога не му ја мијам косата не можам да го извадам од кабина. Иначе вчера изгоре од тт, над 39 качуваше, денес и пролив има, а температурата 37.2 му седи. Не знам дали да го носам на лекар или да почекам. Што мислите што да правам? 3 дена во градинка, 1 недела дома, полудев више. Дали по него да трчам или по бебево што кога е будно само во раце ќути, иначе плаче
фала ти. Ќе купам се ова од аптека, некој ми рече и бејби масло од оригано имало некој спреј разреден.... се ќе пробам, се мачи дете, цела вечер не спиевме од секретот...
Мајки, едното ноџе на керка ми и е послабо, едното е супер нормално, ама ова другово е слабо и се примеќа, ако убаво се загледаш се примеќа. Имам ли простор за паника? Не куца, си скока си трча си игра, не се жали за ништо. Го приметивме уште ко прооде, па и направивме ехо на подебелото мислевме да не е нешто сериозно ама супер се си беше, и се како расте се повеќе се примеќа
Септоназал и оперил се малтене исто. Не се користи долго затоа што ја уништува слузницата во носот. Ќе му помогне посебно за спиење ама внимавај. Повеќе од 5 дена не ставај.
Да, знам за пребарувањето, обично барам, но кога не наоѓам или немам време, прашувам вака.. благодарам за одговорот..
Еве го и мојот затнат а замириса на есен он неможе да дише ноќе секој спреј пробан, со мукоплант мачкам на перницата близу до носето ќе му помогне моментално и пак се буди. Бара во раце да спие кога е затнат тоа му помага дека исправен ама мене раце ми паѓаат тежок е веќе Ако сте нашле некое чаре ве молам споделете
Исецкај кромид и ставај покрај главчето во танирче ( ќе пазиш во спиење/вртење да не го бутне ). Неколку вечери по ред ставај слободно. Мукоплантот стај лажиче во зовриена вода во тенџерче и остај ноќта дур спие нека испарува. Пушти врела вода во вц и дур е така спурено вц избањај дете со малку потопла вода. И можеш и мукоплант во тенџерче зовриена вода да стаиш во купатило и дур се бања дете ќе дише од мукоплантот. Напуни када и нека се бања во потопла вода.
фала ти на совет. Не планирва повеќе од два три дена да му ставам. Секако вчера вечер беше далеку подобра ситуацијата со две прскања дента.... уште денес ставам и престанувам.