Тоа заливање на забите што е всушност? ги стругаат прво забите? Глеѓта ја чепкаат или врз забот директ? Како пломба доаѓа или ?
Кога прашав каква е процедурата, дали со инструменти работат бидејќи ако е така мојата нема шанси да даде. Ми рекоа дека тоа е един вид на паста/ смеса што ја праваат и со прст ги премачкуваат забите после тоа оставаат да се исуши и се плакне устата. Постапката се повторува на некој си 3-4 месеци бидејќи со миење на забите се троши.
Мислам од годинка ми рекоа во аптека. Односно откако ќе се воведе мед. Јас му давам на мојов, сега го пие второто шишенце. 2 години и 2 месеци е.
Не е тоа залевање. Залевање е сосема друга процедура, ова кај вас е премачкување со гел на база на флуор. Не се троши, туку со плакнењето на устата се измива, а има за цел зацврстување на забите. Дискутабилно е колку е ефикасно, и јас го применувам, ама не сум забележала којзнае каков ефект, затоа и ретко го применувам. Повеќе е до тоа дали родителите ќе ги слушаат понатамошните совети - да четкаат децата редовно, да исфрлат шишиња со цуцла, да се прекине пиењето сокови и јадењето каши. Залевањето е друга процедура која се прави на трајните заби, се чистат површините со четка и паста, се нагризуваат и се затвораат со специјални средства залевачи, за зачувување на забите. Но не секогаш кариесот започнува од гризната/џвакалната површина, многу почесто започнува странично, поради тоа што немаме навики за редовно чистење со забен конец/интердентални четки после секое јадење.
Како ми објаснија така пренесов .кога ќе излезат и 5ките ке ја носам па ќе видам како ќе е. Ми рекоа дека тоа заливање го практикуваат кај децата што се во училишна возраст кога ги носат на систематски и Дека со тоа всушност се пополнува забот и го покрива тој дел каде што неможе и четката да помине. Жената е детски стоматолог вајда знае што и како треба. Исто ме советуваше да исфрлиме шише со цуцла и дел од храната како смоки и други грицки да ги сведиме на минимум.
Значи сепак пломба ставаат, поточно двокомпонентни пломби, наречени гласјономерни цементи. Може и тоа да упали како заштита, ама паѓа од забите при јадење. Во ред, како ви кажале, така правете.
мајки немам купувано сирупи против кашлица за мали, сум немала потреба а и мал бил. ноќеска мн кашлаше, кој сируп би ми го препорачале, 2ипол год е.
Синко кашлаше и бевме да го види Драгана. Го прегледа и ни го даде сирупот за искашлување од Бршлен. Најдобро е прво да го слушне педијатар па според прегледот да одреди кој сируп и начин на дозирање.
Imavme eden den tt bez nikakvidrugi simptomi na nastinka .Mi krena tt noke I sabajleto imase I dadov paracetamol sirup I veke ne krena. Sovet? Od sto moze da krene tt eden den,zabite site giimame. Nastinata ne e.
Ах овој период ни е хаос само плачење урлање,период арни сме период не..се на инает е кај и да одиме се е со тегнење он се наредува јад неможам да го лонтролирам тоа со убабо му зборам немој срамота он не ме рецка.некогаш привикувам кога ме ваѓа од такт..нејќе за рака се тегне сам на улица сите гледаат у нас се смеат дури ми зборат ја сум била крива не сум удпеала да го воспитам сите ме навредуваат лоша мајка сум неспособна уште повеќе се нервирам на секое негово плачење..многу сум нервозна знам ми се плаче мајки дали вам ви се случило да се осеќате беспомошно во лошите периоди на тантруми со вашето дете и сте добивале вакви коментари..дури и мм ми вели опседната си со дететото и се нервираш затоа вака правел ако некој сака разговор нека пише во лп..може не е за во темева ова..преместете...позз мајки
Како јас да сум го опишала моево и се тешам дека е во фаза кога сака да покажува свој став и да испитува граници и дека ќе смени во блиска иднина.
барам низ аптекиве молерс нигде нема. можеби знаеш каде има или друг некој ако знае да ми пише. конкретно виола и дм барав а да и во еурофарм ама нигде немаше.
Немаа резерви периодов, допрва ќе нарачувале, минатата недела зедов од Еурофарм зад ГТЦ спроти Соравија, имаше уште три шишиња останато. Верувам дека ќе донесат пак, во Виола е иначе најефтин, 890 денари. Во Еурофарм е 950, во ДМ мислам дека е над 1000.
Еурофарм немале во магацин. Ќе проверам и ДМ, ма да најветојатно пак ќе си ја купам омегата на хелт еид, пролетта ја користеше синко.
Во ДМ ти е најскап, 1050, во Виола да провериш тие обично ја имаат, а некаде прочитав и Бети аптеки имале.