Оваа многу ја фалеа, може да ја земам да ја пробам. Туку мајки ние волку суплементи не сме пиеле како деца, едни перли рибино ако ни дадат и толку. Ова ич не е арно, ама иди остај го без ништо да те видам.
Ич не ми се оставаат без ништо. На ова загаденово ништо не ги штити. Јас давам Молерс, ацерола и пробиотик. Толку.
Педијатарот ме советуваше да не давам имуностимулатор. До 3,4 години ,тогаш вика се развива имунитетот и може друг несакан ефект да направиш. Па да го допие бимуналот ,ќе почнам со омегата, вит Ц и пробиотик само. И вигантол секако.
А бимунал нели е имуностимулатор. И мене ми рече не давај, ама не послушав бидејќи страшно многу се разболуваше, 3 бронхита во месеципол, немав избор. За воља на вистината Дефендилот многу помогна. Со шубе давам ама тоа е.
Тотално без ништо, веќе 3 години е скоро, освен ако се рачуна витамин Д и мед. Ако сте ме читале до годинката многу се жалев што често се разболува, ама со тек на време се среди. И сега не дека не се разболува, ама поблаги се симптомите, еве 2 пати спушта на гради во последните 5 месеци, еднаш и грлцето му загнои ама така поминавме само со инхалации, без антибиотик.
По препорака на педијатарката само Молерс и витамин Ц давам. Кажа дека е сосема доволно за дете зимово и со оглед дека иде и во градинка. Непосредно давам мед, овошје и зеленчук. Сметам е сосема доволно. Пробиотик никогаш не сум дала во овие 2ипол год.
Јас давам KidzOmega некако со тој почнавме за зимски период и тој си го терам. Има и Омега и Д3 и витамини (А, Ц и Е). Лани му давав Бимунал и не видов некоја разлика. Годинава не планирам да давам имуностимулатор. Сега пие Пиковит што му го дадоа кога имаше варичела. Да завршиме со шишето и ќе престанам со мултивитамини. Ни дадоа Омега 3 рибино малсо во ЗОО пред некое време и не го сака ич.
Затоа ме интересираше оти јас давам од перлите со рибино и д3 и ацерола. Сакав да знам дали е доволно само тоа па да ги сменам перлите со молерс. Фала ти
Загноено грло само со витамини? Гној е инфект, тоа со витамини не се лечи. Јас бев во заблуда мислев имуностимулатор е доволно, не давав друго, ама есенва дете се случи да не ми јаде ич, уште не е опраен ама пак поткаснува веќе, имам една аптека кај што има вработено докторка и со неа се консултирав, она вика дека во имунобустерите нема витамини и не е грешка односно е препорачливо дури и витамински суплемент во ваков случај. Тоа што ми го препорача го немаше кај неа и отидов во Зегин земав, и верувам многу и многу е стручна, па затоа земав и тоа и тоа. Според неа не постои можност за предозирање ако не се испие цело пакување наеднаш, ако се земат 2 па и 3 дози наеднаш по грешка не е прблем, ќе се исфрли низ мокрача.
Знам, ама ете му помина, немаше Т, го носев за кашлањето и докторката виде загноено грло, направивме кс леукоцити 15, решивме да почекаме, по 3 дена немаше ништо.
А бе јас ти кажувам како беше, виде и докторката, видов и јас со свои очи, твое е дали ќе ми веруваш или не, мене апсолутно не ми е битно. Муабет си правиме, не мислам да докажувам нешто.