Едноставно стави пелена ноќе и не му создавај притисок на детето. Не му е спремен организмот да држи урина толку долго. Што и да направиш дење тешко дека работата ќе се промени, не го карај или нешто, уште толку негативност ќе му набиеш. Не е ништо страшно, ниту за секирање и нема потреба да го мачиш детето и самата себе. Пелена ноќе се трга ако насабајле пелената е сува една недела по ред. Остави го, ќе си дојде времето кога организмот ќе му е спремен.
Како се справувате со вашите двегодишни деца? Син ми е 2 години и еден месец. Во текот на еден ден знае да биде многу умен, ме слуша, си играме заедно, сам се заигрува, тргна сега скоро и во градинка, таму кажуваат дека е супер, ама на моменти знае да биде буквално неподнослив. Фрла играчки, плаче, вика и се лупа со главата од страниците на кревет. Ова посебно ме нервира. Ќе седне на кревет и онака ритмички почнува да се лупа напред назад. Сум пробала и со игнорирање, и со повишување тон и со убаво, полека зборување. Не и не. Како да знае дека се нервирам и упорно го прави тоа, мисли дека е игра некоја. Штом се завртам накај кујна пример и оп, одма почнува. Фаза ли е, што ли е, утешете ме дека ќе помине
И мојот е 2 години. Пуштам цртани (порано гледаше прилично) само за викенд за јадење бидејќи со нас несака да јаде нњ уценува со цртани,обично за доручек за другото нема проблем. И он се најадува за 5 мин.јас го гасам и му викам еее снема батерија или чичкото го исклучи одма се помирува си вика и он ееее батерија нема,пушти чичко цртан (си има нњкој замислен чичко и за све он е крив ), пробај и ти викај и дека нема батетија и нека не го гледа телњфомот околу неа.
И ние нешто слично, му пуштаме 20тина минути да погледа и после го гасиме ви-фито и му велиме -лелее го исклучија интернетот од Вип, па се “јавуваме“ во Вип зошто ни го исклучиле и тие кажуваат време е за спиење, или имало невреме во Скопје, се скинала некоја жица и сл...
Ние ја плашиме со комшијата А дечкото е баш фин. Уште да знае тв не ја занима, ама почна многу да растура
Вие модерни со чичковци, ние по старски со сукало па сега кај шо одиме на гости си прашва дали имат сукало
Ние и волкот го викаме по потреба Прееска не сака да спие. И тропам по ѕидот и одма вуна, се шушна во татко и и за 5мин ја снема
Хахаха, што да правиме, мора со нешто да ги заплашуваме оти на глава ќе ни се качат. Кај нас беше и старо железо и полицијата своевремено, ама веќе и тоа не пали.
Хахаха смешки сите, а јас мојот со полиција го плашев и еднаш на улица го сретна и му појде му вели полицаец мирен сум. Тој се изнасмеа и го изгушка му вели да не те плашат со мене и јас сум мирен Да не сум офф, ги користи некој овие нови демек биле во Зегин и дали се добри за 3 годишно дете?
Исто и ние го викавме волкот, ама ме провали и мене како на Мама. Па сега и он ми тропа и ми вика ауу ауу , демек ќе дојде волкот. А баш ми беше ефективен волкот за пред спиење, ама ништо, кратко траеше.
Јас гасам светло еднаш (не сакаше да спие) и викам: бубоооо Сара не сака да спие, бубоо И само слушаш гласче: бубооооо ваааааа И така.. сега сама гаси светло и ја вика бубата. Ние мака имаме со таа бестрашност, неколку пати (нз што и ме натерало да станам, може и тропкала), ја имам начекано во дневна сред ноќ како си игра Мм ме буди еден ден во 7 дека тогаш оди на раб и ми вика дојди дојди да видиш... кога гледам Сара на тепих во дневна со кебенцето спие, станала поиграла и заспала Еднаш креда си земала и цело биро си го ишарала во 4 ноќеска (тогаш ме разбуди тропањето на кредата) и така... вака често си станува... @WomanInLove трпение Период е жими се! Накај 2 и 7,8м, макс 3 ке имаш друго детенце. Најтешки се овој период до тогаш, разбираат, а не разбираат И мојата е 2г и сега ми е најтешка... Од искуството со синчето и тој оваа возраст беше најтежок, па накај 2ипол се смири. Ке се развие мозоче, ке почне да разбира повеќе, ке можеш да се договараш за се. Сите исто ми викаа.. и така бидна со синчето... Само трпение, разговарање, за после 3 да имаш супер послушно дете. Колку и да мислиш не слуша, зборувај смирено, никако со викање! Слуша и тоа како
@mariz фала. Се обидувам што повеќе да имам трпение, ама некогаш се случува и да се развикам. Прво ми е, па затоа изгледа Само ова со лупањето глава ме нервира, ко да сака да привлече внимание. Ааа и да, бестрашен е и мојов. Едно време се плашеше од чадорот, па кога го пипна виде дека нема ништо страшно и сега со ништо не можам да го заплашам