Кога како е уморна и од тоа зависи како палат финтите. И викам ноќеска дојде волкот и она „аууууууу“, го имитира Циркузи се. Се разбуди сабајле плачејќи и сама си вика „зошто плачеш“
Околу 180-200ден На муабет и ние сме бестрашни, а во реалност од магдоносот во супата се плашиме. А од ништо не се плашеше до лани ова време, ама лани го чуваше жена и она го плашела со кучиња мачиња бубачки и сега и од мува се плаши. Мака имам невидена со реалните стравови, а вака кога треба да спие не и не, он по негово да си истера.
Затоа не сакам „реално“ плашење. Едно време надвор кога одеа мајка ми за да не и бега бебе и викаше таму е волкот, па почна да се плаши да оди на некои места. Одма и реков да прекине.
Здр мајки ај да се пожалам малку..од кога почнаја вашите деца да не преспиваат преку ден и дали е нормлно помалку од 8 часа само вечерта да спие оддамна не спиеме преку ден..во градинка удеме ама со настинките една недела во месецот одеше и толку не спиеше преку ден ама легнуваше порано сега легнува тек во 1 навечер и тоа едвај заспива во кревет угаснато се он си збори си рипа никксов замор нема...без преку ден воопшто никаква дремка сабајле до кај 9 ќе стане..некогаш порано..ако заспие порано накај 10 се буди во 12 навечер и до 4 сабајле неможам да го заспијам станува си игра...се мислам малку муе спиење а цел ден е активен не застанува ни минута освен ако изгледаме некиј цртан пола сат тогаш само е мирен...му давав едно време бедоксин по сивет од педијатар за доцнење во говорт и ми напомена дека од замор нема концентрација и дека такви биле хиперактивните деца ова пред две години да наполни..во фебруари ќе прави 3...и со спиењето е се бетер..некој со слично искуство..позз
Моето има 3 и 8м скоро и уште преспива преку ден. Нема сакал нејќел, гасам тв, телефони, спуштам ролетни и во пиџами во спална да спие, претходно или лесна ужина или лесен ручек, кажуваме приказна на мечето и заспива. Бар 2 часа ги отспива а некогаш и повеќе. Навечер во 10 е заспан и до 7-8 спие, зависи дали е во градинка или дома. Јас не го прашувам дали сака или не, кажувам, ајде на спиење!
И јас му викам ајде на спиење угаснато се спуштени ролетни дури се преправам дека спијам и јас легнувам..но сат време гледам поминува он никаков замор ќе рипа ќе ми вика да станам и ако е толку темно не му вљијае тоа ич и така два сата и повеќе ни трае заспивањето...сум пробала така преку ден после неколлу сата заспивање што се вика ќе зсспиеше сст време ама после навечер никако не заспиваше и цела ноќ се буди...незнам веќе
Син ми спие само во градинка. Дома кога е не сака да спие и не го форсирам. Почна некаде пролетта (2 ипол години) да не преспива, па се додека не тргна во градинка сега од септември. Таму си има ред и си спие по 2 саати, не можеле да го разбудат учителките. За викенди не можам да го намолам да легне. Оди и најди им го крајот.
Исто во градинка спие..малку покасно им заспива ама спие...ама пошто спиел таму дома пак навечер неможам до 1 да го заспијам и навелер се буди..пошо дечкото дремнал малку па се наспал
@Maremama Кога ќе заспие вечерта во 01:00 сабајлето разбуди го во 06:00 или најкасно до 07:00. Ако спие до 09:00 нормално е да не преспива преку ден и вечерта да заспива касно. Секој ден без исклучок буди го рано! Утрото е најубавиот дел од денот. Не сфатив дали сакаш или не сакаш да преспива преку ден. Ако не му се спие нека не преспива, не може со сила да преспива.
Фала на советот не сум пробала да го будам толку рано ивие три недели...за во градунка го будев во 6 ипол ама пак вечерта исто во 1 или 12ипол најрано ако заспиеше сакам само нормален ред да си фати на спиење немора да легнува преку ден ама бар навечер во нирмално време да заспива ова нашево за нигде е ..и летово кога не идеше во градинка рано стнувавме во 7 и пак неможев да го заспијам преку ден. Не беше заморен воопшто а ако бевме во количка знаеше во нуедно време да заспие накај 7 вечер и ќе стане за сат и вечер журка затоа и пешки сега одиме секаде више не користиме количка за да се узѕмори повеќе па да заспиедома во нормално време ама јок ..може е до мене не сум упорна доволно..ако веруваш мие заморно и мене со спиењево немоѓам обврските рат да ги завршам и се..
Здраво сезнајки На ќерка ми сакам да и земам масло од семки од грејпфрут. Некој што дава да ми каже како сте задоволни. Фала
И ние се плашиме периодов. Само кога се треска од земја.. слушај, грми, дедо боже се лути на децата што плачат, тој не сака да плачат деца. За спиење нишо живо не ја плаши. Ајде да нанаме, не сакам нанам, после нанам, или утре нанам. Тропам некогаш на врата, демек полицаецот, ама не и значи нешо. Ајде ќе издржиме ваљда.
Девојки на малиов пред неколку дена приметив под очите ( подочњаците), му се зацрвенети. Не знам од што ми можело да биде. Вака друг симптом нема белките се добри не му солзат очите, само тоа под окото му е црвно. Има ли некоја од вас вакво искуство 2г и 5 месеци е.
Ako negoeda podolgo vreme crtani ili pesnicki na Telefon,tablet,televizor,proverete krvna slika,kaj nas bese taka zarveneto,hemoglobinot bese super 126 no zelezoto epten slabo 1,stom Se normalizira zelezoto hi odnema I crvenite linii pod okoto
Изгледа и ние го имаме од многу скоро истиот проблем, почна да си ја удира главата, не онака напред назад, туку како да сака да се повреди за да има причина да го жалиме или да му попуштиме. Многу сме уплашени со маж ми, не знам дали е за психолог работава. Он е многу послушно дете, збори, пее, се си разбира, немаме проблем ни за јадење, за легнување, бањање и сл. Единствено тоа го прави кога не сака да се прибере дома од шетање или кога му станува ама ептен досадно, а кога му е досадно намерно почнува да прави нешто кое знае дека не смее да го прави, нешто опасно, па за да привлече внимание. И кога ќе подвикнеме НЕ или НЕМОЈ, тогаш го прави тоа, гледа кај да се мавне. Претпоставувам дека е негова тактика за биде по негово или за да привлече внимание, но мене ова однесување ме ужаснува, а не се случува секој ден, ретко, кога ја има причината, ама пак, многу е жално за гледање. Јас пролетоска на роденден видов дете кое цело време тоа го правеше, во 2 саати роденден детево пуздер се направи, изгледаше многу страшно, само тоа дете единствено не играше со другите деца, цело време како да бараше место кај да ја акне главата за да му тргне плачката, мајка му и татко му сироти само пазеа да не се расцепи, инаку делуваа како одамна да се соочуваат со тоа однесување и некако рамнодушно дури. Еве сега за сега веќе 5-6 дена нема така направено, инаку ова почна пред помалку од еден месец, па се надевам дека и нема веќе да се повтори.