Еве изиграваме циркузанти, претураме вода од чаша во чаша... Вода давам исто.. по некоја голтка пие..
Може и стомачен вирус да е, ама шлајмот е секрет од носот или грлото. Следи ја, давај течности голтка по голтка, ќе помине.
Едвај се помочка после саат ипол чекање Океј и се и мокрача и крвна слика, некое вирусче ваљда. А тоа што мирисало изгледа во моментот била малку дехидрирана, па плус геловите во пелената затоа така тешко мирисаше, што знам
Направивме и крвна слика и мокрача и се е супер, мислев неможе да е од 5ки 39 темп ама изгледа сепак од нив е Денес не дигна повеќе од 38.5. А матичната вика неможе да е од заби..
@mariz обично од уринарна инфекција се крева висока температура. Ако можеш да и земеш пак да испитате уринокултура.
Дали стафилококата може да е причина за чести температури,кашлица,шлајмови?Кај големиот ја најдовме во носе,ама малово е костантно болежливо,таман ќе помине следната недела пак одново се
Може . Мм исто како бебе секој заб го вадел со минимум 38 тт . Син ми само 4-ки и 5-ки ги вадеше со висока тт . Ќерка ми за 5-ките до 38.5 тт достигна , но не повеќе од три дена ја држеше . Син ми се помачи повеќе денови . Сепак консултирај се со матичен педијатар , направи и уринокултура како што кажа членката погоре , па види какоќе биде . Се надевам ќе помине за брзо
Ми се осипа околу уста, на уста, јазик и над уста А на дланки и стапала нема ништо... Си помислив Коксаки да не е, зашто имаше периодов во градинката кај нив..
Значи сепак докторката била во право, не било од заби. Од заби не се крева толку висока температура. Може и коксаки да е, само поблага форма на осип. Следи ја да не се појават допрва на раце и нозе. А искрено, само преку крв може да се докаже што е.
И јас си мислам зашто имаше доста случаеви во нашата градинка... Како и да е бар нема темп, ама не сама да јаде.. изгледа ја болат тие внатре во устата.
Болат. Ако имаш од гелчињата за заби, мачкај со тоа. Ако не, метиленско плаво или бетадине за орална употреба. Назад, кон грлото нема?
Мислам дека има зашто на цела горна вилица има... Можам од ова? Зашто имав и дентинокс ама поима неам каде ми е. Еве слика од вчера, сега спие па ја чекам да стане да видам како е.