Немој да мислиш дека не ве регистрира, едноставно така и одговара. Фаза е. Плус и рсстењето со баба и дедо ( исто како и нашите пошто по 9 сати на работа нормално најголемиот дел го поминуваат со нив) доведува до разгаленост. Единствено внуче, цело внимание кон неа. Сега виде др начин на живот дека неможи да е по нејзино и покажува револт. исто беше и со мојата. Кога ќе ја карам или и зборувам да не прави нешто, таа менува тема. Кога беше колку Ева имаше фаза на "собирање играчки" односно сакаше да земе нешто од кај и да одевме и тоа не беше плачење тоа беше зајдување до снемување воздух. Зборав и со психологми рече фаза е само трпение, смиреност и да се обидам да и скренам внимание. И за во продавница истото го правеше ја одтавав да плачи и и велев да си одбери само една работа. Таа пикаше јас ќе и речев тоа го одбра и го враќав предходното. Така до недоглед додека не ставевме еден куп работи во корпа.сега е сосем поинаку неколку месеци и тоа како играат улога кај нив. Сега сама знае дека смее само една работа и си одбира.
Мислам врзано е со возраста, а не со седењето со баба и дедо. Немој да имаш грижа на совест, па ради тоа да си ствараш вакви сомнежи. Да може да видиш како прави другаркава, ќе видиш дека е до возраста. На се што прави твојата, моево ме гледа во очи и се смее. Ни висок тон не ја плаши. Како игра и е се тоа. Во маркет е ко куче пуштено од синџир. Нема што не сака. Рика, зајдува дур не добие. Го гледа веро и почнува лијафте, лијафте. Дур не земеме она не престанува. Од што е напорна стално заборавам се да купам што ми треба.
До возраста е @fana , тие им се бубачките. Исто прави и мојот како што опиша Кукла. Мислам некогаш мојот и на мм зборот не се регистрира. Он тера неговото и толку. Додека не го добие, и од земја ќе се треска. Како термит е. Мм шо вика вечито како да е на Ред Бул . А ако е внесен во нешто, некоја ,,работа,, пак исто, зборувај колку сакаш, он ќе те чуе кога му одговара. Период е. Ќе им мине ваљда. Зборување и само зборување. Нешто ќе упали.
Уште една утеха од мене, иста е и мојава. Ми се смее во фаца додека ја карам и и’ зборувам на повисок тон. Ако прави нешто што ја интересира во моментот, можам до утре да ја викам, нема да се сврти. Ако не е по нејзино, прави такви драми, што срам ми е да кренам поглед од земја. Се треска од земја буквално. Тоа е, се тешам дека е период и дека ќе помине
Иста возраст, иста ситуација. Кога сака не регистрира, кога не, не игнорира и се прави дека не не слуша. Се тешам дека после две и пол години, се полесни за преговори.
2г2м.. иста е.. Вчера плачеше зошто сакаше да ја извади навлаката од перницата. Нормално не можеше сама, јас не и помагав зошто само што ја ставив. Плачеше, го преправаше гласот демек силни плаче, со давење, се фрлаше буквално на земја, на колена па со раце маваше најсилно што може, за да се осигура дека сум ја чула, па и по лице си маваше шамари... и нормално само со игнор се смири. Тука бев, ја ѕиркав под око, да не се повреди, зошто знае и да зајдува. Ама типката не зајде, тоа и е изгледа само кога добива премногу внимание. Вака сама, нема смирување, нема давење.. Се смири побрзо него ли кога јас пробувам да ја смирам. Денес еве е ок горе доле. Ама ноќите се хорор еве веќе 3 месеци. Од вчера кога стана на ручек кај 4, до прееска до 7 беше спиена само 6 сати.. И тие 6 саати со плачење на секој саат. Вришти се тегне клоца бута... и така секоја ноќ. Сабајле не сака да се мие, да се облече, не сака да јаде, не сака пелена да смени, ништо... Нешто ќе замисли и мора да го исполни. А во глобала е срце дете, кога сака и кога е послушна, ќе помислиш дека има 5 а не 2 години.
Кога е најдобро да се направи контролна крвна слика и брисеви,после пиен антибиотик 10 дена ? Ми рекоа 5,6 дена откако ќе заврши антибиотик, доволно е?
После 7 дена од антибиотик ни кажа педијатарката. А, еве и на гугле на повеќе статии пишува после 7дена од антибиотик. Консултирај се и со вашиот педијатар.
Мајки, еве трета недела како одиме во градинка, од втора недела растечено носе, црвени очи, кашлица (не многу често), тт нема, други симптоми нема, за јадење си јаде, ја однесов на педијатар направивме крвна слика ни рече сирупче ни го даде тој од бекутан со омега 3 и проспан ама веќе една недела како тапкаме во место, ништо не се смири, барем носето да престанеше па би сакала по некој совет, 2.5 годинки сме
Ако ти кажам дека 3 месеци им тече носето?Ај поголемово има појак имунитет ама малово 3 месеци е со нос растечен.Чим се си е ок ќе помине.Немај гајле
На сите им тече носето овој период, кај син ми во градинка сите се размрусулавени, бебето дома исто, носе како чешма, само бришам. Тоа не значи дека имунитетот му е намален, туку промена на клима, дома топло, надвор ладно, се прилагодува организмот. Прскај спрејче кога ќе се вратите од градинка да ги испереш нечистотиите и тоа е се.
И мојата си има мрсули весела си е јаде пие нема ништо. Али шмукаѓе мрсули со пумпица и спрејче синомарин и толку. 2 год и еден месец има. Јас чекам варичела сега иначе во група кај ќерка ми две деца имаат. Аман!
Сакав да ти пишам уште вчера. Супер сте штом вака минувате. Спиранто се океј ако е затнато. Само носе ако тече, спрејче е доволно. Мојот првиот месец беше секоја недела со Т. Секој десет дена, тек сега се стабилизира. А носот тече па престанува. Освен Оригано спреј ништо не ставам. А не го сметам и за нешто сериозно. Се мешат со деца, нормално е организмот да реагира.
Какви се овие лепенки и за што се наменети? Не сум ги видела до сега па би сакала да знам за доколку ми притребаат.
За затнато носе мила. Се лепат на блузичката или пижамчињата како фластер. Чинам 4 часа им беше дејството. На ментол мирисаат. Ставав на мојата кога беше помала, помагаа.
√ Go olesnuva disenjeto √ Go odzatnuva nosot √ Go suzbiva tecenjeto na sekret od nosot Sodrzi etericni masla od eukaliptus, nane i lavanda Sofi, ti Go sliknav upatstvoto , jas snosti i zalepiv pred spienje zato so pisuva deka traat od 6-8 casa ne znaeš kako mirisaše cela soba na eukaliptus ima efekt od samo Edna lepenka, vecer pak
Фала ти многу. Јас мислев се лепенки како за возрасни и директ на коѓа да се лепат и затоа се збунив. Ова има идентично дејство како Мукоплантот маста ако не се лажам и како маста на Мустела. Јас Мустела маста и Мукоплантот само до сега сум ги користела и незнаев и за овие. Сепак ќе ги купам нека стојат за вакви ситуации. Само кажи ми во кој аптеки ги има?