Здраво сезнајки. Подолг пост ќе биде за да објаснам. Кај ќерка ми во градинка има две деца со варичела. Синоќа кон 10 се исфрла на рацете и нозете на лицето и трупот не. Ептен ситни брунчиња како полазено од инсект. Заедно со осипот крена тем 38.5. Отидов на дежурен ми рекоа варичела е. Се вратив дома дадов сирупче тем падна дете весело си заспа најнормално цела ноќ немаше тем а нема ниту денес цел ден. Сабајлево кога стана имаше уште плус малку исфрлано па на своја рака дадов лоратадин. За брзо време осипот почна да се повлекува и сега нема ништо. Весела си е јаде и пие ко секогаш. Сабајлево бев до инфективно рече вироза е, но не е варичела. На крвна слика покачени се само лимфоцити. Имате идеја што можеше да е? Ако е алергија, зошто тем? Ако е вирус, зошто само еднаш крена тем? Не може да се вруќници зошто навистина не беше наоблечена, а ни во собата не беше жешко. Башка што 38.5 тем не се добива од претопленост. Имате слично искуство?
Моево исто фати варичека од градинка. Беше исфрлана. Јас мислев не е многу, ама двајца длктори реагираа Ухуууу убаво исфрлила. Во исто време фати и братучедка и, со која се заедно во група во градинка. Многу малку беше исфрлена, дали 5 брумчиња имаше. Исто прво и рекоа варичела, па следен ден изгледа не е, може алергија..... Мајка и ја мачкаше со пудра, се изгубија тие. На крај не знаеше дали детево прележало или не. Па еден доктор и рече дека и бил јак имунитетот и лесно поминала.
Варичела не е. Ако осипот се повлекол, нешто друго било. Преку крв најточно се дознава, ама кај нас не прават такви испитувања. Големиов без температура и лесно ја прележа варичелата, со неколку брунки на стомакот и главата, од внатрешната страна на очните капаци. Ако траеле брунките барем две недели, тогаш најверојатно е варичела, ако се изгубиле за два-три дена, не е. Како што пишав погоре, само преку крв се докажува, со испитување антитела.
Да, јас одма и реков преку крв да проверат. Ама не сакаше да малтретира дете. Некако викенд се погоди. Знам викаше само две брумки стоеја едно 5-6 дена, а други немаше. Да е мое, би проверила антитела. Вака не знаеш на што си.
Баш погоре имаме коментирано за овие лепенки, на пижамите шо поблиску до носето, сум ги користела, и мене педијатар ми рече половинки, ама некако ми е несватливо, херметички се затворени, кога ке ја отвориш лепенката веќе нема назад, ако ја пресечеш, другата половина испарува во рок од 6-8 часа, така де не е употреблива, барем јас така мислам, ако има некој може слободно да ме поправи, и затоа ја ставав цела
Јас пола ставив стварно многу јаки, ама некое подобрување нема Се мислам да ја додадам и др. половина По некоја логика и таа ќе има ефект толку време ама ај налет пари да му олесни само.
Пред некоја вечер и ставив. Три вечери по ред. Сама бараше. Незнам дали случајно, ама после првата беше следниот ден кукурек. Таа и јако мирисаше. Другите две некако не мирисаа толку јако. Проблемот беше ксј нас што си легнува со одзатнат нос, ама веќе накај 4 почнуваше да крчи од што и беше затнат носот и се будеше. Со три лепенки се средивме.
Не знаев во која тема да прашам. Ацидосалусот од отварање до кога можам да го користам? барав рок не најдов на самото пакување.
Мајки еден совет или искуство... Косичката на малата мислам дека многу споро и расте... Девојче кое е родено година по неа веќе има подолга коса (а немаше ич и тоа), а она од 1ви род до сега (сега е 2г и 2м скоро), косата дали 2,3цм и е порасната за 1г и 2м. Девојчиња со неа што се тука родени веќе имаат коси подолги од рамена. Може да е од некој недостаток ова или едноставно така споро и расте?
Не е ништо. Споро расте едноставно. На другарка ми малава до 2 год беше буквално без коса, сега наеднаш и порасна убаво косиче. Ќе порасне Мариз и јас сум немала коса до 3 год, а сестра ми помала од мене до половина.