Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.306
    Допаѓања:
    68.017
    Пол:
    Женски
    @fana како е ситуацијата, се подобри ли?
     
  2. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.489
    Допаѓања:
    120.199
    Пол:
    Женски
    Да, има напредок. Не очекувам да се однесува ко возрасна преку ноќ, ама подобро е. Фала што не помисли реин:hug:
     
    На kukla21 и RainBow им се допаѓа ова.
  3. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Малата моја е 2,5 години. Денес прв пат на два пати се случи нешто па барам совет од вас. Еднаш кога стана само што се разбуди и почна да вика. Мамо кој е овај голиот човек на спалната. Ја убедував дека нема никој таа ојде и ми вика еве го. И кажав дека нема никој. Не обрнав многу внимание мислев можеби од сонот и е нешто. После тоа кога ручавме со трчање ојде во спалната и почна да вика. Мама дојде еве го павел. (Другарче нејзино) и викам каде Надја. Абе мамо еве го на креветот скока дојди бргу. Ме зеде за рака и отидовме во спалната. Почна да се смеј и да вика Павел немој да скокаш по креветот. И реков кај е Павел. Абе еве го мама не го гледаш еве го скока на спалната.

    Не знам дали е за загрижување или не прв пат вака ми се случува. Некое искуство и совет.
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.489
    Допаѓања:
    120.199
    Пол:
    Женски
    Јас многу би се загрижила. Совет не знам :(
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.950
    Пол:
    Женски
    Мислам дека имаше нешто како измислено невидливо другарче. Ама збори со стручен чоек. Ако е тоа што мислам не е реткост да се случи.
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.963
    Допаѓања:
    77.649
    Пол:
    Женски
    Замислено другарче има, само доста е мала мислам за да има, обично поголемки деца го имаат. Советувај се и со матичен доктор, сигурно си имаат они доста искуства вака од загрижени мајки.
     
    На kiki_riki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.489
    Допаѓања:
    37.845
    Пол:
    Женски
    Истово го имам прочитано неколку пати на форумов.
    Сега ќе пробам да ги пронајдам мислењата.
    Заклучокот тогаш испадна дека е нормално за таа возраст.
     
    На duffi и kiki_riki им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.356
    Пол:
    Женски
    Мала е за замислено другарче, тоа обично кај поголеми се случува, не кај деца под три години.
    А голиот човек не би рекла дека е замислено другарче.

    @kiki_riki види дали ќе се повтори, да не сонувала нешто, па тоа и е нешто останато во памтење и го повторува. Ако се повтори, види што ќе те советува матичниот педијатар.
     
    На kikin, fana, kiki_riki и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите за советот.:hug: Обавезно ќе се посоветувам со матичната па натака ако има потреба и со стручно лице. Досега се нема повторено само денес тие два пати. Ме чуди што си е супер , нема ништо пр да речам да е болна , да примала некој лек или да има температура или да ненаспана па да блада, да халуцинира.
     
  10. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање, што најмногу е за на доктор, но можеби некој има слично искуство.
    Детево е со црвено грло, ептен, се жали и на уво, носот затнат, кашла.... и тоа го третираме со антибиотик, спреј за нос итн.
    Вчера вечерта и вечерва се жали дека ја боли кичмата, кај бубрезите. Можно ли е да се бубрезите? Колку прочитав на нет, ако се бубрези, ако е уринарна, ќе ја боли стомак, ќе има температура.... Во мисла сум да не се удрила некаде, па се жали на кичма?! Или, не дај боже, бубрези стварно ја болат. И како да му фатам на ова дете мокрача? Во нокшир нема шанси да се измоча. Кесичка, вришти дури не и ја извадам, и не моча, се стиска. Ептен сум загрижена :worried:
     
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.237
    Допаѓања:
    125.131
    Здраво
    За 2,5 год детенце кое сирупче да го земам за навече за влажна каплица? Др ми рече летизен и инхалации плус само сирупче за навечер ама во аптекамукоплатнтот ми рекоа дека е за сува а еден друг дека е за над4 годинки
    И излезе дека нема таков сируп :^)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.356
    Пол:
    Женски
    Мукоплант од тегавец јас сум давала навечер, а има и еден за добра ноќ што е.
     
    На Marija_Magdalena и eli25 им се допаѓа ова.
  13. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    @Leo_29 точно дека за уринарна кај дете треба тт да крене, меѓутоа сум имала искуство и да боли кај кичма без тт. Сепак, проверете урина (уринокултура директно не можеш со оглед дека сте на антибиотици). Ние имавме проблем со тоа и со оглед дека често требаше да фаќаме урина, на мали му дојде преку глава па вриштеше не даваше особено кога ги фрливме пелените, па на крај ни успеваше со ветување на награда ако мочка во чашка. Пробајте така, наградата нека е некоја играчка, голема чоколада и сл.
    @kiki_riki внука ми имаше замислено другарче, ама беше 7/8,години. Колку и да е нормално тоа мене секогаш ми било језиво и секогаш ја терав сестра ми да разговараат додека таа не се оптеретуваш зашто нормално било.
    Меѓутоа, гол човек и конкретно дете -, павел, не се замислени другарчиња. Внука ми баш имаше замислено си му имаше дадено име, тоа не постоеше во реалност.
    Јас се наежив само што ти го прочитав постот (извини ако те навредив), ама се надевам дека ќе те поттикнеме да разговараш со стручно лице особено ако се повтори. И разговарај со детето. Да не си/им кажуваат чудни приказни во градинка (не знам дали оди), тоа распрашај го детето, од кај се идеите, изворот од каде е да дознаеш.
     
    На Leo_29, kukla21 и kiki_riki им се допаѓа ова.
  14. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се навредив, баш напротив секој совет е добредојден.
    Од тогаш не се повтори пак, разговарав и со матичната рече дека засега нема место за паника сигурно е плод на фантазија, дека е уште мала и можеби се збунала со реалноста и сонот.
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    @kikin давав повеќе вода, урината е проѕирна, без мирис. Ова на пелена. Во чашка не фативме. Очигледно била дехидрирана. Кичма изгледа ја болеше од игротека, којзнае колку пати се удрила, со оглед на тоа дека не сакаше да си оди, а беше мокра до гаќи, ко да ја бањал некој. Сега не се жали. Подобра е, ама шлајмови густи има уште. Мнооогу. Ќе дуваме нос и ќе тераме. Фала ти секако. :hug:
     
    На kikin му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.489
    Допаѓања:
    37.845
    Пол:
    Женски
    Има стомачен вирус.
    Прво повраќање, па после пролив. Ама тоа траеше помалку од 24 часа.
    Дали смее да давам несквик?
    Се жали на болки посебно на нозете дали смее парацетамол и колку?
    Има блага температура. Дали оди тоа со стомачен вирус или не е ок што има тт?
     
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.304
    Допаѓања:
    35.581
    Пол:
    Женски
    Температура и болки во коски може да се од вирусот. Баш тоа се и симптоми на вирус. Смееш парацетамол да дадеш.
    За несквик не знам зашто има шеќер и треба да го дадеш со млечни производи кои не се препорачуваат на надразнет стомак.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Мајки имам доста пишувано за син ми колку е лош
    Сега пак барам совет бидејки незнам веке како да постапува со него и кај да барам совет
    Многу е лош тепа мава, агресивен па згора на се и пцува
    Од градинката ми дадоа опомена дека ако не го научиме на ред од дома дека ке го отпишат бидејки и другите деца ги вознемирува со неговите глупости
    Дома разговарано, разговарано и јас незнам по колку пати на ден устите пена ни фатија од зборување но ништо и казни сме пробувале и потчукнување ама ништо не пали
    И керка ми стана од него нервозна постојано ја тепа не ја остава ни да игра ни да црта ништо
    Кога нешто сака незнае да ми каже со смирен тон туку право мава плаче и кажува хистерично викање
    Незнае да игра да гледа цртан или да му дадам телефон па да погледа нешто
    Ништо не го интересира само глупости прави
    Неможеме никаде да одиме со него пцува секаде брка
    Мене ми вели да си јадеш п... а
    И на сите околку него
    Дома зборуваме дека тоа не е убаво но не слуша неговото си го тера
    Јас веке попуштам со нерви и мислам дека неможам да издржам повеке
    Ве молам за совет бидејки јас незнам веке што да правам и каде да се обратам за ситуацијата
     
  19. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.387
    Допаѓања:
    8.808
    Пол:
    Женски
    Мајка да отидете на психолог најубаво. И сите дома да работите со него по препораки, не еден на овој начин друг на оној за да има ефект.
     
    На Lolipop23, NarCis@, Girl-Rabbit и 2 други им се допаѓа ова.
  20. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Немам искуство со ваква тематика, но од искуства на други би ти рекла да посетите под итно ( обавезно ) детски психолог. Стручно лице ќе го најде коренот од каде потекнува таа агресија и тоа изразување, ќе ви даде совети и насоки, ќе работи со детето. Нај искрено давам совет најбрзо да попнете со работа со стручно лице за да не прерасне во поголема агресија.
    Се сложувам со решението на градинката колку и ружно да звучи. Но, еве и ја како родител не би сакала моето дете да доживува напади на бес, психичко и физичко малтретирање од друго дете.
    Извини што ќе те прашам, но дома каков речник употребувате вие и вашите најблиски? Прашувам од причина за тоа што пиша што и како ти се обраќа детето тебе. Од каде го чул тој збор таа пцовка?
    Еве јас искрено не сум чула до сега дете на наши блиски таква пцовка да изусти па ни слична таква вулгарна пцовка. Сепак од некој ја чул, туку така да му текне е невозможно да изусти таква реченица!
    За соравување со неговото вулгарно, психичко и физичко понашање само со психолог ќе си разговарате кој најкомоетентно решение ќе ви даде.
    Сепак е ова форум.
    На време решете дур е мало, за да не повреди нечие дете во градинка или школо.
    Не го казнувајте, не му викајте нит плескајте. Стручно лице ќе ви каже како да постапувате откако ќе го види и ќе разговара со вашето дете и со вас.
     
    На Lolipop23, fana, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.