Кај научил да пцуе? Нека не се доближува до тие личности што пцујат. Цртани подобро е и да не гледа. Посебно не на телефон. Што ако му го оставиш и му се пушти некое видео кај што некое дете става на пример брашно во устата на девојче кое што спие? Телефонот и телевизијата, лап топ што и да е скриј и не им дозволувај може само уште поштетно да му влијаат. Најдобро е да паузира во градинка, а во меѓувреме отидете на психолог и запиши го на фудбал или карате некаде каде што ќе троши многу енергија. Не му повишувај тон, не го карај или тепај. Децата учат од нас. Со тек на време ќе е подобро. Кажи и на дадата да не му вика и да не го тепа за да види детето дека тоа не се прави дома и тоа не е добро. Детето мора некаде да слушнало пцуење. Нека нема никаква допирна точка со некој што пцуе. Дома посебно никако турски серии да ечат. Братучетка моја на 3 години ја колнеше мајка си како што слушала во сериите. Воглавно ми изгледа како да има многу одвишок енергија и не е во добро опкружување. Се напнав за пцуењето? Кој пцуе кај вас дома или во фамилија, пријатели?
Како и сите, и јас ќе ти кажам дека само психолог може да ви помогне во ситуацијата, да го најде коренот на проблемот, а после и да ви даде насоки за работа дома. Сѐ што прават децата, е имитација. Така да, верувам дека знаеш кој од домашните користи пцовки и од каде ги научил, но нема да навлегувам многу во приватни работи. Видеово што ќе го постирам, најмногу кажува. Не сме свесни колку децата учат од нас. И тоа што треба, и тоа што не треба.
Ние прележуваме сипаници, ги фати од градинка, ни препиша пена со разладувачки ефект, колку време може да потраат, еве веќе недела и пол, ама почнуваат да се сушат, 2 год 7 месеци
После стомачен вирус се стекнува некаков краткотраен имунитет? Не знам дали да почекам за во градинка. Дали би можело пак да ја фати? Дали ќе е од некаква корист да земам се од градинка, ќебе, пижами и слично да преперам дома? Дали и е намален имунитетот сега?
Карши Тони ортопедот има Стопанска банка. До Стопанска банка има стоматолошка ординација. Александра е прекрасна забарка ( нејзина е ординацијата ) и еден дечко работи. Таму веќе неколку пати одиме ( на контроли па и да се навикне за во иднина ) и сум презадоволна. Ептен однос убав и пристапот им е одличен. Последно му пломбираа забче ( се поткрши зашто синко лижавчето го разгриза мислиш камења крши ) па на паузи му го правеа, го анимираа, смееја и за брзо го завршија без да дете осети. Малку на бушење изреагира ама сепак сефте, но ориказна почнаа за забит да му кажуваат и оп оп го средија. Но, верувам лесно поминавме зашто веќе неколку оати го носев. Дур ја идев на чистење и полирање, него го чепкаа демек за да стекне навика. Одете пробајте.
Фана јас второ шише давам.Почнав од септември. Планирам до април-мај да давам. Од аспект на разболување, се разболува, прва година е во градинка. Ама со него внесува се заедно, па од таа страна ми е ептен практичен. Плус е рибино масло со докажан квалитет. Додатно давам моментално само вит.Ц. И прилично има подобрување на апетитот, дали од него, дали градинката, не знам точно да кажам. Секако штета нема.
И на големиот му даваш дополнително капки? Оти јас само молерс давам. Знам дека и малиот твој е колку мојот 3.5 години па затоа те прашувам
Мене тука ми рекоа да прекинам со д вит на 2 години. И од скоро купив молерс мислев само толку доволно е. Сега ме замисливте. Дали две недели како престанав со д вит.
Тука друга политика имаат докторите, а мене ми проверува и пијам, а за детето само ми рекоа до 2 и прекини. Јас молерсот на своја рака го земав мислев има доволно д вит. Ќе ја прашам општата дали може и него да му проверат евентуално. Од педијатар сигурно нема да добие.
Давам и јас, второ шише пие, он вика дека е многу убаво, а реално крш е на вкус Али давам + и Вигантол 3капки, по совет од Ортопед. Инаку јас давав, а и ќе давам изгледа и лето вит Д, мн се поти кога не давам, па совет од Ортопедот е да давам.
Видиш не ја прашав за потењето маја. И мојава мн се поти во главата од мало, сега не ама чим затопли мокра е