Многу ми се разболува. За имунитет сакам да давам пиеше 3 месеци дефендил, џабе. Пиеше масло од семки ид грејпфрут, џабе. Сега е на капки ц витамин само. Проблем со апетит нема, ќофтенце е, ама опструкции нонстоп
Кога ќе порасне, ќе ојача. За опструкциите само соодветна терапија од пулмоалерголог за превентива. Внука ми до кај пет години беше постојано со опструкции, по совет од лекар зедоа некои ампули од Грција за превенција, на С некако се викаа, ама баш и не ми текнува. Реално, кога ќе ојача имунитетот ќе намалат или сосем ќе исчезнат опструкциите, зависи од причината.
Конкретно со опструкции ние немаме проблем и засега одржавам имунитет со матичен млеч, молерс, витамин ц и витамин д. Да се распрашаш за бронховаксом. Мислам @TeddyGrey го користеше за малата, ама да си ја прапаш и матичната. Ова мислам баш за ова дека е.
Проба со бронховаксом? И дали ја вакцинираше со таа против стрептокока? Не се секирај, истото и ние со големата го поминувавме, сега е порасната, каде-каде е подобра. Ама на пр. од загаденото уште знае кашлица да ѝ се јави. Обавезно да носи маска, макар и на 1 минута да е надвор.
Мислам дека на психолог треба да се обратите, има детски психолози кои со редовна работа со детето ке биде мн мн подобар.. не е ни страшно ни срамно..
Не сум ништо. Ни бронховаксом ни вакцина. Си инхалираме со пулмикорт нон стоп, ама ова е крај. Неделава ќе ја вакцинирам, па Скопје ќе ја носам на пулмоалерголог (Баџакова ќе е изгледа) па ќе ми даде насока што понатаму. Ама дефинитивно појќе НЕМА да инхалира кортико.
Не можев да сликнам подобро,ако ви се гледа и вас,ова афти се?Денес му излегоа а и внатрешно видов дека има,цело усте му е вакво внатре
Ако ги има на дланки и стапала тогаш може да е Коксаки или розеола. Афти обично има само во внатрешноста на устата не надвор.
Само во уста и околу Овде има еден вирус ханд фус мунд ми наликува на него (ваљда она коксаки шо велиш ќе да е)
Коксаки е тој (hand foot mouth), твоето име е затоа се појавува во уста, раце и нозе затоа и така се вика. Мада моето кога имаше немаше во уста, само на нозе и раце имаше па ни рекоа тоа е.
Мора нешто дополнително да зема, да му помогне на имунитетот да се бори. Инаку, да не те разочарувам, опструкции само со кортико, вентолин и сл. Али ај ќе пишеш што ќе ти кажат. Ама бронховаксом и вакцината топло ти ги препорачувам, вака само се мачи.
Па да сигурно,ваљда нема правило уста,раце или нозе Сигурно е тоа Него ко читав не пишеше за терапија освен на хигиена повеќе да се обрати внимание
@fana @kiki_riki на другарка малото беше секој месец со опструкции. Буквално. Мало за алерготестови и си инхалираше нон стоп. Сите и викаа до 3 години да издржи. Е издржи де. И Козле и Систина, секаде си лежеа. Да не ја подречам, од 3 години наваму (скоро 5 ќе има сега) само еднаш имал опструкции.
@fana ако се предизвикани од алергија опструкциите нема да помогне бронховаксомот, тој е за бактериски инфекции заштита. Опструкциите секако само со кортико се решаваат, тоа е.
Исто, и козле и систина бевме ни рекоја такво е детето. Се испитавме ништо нема. Ајде ако е за до 3 ќе издржиме уште малку
Исто буквално. Мислеа да не е алергиски, ама па не се правеле алерготестови до 3 год. Врти сучи, остана да чека. И ете, пу пу одлично е сега.