Исто и нас во козле ни правеја алеротестови, ама ни рекоја за најточно после 3 години. Друго да ве прашам. На ќерками и се појави прша на косичкатката. Користев шампон на корине де фарме. Сменав само еднаш со еден од дм сама си го одбра дека со маша и медо, и оттогаш и се појави. Само тогаш го користев се вратив на корине, ама пак има прша. Што да земам има ли некој посебен шампон?
Земи некој поблаг шампон, природен, на Веледа е добар и продолжи со него да миеш, дури и откако ќе се исчисти. Ќе треба некое време да се регенерира кожата.
Дали медот ставен во млеко има ист ефект? Ништо живо не сака,а сакам да и дадам мед од кукулички заради кашлицата, го плука, па помислив да и ставам во млеко
Мајки дали некоја од вас имала искуство со тикови кај деца? Поточно зачестено трепкање.. Педијатар ни кажа тик, не е страшно не му викајте нишо.. тоа беше на 2год. Престана еден период сеа пак почна после пола год..
Тодлеркава (2 год и 2 месеци скоро) почна да дава отпор за бањање, тоа се драми со вриштење до бескрај, не успеваме ни до купатило да ја однесеме. 7 дена не е бањата, никако не успеваме, а на сила нејќеме со мм да не и’ направиме траума. До пред само една недела бањањето и’ беше омилена активност, со полнење када, со риби играчки внатре, пајчиња, што не. Преку ноќ почна да дава отпор и да плаче. Кога ја прашувам дали ќе се бањаме се радува и вика да, и штом почнам да ја соблекувам, почнуваат драмите и да се дере дека нејќе до степен на заоѓање. Фаза е знам, ама колку трае, има ли надеж?
Воопшто. За косата се бунела отсекогаш по малце, ама ништо драматично. Сега не сака ни да припари до купатило. Не сме смениле ништо во рутината, ни па купки и шампони. Не знам дали може е поврзано со бебето, дека гледа кога неа ја бањаме и дека плаче малово, па нешто се има исплашено.
Провери да не има некаде гребнатина или осипче, па да ја боли од гелот. Види ја и доле да не е иритирана од нешто. Ако сѐ е во ред, тогаш фаза некоја.
Нема ништо, се’ си е нормално. Мислам дека е фаза околу оваа возраст, имам читано и други мајки на форумов. Не ми текнува кои беа за да ги тагнам да ми споделат искуство. А може па и со сестра и’ е поврзано, дополнив горе.
Мојава не дава капка вода да и ја допре косата и трае веќе со месеци. Можда малце се поднамали вриштењето или се навикнав, не знам. За бањање тело немаме уште проблем, не можеме да ја извадиме. Ако ме наваса и таа фаза во комбинација со косава, ќе се обесиме со мм. Не ти помогнав де. Си кажав моето
Можно е, на тоа ич не помислив, а може да се исплашила. А да пробате да ја туширате? Без полнење кадичка и само газето да ѝ го одмиете.
И’ го миеме газето, ама не прашувај како Ја извадивме кадичката од бебе кога беше, ја полниме со вода и мм ја држи на раце (16+ кг), а јас ја мијам И за тоа се дере, ама кратко трае, па успеваме. Ај вечер ќе пробам да ја убедам да влезе во када и дека нема да миеме коса, само ќе се тушираме. Да си пукне човек
Исто беше и кај нас. Со радост одеше во вц ко ќе спомнев капење и само шо ќе го соблечев почнуваше да плаче не сакам да се капам. Траеше можда 3 недели, ако не и повеќе, ама неосетно помина. Инаку почна така после поминат вирус со тт, кога пробувавме да го истушираме и најверојатно му остана во сеќавање. Побрзо да поминува.
тоа е тој луд период со бањање малата 2г10м до скоро праеше така коа требаше глава да и миам , тоа беше лудило од летото почна до скоро траеше е вчера ми вика ајде јас ќе мижам ти миј ме нема да плачам може кај вас и плус гледа и бебето како реагира и поизразено е , али овој период сите го минат , земите нови кукли мечиња бањајте ги нека се опуште полека , може кратко ќе и трае , внеси и нови работи , јас дури и пиштолчиња на вода купив па се прскаме и у меѓувреме прскам со туш , шампон колку успеам толку , сеа па и сама се трие на глава , корито и полнев со балончиња пења многу и така флеваше