Со кој препарат/шампон да го мијам малиов за да му се тргнат корупкиве од кожата на главата? Не ми даваше да го плакнам убаво, можно е од тоа да се?
Масло било какво, кокосово, Бекутан, Џонсон... какво имаш, јас и од моето на Еуцерин за стрии што е сум ставала, малку да отстои и после со чешле пластично да стругаш сè ќе излезе. Можеш и со фротирна крпа да протриеш пред миење. Има и специјални средства на Мустела и Фрезидерм, ама нема потреба кога и со обично масло излегуваат.
Да си се пожалам ќерка ми е без два месеца 3 години, не знам што фаза беше ова, на се вика не. Било за бањање, за јадење, за облекување, за искачање, за прибирање дома. И што и да треба да прави почнува дај бомбонче, дај чоколадо. дај гумени бомбони. Страшно
И на син ми вака му се прават корупки во последно време,земав мустела шампон за теменица се исчистија со неколку миења.
Мајки не знам дали е за тука прашањево, ама има ли некоја од вас кревет од оние на извлекување со уште еден душек во фиока да ми кажете искуство?
Ние имаме 200см/90см е горен дел и долната фјока за душек иста димензија. Супер е. Со преграда плус доплативме ( се става и вади. Еве од 2ипол год спие на него. Покомотно му е за спиење од оној малиот кревет. Ако си на мисла за дали да земеш би ти рекла да не се двоумиш да земеш.
Од каде го земавте? Ми треба таков да спие малата во прво време со татко и, ама не знам дали се стабилни да го издржи маж ми и за душек кај да барам, има нешто специјален за деца?
Од Форма нова. Фјоката плус ја доплативме и оградицата. https://formanovamk.com/products/GetProductByID/3995 https://formanovamk.com/products/GetProductByID/3999 https://formanovamk.com/products/GetProductByID/4001 Еве ги сеа ги гледам на голем попуст ти се. Смешна цена ти е креветот, фјоката и оградицата искрено. Многу ефтино https://formanovamk.com/products/GetProductByID/4001 Душекот го земавме од Тетово по нарачка. Точно да ти кажам незнам, сопругот го нарачуваше. Знам само дека им потенцираше дека ни е за мало дете. Иначе незнам која килажа ти е сопругот инаку ептен е издржлив зашто синко исто со татко му неколку вечери спиеја заедно Еве го нашиот ( синко спие со нас во спална вечерва па затоа е празен без дете на сликава )
Женски, да ве прашам, тие што веќе ѓи имате одвикнато дечињата од пелени , ако случајно му се приоде во вц додека сме надвор ( ај за мочкање ќе се снајдам ) што да правам ? Со оглед на ситуацијава, ресторани, кафичи, не ми се влегува. Како да постапам ? Кака повеќе пати во денот
Ортопедот вика од мај до октомври пауза, но јас не сум правела, многу се потеше кога не давав. Сега пробав да не давам, засега не се поти, али уште тестирам
Јас давам се уште по 3 капки и на двајцата, со тоа што треба сега летово да намалам на 1-2. Антоније каде што одиме на ортопед советува дека витамин Д се дава преку целата година и дека и возрасни треба да го примаат, не само деца.
Денес,син ми (година ипол) ја удри сестра му( 5години) по глава со лажича, она плачеше ама за кратко се смири..не го видов моментот кога ја удрил, колку било силно, колку мало дете може да мавне ставарно незнам..сега пред легнување ќерка ми се пожали дека ја боли таму кај што ја удрил, и искрено се загрижив, да не е било многу, да не ја има нешто повредено, маж ми ми се чуди, вика абе деца паѓаат, се раскрвуваат па ништо страшно, ама ја сум голема паничарка за децамислете ли дека е можно да ја има нешто повредено, ќе ги мислам цела вечер
Сакам прашањево да го поставам во темава зошто сакам лично искуство од мајки со поголеми деца. Малата ќе биде година ипол кога планираме да одиме на море. Што ви се покажало најефективно при пливање? Дали гума за пливање со потпора за газот (како оние најбебешките), мускули, елек...? Имаме базенче за на плажа, дури и лани на 7 месеца го обожаваше, и премногу сака вода и бањање, па ме интересира кое е најбезбедно и најсоодветно решение за во море.
Бебе мое од 9м во море се бања со гумите со потпора на газот, без кровче, секако не го бањаме во најтопло, па и одмор тераме јуни/септември и сметам дека нема потреба од истото. Изборот за кровче е твој, имаш и такви. Еве каква е, на самата гума стои дека може да се користи од 1-3год, во Грција ја зедовме, бебе баш на сликава е нешто поголем од 1.5г.
Зависи од детето, син ми немаше шанси да го ставиме во гума, само со мускули се бањаше на 1.5 година, на 2.5 и без нив.