А да супер, знам која е. Имам купувно таму, ама некако крути ми стојат во прстите и не се виткаат повеќето модели од ортопедика. Овие флексибилни се? Фала за инфо
Вакви како на Кики само некој машки модел лани носеше бебе мое. Еве имаш Онлајн Кеги ако во Бт нема бројче, баш овие ги видов сабајле
Не се многу меки напред не се виткаат многу како некои други модели. Нас баш ни треба цврстина и затоа на дсм најпогодени и се моделите. И зимски и летни. Кај кој ортопед бевте?
Кај Сузана во Жан митрев. Малата има супердуктус на 2 ро прсте од мал степен и ни рече само такви чевлички и што е можно поширок модел за да има простор правилно да се распоредат прстите. Таа во стаклената ми ги фалеше, ама и таму што гледам се се цврсти сите модели во прстите, а баш ми напомена да се меки и лесно свитливи. Имаме такви чевлички од ортопедик, ама како робод одеше во нив од што не се ич флексибилни.
Здраво мајки, син ми за 2 месеци ќе полни 3 години, а апетитот ни е на 0. Незнам што му е, веќе неколку недели војна водиме за некој залак да стави во уста. Незнам како да постапам, нервите ми се при крај кога треба да јадеме, исто и сируп пие со маки.. Сте биле ли во ваква ситуација, како сте постапиле? Некое сирупче да ми предложите за апетит.. Фала ви.
Со Бекутан проба? Мојов ниту јадач бил, ниту стана и пред и по сируп, само приметив дека барем си каснува од оброците. Давав јас и витЦ обавезно, со шприц ги пиеше без проблем, па бараше и дупли дози. Се е поинтересно од храна и тоа е тоа, нема ниту омилено јадење, нема интерес за јадење или има, но многу брзо го губи. За менито ич не ми се збори..
Таков му давам, ама со сила го пиеме и не сум осетила промена сеуште. Мислев период да не му е, ама веќе со недели е така... да си пукнеш е работава. И тоа што претходно го јадел сега не го сака, ми прави фаци, се мршти
Пробај со Бекутан. Исто како на Емка не е некој јадач, ама барем пројави каков таков интерес за храна. Разговарав и со матичната и баш ми вика од 2 до 3 год мн е тешко со храната, се др им е поинтересно и тоа е тоа. Давај што сака да јаде и колку сака и без нервози. Еве знаеш јас со тоа се борам откако е родена.
Не се нервирај. Истата ситуација е и кај нас. Два месеци ќе јаде, мислам апнува по нешто, три ќе штрајкува. Јас периодов паузирам од се. А најмногу ефект имаше мислам од Молерс. Многу се фалат и од Пиковит. Ама ако си е скроен нејадач..тоа е тоа. Ние ќе се нервираме они пак нема да јадат. Мојот сега се научил и на секое бара млеко.Место да јаде како човек.
Не приметив јас ништо да му влијаеше Молерс, пиел и Пиковит, ништо и тоа, од Бекутанот најмногу фајде видов дека почна редовно да јаде. Мислам се е индивидуално, но треба да се проба. @Seduction колку време даваш? Јас некаде по 3та недела, може и 4та беше кога воочив разлика. Дафи ма ај барем млеко, мојов на секој оброк бара двопек (тостирано лепче) и буковец со вегета Некое време не пишувам оброците, треба пак да почнам, чисто да не се заборават комбинациите
Бекутанот даваш од ќесичките на растварање со пробиотик или сирупчето мултивитамин? Да го земам и него да го имам дома. Иако сакав летото да паузирам од суплементи. Ама деновиве ужасен е. Денес од сабајље сто работи ми побара и на крај ништо. Пие млеко, ама кравјо. Искрено поарно без него. Ама друго не сака после ад. Ад пиеше до 2г и реков доста е. Страв ми е крв да му проверам. Гарант од кравјото хмг му е опаднат. Леле комбинацијата, леб со буковец. Прав кафанџија ти е.
Сирупчето на база на Б витамини. Не мултивитаминот. Паузирам и јас од мај месец, исто јаде, ваљда тоа е тоа разјадување, толку му збира меше