Знам дека имам пишано а и многу се соочуваат со истото. Луѓе, ништо не сака да јаде.. 2 3 залчиња и толку. Од дете што јадеше се, сега ништо. Одбива се буквално и грицки и благо ама баш се. Дај кажете некое чаре? Се нервирам ептен. Мозгај, спремај секој ден и се е џабе. Порано бар јадеше овошје и зеленчук, сега чат пат само лубеница и домат.
2 дена во вторава година - да се запишам и ја. Ја прочитав @Shelea уште прошлата недела и се чудев како тоа „одеднаш е се драма“ - мојава мирна 2 дена пред роденденот и 2 дена по роденденот, па драма е мал збор за ова што го прави. Пишав во претходната тема. Многу знае да се заигра. Се заигрува со работи што не сакала до сега да игра. Се заигрувала од секогаш, ама сега како право дете си игра. Пее, раскажува, реди, збори, прави и дијалог меѓу две кукли. Ако за нешто речам не, настанува нешто што не можам да го опишам - дојди БЕ ваму, дерење, траскање. Ја не знам каква е оваа нагла промена. И .... Играта никогаш не застанува. Не сака да спие, сака да игра. 4 дена седи до 11 - 12 навечер. Никогаш ова не ми се случило. 10 и било најкасно што видела. Кажува јасно и гласно, сакам таму да одам, да играм. Нема сила, нема трикови што ќе ја задржат да лежи. Како да сфатила што е вистина, што не. Заспивање со приказни, со скокање, со муабети, не баре со стринка ми лежам. Не сака и не сака да спие. Кога ќе заспие цепа до 9и пол. Ја будам, не реагира, ќе каже не сакам станам се врти и не те рецка, а ме слуша. 2 години ли наполни, тинејџер ли стана еве не знам. Почнав да плачам од што не знам што и се случува. Не дека е страшно, она е весела и игра, и спие и јаде, само со поместен термин.
Опреми се со живци... Мојата од 2 род наваму не спие.. а за стринка да не зборам. Вчера се налутив и барав да се извини, се извини. После ми вика ајде да си играме. Викам а умна си? Дааа, па кажав извини.. И така, за се плачки, за се драми, со точакот се караше вчера зошто не одел она како сака... Издржи со тебе сум
Офф моево наполни 3 па уште имаме проблеми со јадење цел ден се молиме да јаде и ретко кога ми успева нервите искинав со тоа јадење море б комплекс и триста други чуда изнакупив ништо не помага ,сега сум во план Флорадикс киндервитал да земам наводно го подобрувал апетитот ми го исфалија многу.
Се пробав, и флорадикс 2 шишиња и нишо... Сега на форевер алое таблетките, еве месец дена ништо, а и нив сите ги фалат. Имунотетот и е ок,а не знам како коа нишо не јаде. Кака мочка, се чудам шо кака толку. Фаза ваква таква онаква... Абе мајмун изигравам дома, праам пустам, цртам, ја вклучувам и не у готвење и ништоооо...
Исти сме ,а јас сум приметила летово 3 пати беше кај моите на гости да спие таму мајка ми вика јаде се без проблем дури кога ќе ми наброи што се изел не ми се верува .Кога ќе почне да го фали колку е мирен и колку јадел се прашувам дали е тоа син ми
Јадеше кај баба и, сега и таму неќе... Иначе да, обично на друго место се бајчиња. Јас мислам сепак карантинов доста им измени.
Ако ти е за утеха и мојот не јаде Немам веќе ни живци да трчам по него и да го молам, абе уста не отвара. Еден период почна да јаде пак колку толку сега пак исто. Мислев од забите да не е, ама штознам.. за 2 недели инаку полниме 3 год.
^ Исто исто... Не се заби, мојава од 2год ги има сите... Јас не ја молам... ама морам да имам што да понудам, па ако јаде јаде..
јас парти брејкер не е толку сјајно и после 3 Да мн поразбирлива за некои работи , праве се сама , си игра си зборе леже на земја со кукли приказни си смислува сама , амааа во жути минути мене ми иде да скокам преку тараса од неа се закарува со мене , инат ми воде или најчесто на офф ме става ја зборам она ме игнорира начисто баш и @Annath имаше мислам спомнато и 3 се водат нешто како terrible 3 Јас ќе чекам 4 да наполне За јадење и кај мене имаше таков и тоа подолг период до скоро а држеше , 10 раб дали јадеше само и се тие у круг , сега веќе се враќа у нормала , мислам фаза му е некоја и тоа така имам читано..
Уф колку имам да кажам на темава ама како и секогаш а почнам некоја се буди. За се е драми,плачење,вриштење,инает, Знае да кажи и извини,благодарам ама другово преовладува. Ај белким после 3 полесно ќе е,ако се лажиме
Со плашење, лажење и последно ѕвониме на вибер кај внука ми. На маса, тел пред неа и така ја лажеме. Ништо не сака. Само млеко и моја кравица строго ладни. Ако не се ладни тоа е драма, мислиш ја коле некој. Лубенче знае да помине чат пат. Друго од овошје не ни пробува. Салата, освен краставиче и морков ништо!
Кај мојава ништо веќе не пали,ако сака јади ако рече НЕ завршено е. Ни цртани,ни деца,ни надвор ништо. Е среќа јади се од овошје и скоро се од зеленчук. Имаме домашни сливи,краставици,домати,праски, Јагоди,дињи,лубеници...итн. Нешто ние нешто моите и од се каснува. Денес 4 моркови изгриза и уште бараше.А лани само јаболко и крставица јадеше. Доручек само малку каснува,вечера Моја кравица камен ладно и понекогаш тестенини,друго не сака. Ама ручекот убаво си го јаде,леб да не види и сирење.Се друго јади,во мали количини ама бар каснува од се.
Да се приклучам и јас, две години и еден месец е мали мој Сврзува реченици од повеќе зборови, ако нешто му влезе во глава ќе го повтори сто пати дури не му потврдам дека е така. На пример: Мамо титко кира колата гажата сенката (мамо чичкото ја паркира колата во гаражата под сенката) и јас морам да потврдам да сине чичкото бла бла... И после 2 мин пак истото Сам се успива, го ставам во креветче и за 10 мин е успан. Има една дремка денски од по 2-3 саати, зависи. Уште ни е проблем пиењето млеко во текот на ноќта, еве веќе работам и на тоа, две ноќи по ред се буди и бара млеко и плаче, ама ради стомачен вирус не му давам па се надевам ќе престане да станува конечно Јас го хранам сѐ уште, ама јаде и сам кифлички, и сѐ останато од ужинка, у главно главните оброци му ги давам јас затоа што уште од мал си е комплициран јадач па битно ми е да е најаден. Трча многу и е многу динамично дете, застанува и седнува само кога спие. Обожава да оди пешки и да вози тротинет, мислам дека одење може да издржи повеќе и од мене Се нема случено на сред пат да ми рече мамо дигни ме. Не е мирно дете, ама не е ни лошо. Ако му се налутам кога не е мирен, одма иде и ми вика '' не луте мама, мама сака до небото", и како бе после пак да му се лутам Ептен е емотивец, ракче мое Го спремам психички за градинка од септември и секој ден вика" мама таму има ногу децаа, гачкии, тетката даде ручкам, сѐ има мамо". Сака да си игра со колички, да реди коцки, а во последно време ужива да му раскажувам приказни кои сама си ги измислувам. Расте детето, немам веќе бебе, туку право детенце.
Па така кажете бе жени. Ја триста драми во глава - се се преиспитав. Дојдов и до мисла да напуштам работа, дали и фалам премногу. Ама па цело слободно време и е посветено. Ама не била само мојава. А баш и не ме утешивте дека до 3 години е вака, зашто завчера и беше роденденот. Имам уште 363 денови. Ваљда влагаш во бубањ, како и за секоја фаза.
Верувај неможам да допишам каква е и што се прави,се чудам како воопшто функционирам. Дојам инаку на ќе пиев нешто за смирување или секој ден камен пијана ќе бев