Не се грижете за тоа како ќе биде , како ќе биде ќе биде. Не има со две па и повеќе и уште сме живи Јас кога не збудалев со моите година и 2ипол месеци разлика мислам нема никој На крајот од денот кога ќе заспијат дури ми фалат луда работа.
Па и овие 2 години и 4 месеци отприлика ќе бидат разлика...се надевам дека ќе ми фалат хаха зашто ние веќе сме избудалени од март што сме затворени и нема комуникација со дечиња, бебево капак ќе му биде
Не се секирај, секој период си е тежок сам по себе, ама кога ќе ги видиш како се гушкаат или кога ќе ги видиш како слатко спијат и ќе си кажеш е за ова се живее!
Каква глумица пак е мојава... со баба е се тандем, и го тера ќеифот, си прават муабет, ја тушира без проблем, штом е со нас, абе не сака рака да и измиеме, за туширање мислиш ја колеме, не се заигрува како со неа... ќефој е на село, прасето кучето, ама тоа е, секој сака да живее таму ама мора да се работи...
Врвот за денес: бебе се укака до гуша. Го соблеков, го оставив на кревет и отидов да земам пешкир. Се враќам да го земам, таа му прави диши-диши (со нејзиниот пластичен стетоскоп, играчка) и му вика: Добар си!
Ме интересира какви игри играте со децата на точно 2 годишна возраст? Не знам што им фали од играчки. Идеја некоја од поискусните?
Ние се капиме сите 3 во исто време. Зш ако ја соблечам беба,се соблекува и таа и мора да се капи(пред беба како заклана плачеше од капење,е сега обожава)Тоа е добро,одкако се роди беба пројаде кашички. И влегува малата во кабина,вели мама соблекувај газето и дојди тука да се капиме. Се капиме беба не чека во транспортер,ја капам неа,малава се шлапка во туш кабина,па сите излегуваме. Од цуцлето не се дели,и викам бебево не го сака цуцето,ти голема не го вадиш. Го зема и со сила и го става во уата,сака неќи мора,турка дали турка,и ете вели и таа го сака. А таа се смее ли смее само што ќе ја види. Само што ќе заспие беба,поминуваат неколку мин.ај демек успана да ставам ручек и оди ја трга за нога и вика ајде даде доста е спиење Кога имаше беба грчеви и плачеше другава плачеше посилно од неа Ден денес ако плачи беба плачи и таа. Итн....
Мајки,имате искуства со кашлица која се јавува само дури спие? Преку ден ќе се накашла онака 5,6 пати ама навечер кашла до 12 после се смирува и до сабајле не кашла. Правевме крвна слика ,ок е мало покачување на % на гранулоцити. Матичната вели супер крвна слика сите др.параметри се ок. Кашлањето е суво, ама како да му смета нешто и неможе да голтне се мачи па ќе се накашла. Дадов сирупче боквица, матичната вели да пробам и со сируп против алергии,инхалација со физиолошки. Значи преку ден ништо,кога ќе легне еве и попладнево и претходните две ноќи си накашлува....
Да пробаш да го ставиш да спие под агол на повисока перница. Сирупот против алергии ќе ти помогне , ама тој само ја прикрива кашлицата,не ја лечи.мора да откриете од што. Да не кашла како "куче" да не е ларингит во прашање?
Не,не. Како да не може да голтне ,ќе се помачи и закашла. Минатата ноќ го кренав на повисоко и исто. Значи кога ќе заспие од 10-12 на полноќ кашла и се смирува и до сабајле ништо. Преку ден дали 5 пати ќе се накашла... Нема затнат нос,нема секрет.
Некогаш ја пуштаме , ама ваљда ќе се јавеше и порано,цело лето е така @eli.karameli алергиски панели правевме ради дерматит не покажа ништо.@kiki_riki не му е фатено грлото... така кога ќе стане од спиење.... Којзнае што е, еве го цело попладне еднаш се накашла....
Не мора да му е фатен гласот. Мојот кога имал ларингит гласот не му засипнувал. Едноставно кашлица се појавувала и исто како што кажуваш кога ќе легне додека се стабилизира најизразено било.
Ми личи на алергија. Јас би ја послушала матичната со сируп за алергии пред спиење. Не мора да значи дека е климата, можеби нешто друго му смета. Од алергии баш ваква надразнителна сува кашлица се јавува, најчесто навечер.
Едно прашање.... Дали во зоолошка мора сите деца без разлика на возраст да носат маски. 2 години има, ама не можам да му објаснам, да го научам да носи маска. Ем ми е страв да го однесам, сакам кога има помалку гужва, ама од друга страна никогаш не бил во зоолошка. Ќе бегам од луѓе, нема во затворено да влегувам. Се нешто беше болен, па ладно било, па корона...или сега или тек на пролет ќе си почекаме...