Совети и искуства од мајки за деца од 2-3 години

Дискусија во 'Дете' започната од prasskickaa, 4 февруари 2016.

  1. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    2.639
    Пол:
    Женски
    @K7M10J баш размислував утре до зоолошката во Битола да тркнеме, ги обожава мајмуните, незнам дали смее со маска, ама нема потреба да се плашиш, барем јас така мислам, на отворено е, башка ако има повеќе луѓе кај лавовите не се задржувајте...
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Да не сте смениле перница? Да не има пердуви или можеби некој материјал што го надразнува?! Душек, постелнина? Прашок, омекнувач? Нешто да јаде пред да легне, мусли, суви грицки....? Нешто да сте смениле?
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    34.109
    Пол:
    Женски
    Обично сувата кашлива е таа што е поинтензивна навечер што не му дава на детето да спие.Не знам како ви е влажноста во собата, да не е воздухот пресув, па тоа да го иритира.
    За мојата ќе кажам толку пати имала кашлица без да и тече носот , а е од самиот нос.Само капки (не солени) и инхалации ја смирувале навечер и по можност да заспие побрзу за да не кашла.Ако се расони цела вечер кашла:(
    Пробај мајка со капки и почесто вода и незасладен чај.Со лесно:hug:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Да го молам да јаде детето? Ни во лудило. Нејќеш да јадеш, не јади. Да барам специјална храна што сакало, што нејќело? Ќе јаде тоа што е спремно дента. Ќе ме види, не се притресувам, си седам си јадам, ќе дојде и ќе јаде за некое време. Немам намера да изигрувам дете на своето дете, нити да го разлигавувам и да правам лешпер од него. Во животот уште од најмало мора да се научи дека не може се да биде како што ќе посака во моментот, ниту па ќе има роб кој ќе му ги исполнува желбите. А не е веќе бебе, туку мало човече што разбира.
    За спиење, исто така. Да го молам да легне? Никогаш. Ако одлучил да седи буден до касно, сам си ги сносува последиците кога сабајле ќе му се спие за во градинка. Направи така, два три пати, нормално не беше оставен да се доспие сабајлето од страна на татко му, јас го слушав како се буни, па уште ме гледа и прашува "зошто мама спие" и татко му му вика "затоа што нема работа, а ти имаш, а кога имаш работа порано ќе си легнеш". И заќуте и сега е дисциплиниран. Нема вриштење околу глупости, затоа што никој не му обрнува внимание. Ќе види, не види, ќе престане.
    И воспитан си е и мирен веќе. И разбира. Да го разгалев ќе си имав проблем и јас, а и тој самиот цел живот. :)
     
    На Autumn_, Kitten, Marija_Magdalena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.202
    Допаѓања:
    124.873
    Не. Го мислев тоа цело време дали нешто би можело да смета.
    Ама и чудно ми е што до 12 некаде кашла, до сабајле спие мирно:?:
     
    На Leo_29 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.202
    Допаѓања:
    124.873
    Какви капки Ава?
    До сега беше само со сирупче, ако продолжи и денес ќе почнам и инхалации со физ.
     
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.202
    Допаѓања:
    124.873
    Она спомна може да е на домашна прашина.
    Со оглед на тоа што во фамилија има историја на алергии (на маж ми фамилијата сите па и он, ) ако продолжи ќе правиме тест. Иако ради дерматитот правено е и немаше ништо...
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    34.109
    Пол:
    Женски
    Ели не знам какви капки има во Мк некој за смирување на секрет.Пази инхалациите некогаш смируваат , некогаш раскашлуваат.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.970
    Допаѓања:
    14.732
    Пол:
    Женски
    Мислам дека деца до 10 години не мора да носат. Јас бев со малата од година ипол и кумашинче од 2 години, јас и кумашинката носевме маски, децата не.
     
    На Bella* и K7M10J им се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Со упорност и ќе носи. Јасми ставам кога ќе нагрнат луѓе без осет што се пикаат буквално во тебе. Посебно во бејби зу.
    Маливе не би носеле, ако "големите" носат. Посебно тинејџери!
     
    На mal.ecka и K7M10J им се допаѓа ова.
  11. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.849
    Допаѓања:
    7.053
    Пол:
    Женски
    Не мора да носи маска. Син ми е 2 год. го носевме без маска.
    Во бејби зоо не ни влеговме, дека таму беше гужва.
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  12. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.369
    Пол:
    Женски
    Фала мајки :hug:
     
  13. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    Па..
    Мојата мома воглавно ја интересираат домаќински играчки.
    И купив пегла со масичка за пеглање,кафемат, “машина” за сладолед од кое всушност сладоледот е пластелин, бебе со шишенце млеко,памперс и нокшир, го храни,го соблекува,го нишка.. количка за бебе, садопер ... Со ова игра воглавно најмногу.
    Лизганици има една мала и голема, тротинет,мотор, па со тоа се занимава по двор, кофички за во песок, и тоа.
    Лизганиците на жешково дома и ги ставам,на нив најмногу време минува.

    Ние бевме прошлата недела, не носевме маски.
    Немаше гужва, а и не се пикавме во народ, ниту па нам некој ни се пикаше :D
    Не ни видов некој да носи додуша..
    Се држеше растојание.
     
    На mal.ecka и K7M10J им се допаѓа ова.
  14. Tina-fina

    Tina-fina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2019
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Незнам дали ми е за тука прашањево,незнам кај да прашам.До колку години ви пиеа млеко од шише-цуцла? Од пелени се одвикнавме ама шишето не го даваме :D. Мислам за оние деца кое не се доени.фала ви :)
     
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.202
    Допаѓања:
    124.873
    Сепак изг.алергиска реакција.
    Дадоа сируп летизен 3 недели да пие а потоа и да направиме тестови.
    Сеа не ми се м’кне во Козле ќе направиме приватно.
    Нема на гради ништо, се е мирно. Кашла пред легнување и кога станува насабајле (гласот му е фатен и се искашлува едно 10 мин). Потоа мирен,ништо.

    Го носевме кај Искра од Козле. Супер докторка ептен ми ја фалеа ама тоа Ремедиката остана ужас. Тоа за ковид влагаат прашуваат надвор пред детското ставиле кабина за земмање, и таа си се прошета низ детското па отиде брисови да зема. Па и бебиња тука,ужас!
    Влагаме мерат температура, синко 37. Ааа мајка! Земала оддалеку со тоа мери ,он мрда , катастрофа. После внатре премерија нема ништо.
    Жално,супер доктори имаат, ама се останато е катастрофа (за детското зборувам)
     
    На Sexybaby86 и duffi им се допаѓа ова.
  16. Leo_29

    Leo_29 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2017
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    5.025
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека е Искра во Ремедика нели?
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.202
    Допаѓања:
    124.873
    Дада,таму отидовме. Прекрасна докторка.
     
    На Leo_29 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.233
    Допаѓања:
    24.676
    Пол:
    Женски
    Битола не е зоолошка, мачилиште е, Аушвиц за животни, не би стапнала таму ни со една нога (facepalm) немам појдено таму од мои 10год.
     
    На FreeMind, Spidy, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. SophiaBella

    SophiaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    1.538
    Допаѓања:
    4.885
    Здраво, дали некој можи да ми кажи колку мл физиолошки раствор да користам за 1 инхалација кај 3 год дете и колку пати во денот можам да му правам?
     
  20. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.526
    Допаѓања:
    8.021
    Пол:
    Женски
    Најдобро ти е да се консултираш со педијатар. Моето за еден месец ќе е 3год и давам 2/2,5 мл физиолошки раствор но тоа ми е во консултација со педијатар. Можеш од 1 до 3 пати зависи што му е. Кога е малку затната во носот навечер и правам за да може полесно да дише. Но најдобро ти е педијатар да го види или да се слушнеш бидејќи може и да не треба инхалирање.
     
    На SophiaBella му/ѝ се допаѓа ова.