И јас би јадела помфрит и палачинки во замена на манџа Грешката ти е во втората реченица која си ја направила од првата година претпоставувам. Наместо детето да јаде храна соодветна за него детето јадело џанк фуд која храна е неодолива. И нормално нема да го вратиш после да јаде морков салата туку ќе бара тоа што е највкусно. Исто е ако му даваш чоколади и сокови не е будала грашок да јаде. Пробај со нови рецепти или изглед на храна ставај очи, уши. Направи му ја видик допадлива. Може ќе упали кај три годишно дете.
Forvita kids сирупче од реплек фарм. Кај мене само од него јадеше повеќе, а имав пробано еден куп сирупи и прашоци. Едно шише испи, па паузиравме некое време, па еве од денес пак почнав да и давам, зошто пак одбиваше и плукаше јадење. И плус добар вкус има. Ме потсеќа на пиковитот.
Мојов па има 2 години и 7 месеци, 12 ипол кила дали има. Јаде, ама многу бавно, саат време. Манџи блендирани само. Нормално манџи приготвени без пржење, запршки, јаки зачини. И пак ако залута парченце се дави. А вака месо јаде, џвака. И други работи засебни ако се спремани. Да пробаш тиква или сладок компир да ставиш во манџата блажина да добие. Или пченка. Јас од Бебе готвач и здрава храна здрави деца наоѓам инспирација. И никогаш не правам точно по рецептот, абе мора нешто да сменам.
Што вели вашето искуство кога најбезболно може да се префрли дете за спиење во своја соба? Кога е најпогоден момент? Како што има за одбивање од цицка пред годината идеален тајминг си велам може има и за ова?
Мислам сум го кажала моето искуство, а правилото не го знам. Од околу 11 месеци спие сама во соба од прв ден без проблем.
Сеуште никакво на скоро 2 години. Знае да си земе една од моите ама брзо ја зафрла и спие само на душекот.
Јас му зедов Панда Лимес ама не спие на неа, спие на една од Веро ја зедов случајно мислам Сомниа е, на таа спие, ниска е. Некогаш спие и без перница ама претежно со
Мене мине страв да не го искриви рбетот спие на претежно ниска перничка.А овие од дормео и од лимес дали знаеш дали се добри?
Моево дете најчесто спие на стомак и во таа положба мислам дека уште долго време нема да и треба перница. Ако спие на грб или на страна може да понудиш перница, па самото дете ќе почне да ја користи ако му е поудобно така. Со Лимес немам искуство, а од Дормео јас користам контурирана перница веќе 10 години и сум задоволна.
Витамините од Forever за деца што се, И плус матичната ни даде сируп за железо Мислам од сирупот и се отвори апетитот премногу..задоволна сум
Девојчево приметувам многу се поти. Главата поготово утоп. И ја скратив и косата,џабе. Тоа потење најизразено е во првите 2 часа од кога ќе заспие.Ортопед ништо посебно за тоа не ми кажа,д3 регулар доза да прима, рече може стварно и е жешко, трча низ дома. Инаку 3,5год има.
@happygirl @lackygirl Среќни родендени на дечките. Да бидат секогаш здрави,среќни,насмеани и да имаат безгрижно детство. Да чекорат гордо низ животот и да ве прават среќни и горди родители. Гушки до двајцата
Фала многу женски, да се враќаат само убавини. Летна времето, кога поминаа 2 год. Како вчера да беше кога ме фатија болките Не ми се верува, бебето ми порасна. Одамна не е бебе де, ама така е зборот.