Среќен роденден на сите дечиња кои слават И мојот се поти во главата, од секогаш бил с'клетџија. Не му придавам на тоа значење. Дали некои од вас забележале период на нејадење на оваа возраст? Јадеше се, бавно ама јадеше. Сега јаде јаде, ќе му здосади и станува...
Здраво Моник и здраво на сите мајки. Со Лана сме добри, се опоравуваме. Сеуште сме во болница. Чекаме да не пуштат можеби утре. Па после дома е друга приказна. Другата девојка дома не плачела по мене, не ме бара иако сменила расположение и чувствува дека нешто се случува. Едвај чекам да си ја гушнам. Поздрав до сите вас
Го прославивме роденденот викендот, напорно дома, ама убаво. Сепак, догодина да биде во игротека најубаво Еве дел од сликите.