Фала ви девојки, мали во рикачки елемент не успеав ни да го сликам како што треба ни па тортата. Кога си ги виде диносаурсите во тортата рикаше додека не ги извадивме, па после уште повеќе рикаше што му биле со шлаг
Ова ќе биде весело Која пасија му се диносаурсите, баба и тета купиле алишта со дино, ги гушна и заспа
Hahaha и Гого сакаше да ги земи багерите ама имав друг ист и му го дадов и мирен беше, не успеав да го сликам сам пред масата, одвај со нас се слика лудница Фала на сите за честитките
@happygirl , @monik55, @lackygirl Среќни родендени.Со задоцнување, не отварам во оваа тема. Големи да растат
Дали некој се има соочено со тантрум за време на спиење? Незнам како да го кажам ама ќе го опишам, спие и станува и почнува да плаче, не вакаа, така, не тоа, воа. Се ја иритира и 40минути се дере со фрлање на земја и тропање со нозе, после само ја зимам и презаспива. Од што може да е?
Мојата е во некоја ваква фаза. Истото се случува,мислам од таблетот стана агресивна. Плаче рика се додека не се расони скрос и тогаш дури се смирува. Се мислев дали месечари и не е свесна,ама немам одговор.
Не давам ни таблет, ни мобилен има 1ч гледање на тв и тоа да не е пред спиење. Не верувам дека е од тоа. Вчера почна пак ама некако успеав да ја смирам пред време. Претходните вечери презаспиваше на земја со плачење, незнам што се случува ама ептен е вознемирена.
Нешто налик има периодов ама кратко и е смешно. Се буди, како расонета и вика мамооо мамооо. Ја зимам да ја земам на спална со нас. Плаче дека не сака тука, сака у дневна. Легнува во дневна и заспива за 2 секунди. Никогаш не спирла во дневна, не е ни успивана никогаш таму. И така, 10тина минути сите соби ги вртиме и пак ја враќам кога ќе заспие во дневна. Валцер.