Здраво. Ќерката е 2г и 4 месеци. Многу често одиме на целодневни прошетки во други градови и преспивањето си го тера во количка, ама веќе и е мала и не и е удобно. Има некои колички или друго решение за поголеми деца? Ваква количка имаме моментално.
Јас имам ваква слична, ама грбот се спушта скроз во лежечка положба. Нозете ќе висат, ама океј е за кратко преспивање.
Андреј компани купив јас една на чиполино е до 22кг е доста комфорна е ќе ја побарам на нет да ти ја пратам
Мајки, препорака за шампон за долга коса која многу се заплеткува? Досега користев на алверде и корине ама изгледа многу се бебешки. Малата има 3.5 години. И дали може да користиме спреј за расчешлување? Ако да, кој го препорачувате? И препорака за шампон. Многу и се плетка, а долга и е скоро до половина и не сакам да ја шишаме непотребно. Да пробаме прво со шампон Благодарам
Исто и на мојава ама од мене има наследено. Мене само спреј ми помага ама од спрејот ми се мрси косата и ме чеша кожата. За деца било каков спреј и после бањање чувај ја малку подолго во пешкир да омекне. Пробај чешлање па сушење или сушење па чешлање, види како и одговара повеќе. И нема потреба од пречесто миење на коса, да не ја скубеш за џабе. И покрај тоа што се плетка се уште ја бањам со шампон и купка 2во1 на Хип.
@Вереничка на инстаграм видов специјален чешел за заплеткана коса и чувствителна кожа на главата од ДМ. Сум ја избришала сликата од тел. Чешелот е како правоаголник и на секоја 'игличка' да ја наречам имаше плус црни иглички ама различен материјал. Објаснувањево фрчи ама кога ќе го купам ќе постирам и слика.
Конечно според сите правила се префрламе во темава Бебе мое полни 2 годинки Најпалавото,најплачливото, најнејадачот,најнеспијачот, најлепенката,најкенкалото,порасна Сепак, мама си го сака најмногу на свет Го дочекавме роденденот будни,неќе и неќе да спие. Нема денски дремки,постојано сме надвор,се уморува и накрај пак неќе да си легне,или ако заспие околу 20,ќе стане во 22 или 23 и до сабајле 4 или 5 се журкаме. Ноќе станува пак често,и се нешто се буни,прета со раце,збори нешто во сон,ама не се плаши,не плаче,само се буди и цица и презаспива. Дефинитивно спиењето не го средивме,ниту знам што да направам за да сменам. Уствари и знам,ќе треба неколку дена да го будам порано и да си легнува порано,ама да не ми се буди пак среде ноќ наспиен . И за јадење морам да му земам некој сируп,ич,ама ич не јаде. Едвај од ручек пробува по некоја лажичка. Не збори уште,нешто по негово,ама знам кое што му значи и го исправам постојано. Ама разбира се,дури и сам од некои ситуации проценува што треба да направи,или да даде. Мм пред некој ден бараше хартиени марамчиња,ама неможеше да најде,и бебе зема тоалетна хартија и му дава да избрише нос ,ние останавме вакви . Ќе почекам уште месец/два,ако не се пушти ќе мора да се обратиме кај дефектолог. Редовно ве читкам,ама време за пишување немам ич,мали ич не сака да држиме тел по раце додека сме со него,редовно не опоменува и го трга настрана,па ептен додека го успивам успевам да прочитам по нешто. Роденденот ќе го прославиме дома,само ние домашните,ама сепак ќе е украсено и се во знак на неговото височество Мики Маус. Слики ќе ставам во соодветната тема,а дотогаш почестете се со торта.
Среќен роденден,убаво да си го поминете.Да ви е жив и здрав фраерот, голем да расте и радост да ви биде.
Среќен нека е, голем да расте @TeddyGrey те молам присети се колку долго траеше таа фазата околу две години со пресилни тантруми додека не сум си ги пресекла вените пред спиење. Ако е повеќе од месец дена игнорирај ми го прашањето. Фала.
Хммм... Пресилни ако ги осетам сега, се научив да ги сечам у старт. Ја научив скроз, веќе осеќам кога следи. Ама веќе е стринка, се кара со зборови со мене и знае да се изрази, па се значително намалени. Околу 2 години најголем проблем беше неразбирањето и неизразувањето. Летно време, од вода вадење тантрум - сега има "не сакам" "сакам уште да се бањам" и сл. Да се качи во кола, тантрум, сега вика не ме пипај, можам сама, значи тоа сакала и тогаш да го каже. Повеќе е од месец, ама шибаш, немаш избор. Или што вика детево "ќе се трпи" . Ја научил дедо и да ми вика "ќе ме трпиш" Edit: сега е точно 2 години и 5 месеци.
Ако не му дозволам нешто или не му дадам во микросекунда,или не успее нешто сам да направи,иде и гледа од што да си ја акне главата,најчеста опција му е ѕидот . Па треска шкафчиња,фрла што ќе му дојде до раце или си лепи шамари,ама онака,сред фаца и тоа ептен силно . Престана со вриштењето,сега вака изразува тантруми,ваљда сфати дека вака веднаш реагирам
Исто праи мојава. Се мава сама или главата од најблиското нешто до неа. Само плус и вреска. И што правиш кога прави така? Што да праам тогаш? Ако ја земам ја мава главата од мене. Неколку пати јако ме има поткачено со главчето по нос или аркада, брада. Жими се и мене ми доаѓа главата од ѕид да си ја трескам во тие моменти.
Ќе ја земеш во раце и ја држиш, зборувај и тивко и држи и ја нежно главата. Нема одма да попуште ама вака ќе ја смириш. Ова е тантрум кога може да се повредат.