Не,не,не е фаза на секое дете што треба да ја помине, и плус карактер нормално. Јас комуницирам со моето дете на карта да ме разбере,и несакам да ја лажам Ниту пак да го скријам шишето и да плаче по него со денови да незнае што се случува па така да се одвикне грубо како што кажуваш... Со разбирање сме и гледам функционира Не ја натерав или слично да фрли шише,сама сакаше...и ДА сакам да знае дека не е веќе бебе него дека расте Тоа е мојот став и мое воспитување
https://www.theatlantic.com/health/archive/2011/10/12-ways-to-mess-up-your-kids/246806/ Number 6 how to mess up your kids Тоа не значи дека си во право Инаку терај како знаеш и сакаш твое дете твои правила.
Муабет настрана се восхитувам како од еден збор сама оставила, на моменти нестварно звучи за тодлер. Браво за малата Мојата бисквит ако и се скрши има драми до бескрај
А и кога ќе размислам и да терам вака како по книга,џабе ми е...оди во градинка нели пола ден што се вика...ти незнаеш какви психички тортури им вршат тука во Мк...од необразован кадар Али ајде тоа е друга тема
Мајки, ви преспиваат децата на 3 годишна возраст преку ден? Мојава спие, ама едвај заспива. Ем и се спие, ем се врти се превртува додека заспие, па бара сок, вода, млеко, па и се моча. Во 13h легнуваме до 15h не е заспана. И после навечер касно ми заспива, 1 после полноќ ја фаќа додека заспие. И навечер е истото. Збеснува. Ко за инат тогаш бара да јаде, да пие, да се моча, се само да не спие. Имаше ред до пред некое време. Сега нема ред ни за јадење ни за спиење. Значи ова се случува последниве неколку недели и веќе немам сила, а ни живци веќе. Допрва треба да се породам и тогаш ми се чини ептен ќе ми се поремети редот. Кажете што да направам, што да сменам?
2год и 7 месеци Кога спие кога не спие. Како и дојде. Ако спие до 22 седи. Сега почна вака ама ми личи дека не и треба дремката. Исто како твојата, едвај да легне, па дур заспие, а често само лежи и не заспива ама си викам ај се одморила. Ама спие од 8 навечер до 8 сабајле труп.
2 год и 8 м. исто не спие преку ден. Два дена во неделата, ако успеам да го заспијам да преспие преку ден. Навечер исто си заспива 21ч. до 21:30 сабајле во 7 веќе е станат
Мојата е 3,5 години и спие во градинка. Мене воопшто не ми се допаѓа тоа што таму спие, оти навечер оди па легни ја. За викенд ептен ретко се случе да заспие ако е многу изморена, не ѝ дозволувам да спие оти сакам навечер порано да си легнува. Ноќното спиење ми е побитно од денското
На другарка детето во мај ќе прави 4 години спие во градинка, спие и дома во викенд обавезно, навечер никогаш не седел повеќе од 22ч. Така да секое дете е различно.
Мојава околу 22:30 заспива кога спие преку ден, ама јас сакам порано да си легнува. За мало дете тоа е касно
Моето е 2 год и 2 мес досега во 12ч заспиваше в ред, 11 ако заспиеше успех, сега почна во градинка со спиење и еве 2 дена заспива во 9ч и 10ч. За мене 10 е успех секако пробав, рано стануваше и пак не спиеше навечер, плус станува ноќе уште, сега помирно е ама пак еве ноќеска 3 пати в раце бараше, ако не го земам тантрум Да ја тагнам @happygirl исти се во ист ден родени, само што нејзиното си спие по цели ноќи одамна.
Тука негде се нашите. Некогаш спие, некогаш не. Станува во 7 и го легнувам околу 1:30 дење, ако не заспие до 2 стануваме и нема спиење. Зошто ако спие После 3 тешко мене вечерта. Ако е спиен навечер околу 9 ипол - 10 заспива. Ако не е спиен тогаш 8 ипол-9 најкасно е заспан. Искрено кога не спие потежок ми е денот околу 5 има криза и некако мал е скрос без дремка да е иако кога е убаво времето почесто е без дремка надвор сме обично. Исто очекувам кога ќе почне градинка да е поуморен па полесно да заспива.
Јас на моево никако не му фатив ред за спиење Секако пробав,пробите траеја секоја по 5-6 дена и никако не бива. Ноќе заспива 1,2 некогаш и покасно. Сабајле едвај во 11 го будам. Ако пробам да го заспијам порано,тантруми на најјако,ем мајка нервозна,дете уште повеќе. Денска дремка укинав, ептен му се спие навечер,ама се бори и пак неќе да заспие порано. Ај го будев околу 8 ипол,9,пак да не спие дење,издржува до 8 или 9,преспие 2 саати или помалку и се буди свеж,вришти неќе уште да спие,стануваме и седи и до 3 или 4. Го будев исто 8 или 9,го оставав да спие околу 1 најчесто заспиваше денски,спиеше отприлика еден саат,навечер пак неќе да спие . И така решение немам,а се пробав. Ноќе пак стандардно се буди 2-3 пати ( сепак добро е,знаеше и почесто). Не е период,ова со спиењево трае повеќе од 2 месеци. Преку ден е супер дете,дојде ли време за спиење он се претвора во ѕвер. Исто и кога ќе се разбуди ноќе,скоро секој ден ме тера да го водам во дневна,ако не вришти и не се смирува. Пробав и со зборење,и со игнорирање и со карање,никако не бива. Мора да е по негово. Ќе дојдеме во дневна и продолжува да спие. Знам уште некоја мајка се жалеше за ова,одење во дневна,колку време трае? @Milaаа991 можеби,или @BabyT* ? Еве и сега нема денска дремка,ама ич не ми е нормално да спие до 11,уште поненормално да заспива во 3 . Откако е роден ме измачи со неспиење,што дете ќе беше
Помало е твоето. Мојава од 2 години преспива цела ноќ, откако ѝ ги укинав доењето и цуцлата. Во овие година и пол дали 10 пати е станала, да мочка, да јаде во 3 ноќеска или најново од оваа ноќ имало бубачка нејќела таму да спие, па ја преместам на мојата страна, којзнае што е сонувала. Има секакви дечиња
Да секое своја приказна, моето од 14 е одбиено, млеко друго никако не запи, само вода, но и вода не бара секогаш, има ноќи спие, а има како ноќеска, малку подобрување има сега после 2риот роденден. Кити се изнамачи ти