Ќе пробам денес да не ја легнувам преку ден, колку и да ми е напорно. Камо вечер порано да си легне, па ако е успешно ќе терам вака. Макар што ја имам неколку пати оставено без денска дремка и навечер пак касно легнува, ама еве ќе пробам пак.
Исто е кај моето, имал денови и без дремка, пак 11, 12 заспиваше ноќе, така е полош ако нема дремка, понервозен. Еве гледам подобрување сега со градинката, заспива порано, таму ги заспиваат во 12ч и во 2 се станати.
Ни мојава уште нема некој ред со спиење. Откако затопли ја будам кај 8 ипол 9, кај 11 ипол ја шетам со точакот и кај 12 ипол заспива така на точак. Вечерта кај 11 ипол 12 заспива. Ова вака е неколку дена. Ама пак има денови кога ќе и се наруши дневната дремка и ќе заспие доцма кај 7 и ќе ми стане во 10 свежа и седи до 4. Ама утрото пак ја будам во 9 и така. Се на се уште сме хаос, а за неколку месеци треба да се роди и даде и не знам што ќе правиме. Кај нас е поголем проблем што спие на мене и ако се тргнам се буди и плачи каде е мама, а ако лежам нема гајле си спие и до 10 часа без да стане. Мора да барам начин да почне да спие во нејзината соба со татко и, ама како ќе изгледа тоа. Напредок е што некако се одбивме, ама заспивањето уште е така со битки да ја лажеш со цртани да легнр во кревет. Па додека заспие бара да јаде, па не ова, не она плаче се нервира. Мислам со тоа ја компензира болката за цице и навиката да заспива со храна. Па после секое јадење следува миење заби обавезно воденење преслакање и пак расонување. Душман ми е секоја ноќ.
Трудно си? Сум пропуштила или сум заборавила?! Со лесно нека ти е. Се надевам второто ќе ти биде спијач.
Кога ќе завршат драмите, ако не е по нејзино се фрла на земја буквално како во филмовите и плаче насила. Немам веќе сила ни трпение, да ја оставам со баба и мене ме бара, со татко и нема шанси да седе, среде ноќ станува ме бара мама мама и кога ќе виде дека сум со неа пак заспива. Од ден на ден се полоша и полоша станува, се прашувам веќе каде грешам во воспитувањето
Да да, па не пишувал мн низ темиве, можеби имам некаде спомнато онака меѓу редови. Ти благодарам и јас се надевам оти мав ми е работата.
Мајки дајте совет да биде побезболно,почнавме да се откажуваме од шише,меѓутоа не сака да пие од ништо друго,пробував денес од чашка со клунче не сака,само 100 мл испи вода од 12 до 8 вечерва,не знам каде грешам или можеби треба повеќе време
Ако му го враќаш на пример ај само на вечер уште поголем проблем правиш. Не е така како што изгледа драматично. Крени го шишето и понуди други шишиња ќе си одбере друго. Кај мене со цефка пие сега.
Со лесно нека ти е @Milaаа991, второво нека биде бубалче . На месец пред 2 роденден јас се спремам за периодот што следи . Уште пие од шише, знае да пие и со сламка и од чаша, но во тој случај морам јас да ја придржувам.
Не знам дали има тема за однесувањето на децата. Мојот е 2г и 7м и кога ќе се изнервира повраќа. Со сила и тоа. А обично се нервира на 5-6 дена ако нешто што наумил не му се дозволи. Претходно со секое миење на коса повраќаше, сега сам ме тера да му ја измијам. Не е разлигавен, многу е срамежлив и повлечен кога е надвор, ќе си чека негов ред за нешто па макар и еден саат, не сака гужви(веројатно и ја зошто му зборам ради коронава) ама ова со повраќањево ми е смачено. Па и мм кога ќе се изнервира дури и го вреѓа детево со грди зборови што скроз ме вади од такт, на тоа и свекрва ми нареден ден "мајка му го разгалила" а факт е дека само ја го играм дома, они двајца со гордост кажуваат кога детето цел ден само се изнаиграло иако ич не знаел он со играчки да си игра.. Нвм некој сличен со повраќање да си има проблем и што да направам а да не попуштам со тоа што наумил? Конкретно денес сакаше да извади к.млеко од фрижидер, не му беше дозволно и драми по дома. А да, преголем плачко е,за се нешто рони солзи
Мојата е 2 год и 7 месеци, ако не преспие преку ден е неподнослива кај 7 часот. Станува во 8-8:30 наутро, дремнува дууууури во 3 поручек и тоа со молење, спие до кај 5, и навечер во 11 легнува. Откако имаме бебе дома нема легнато на време. Освен кога дремнува кон 1ч, во 3 е свежа и во 10 навечер во кревет. Ама ретко. Пред 10 никогаш не ми заспала, а ако не преспие воопшто преку ден,ја фаќа дремка 7-7:30, и ако и дозволам тогаш, се буди во 9 свежа и си седи до 1-2 навечер. Се помирив, може догодина ќе смени
Здраво, пишав и во друга тема ама нешто не е многу активна. Предложете некој баланс велосипед од кој сте задоволни ама да не е па прескап. Иии дали има некој искуство со овие?
Исто. Џабе реков не ја легнувам веќе преку ден. Пробав еднаш, ја фати дремка кон 17 часот, почна да плаче да липа за глупости и заспа за една секунда. Спиеше до 19h и пак вечерта во 1 заспа. Како и секоја вечер. Сега преку ден ја легнувам порано, околу 13h, бар до 16 да е станата и навечер гледам 22:30 нај касно вкревет да сме па сакала неќела ќе заспие.
Денеска бевме на педијатар на редовна контрола, ни даде клизма во најлоши случаеви и плус прашок за деца, за регулирање на столицата.. Сте имале некое искуство со тој прашок? Треба да се пие 3 месеци, секој ден. Многу мака имаме со какање, буквално како тениска топка да кака, многу болно и за неа и за мене
Не ја легнувај попладне, едино решение! Колку и да ја фаќа криза, најди ѝ некаква занимација да издржи барем до 8, па правац кревет. Доволно е голема и да не преспива повеќе преку ден, има вакви еден куп случаеви, и мојава многу често ми го прави истото. Ако не легнала до 2 попладне, не ја легнувам ич.
Денес во 7 ги разбудив, еве сега ми заспа , а нема ни 11. Таман вечер во 8 во кревет, со ризик да стане во 10 спремна за скокање по кревети..