Ми треба искуство кај девојчиња со уринарна. 3г има. Вчера се пожали дека ја боли стомак, ама мислев и се кака. Денес се подмочува цел ден и се жали дека ја пече. Утре ќе фаќаме урина, чаеви и течности ќе давам. Дали нешто друго можам да направам?
И ќерка ми исто пред неколку дена рече дека ја пече кога се моча, а на два пати и се помоча, не можеше да трпи. Неколку дена и давав чај од брусница и многу вода и и помина. Ама секако и уринокултура ќе и направам.
Скоро еден месец ниту еден пост во темава . Изгледа многу се мирни децата од 2 години . Јас да си прашам, како се справувате со љубомората? Не дава ниту една играчка на друго дете, за се вика тоа мое. И само караници. И зборувам многу и кога е сама дома си повторува, не правам така веќе, ќе давам играчките. И кога ќе дојде во контакт со друго дете, пак иста песна. Кога да очекувам фазава да заврши?
Мојата многу рано ја имаше оваа фаза. Кај нас беше полошо кога и зборував па правев вака. Пример планираме детенце да дојде и ќе и речам " Сега ќе дојде **** која играчка ќе му ја дадеш?" и она ќе каже пример мече, и кога ќе дојде одма и викам "ајде дај и го мечето" и го даваше. Друго престанав да и зимам од раце тоа ми беше најлошо. Ја оставав сама да одлуче дали ќе го даде или не. И цело време и зборев ајде поиграј си ти па дај му го на другото дете да го виде. Тешка и напорна фаза. Мојата плачеше без престан додека и ги допираа играчките.
Тука најдобро палеше размена. На пример она ќе даде нешто и другото дете ќе и даде нешто. Така си имаат сигурност дека ќе си ги добијат назад играчките, а и двете деца задоволни дека ја разгледале и си поиграле туѓата играчка. Потоа како раснат ова еволуира и сфаќаат дека играчките се нивни и никој нема да им ги однесе дома, дека ќе си ги добијат назад.
@BabyT колку време и траеше фазава? @RainBow баш така мислам дека не сфаќа дека нема да и ги земат играчките. Не знае дека треба да си поиграат заедно или дека за кратко другото дете ќе ја поигра играчката и врати. @Spidy може и тоа е . Шала на страна, освен љубомората, чат пат некој тамтрум и прибирањето на облека што да носи, за другото сум веќе уходана
Кога више сум тука да си пишам еве. 2 години и 3 месеца, затворени дома 20 дена со корона, скроз во фаза НЕЈЌАМ. Нема што нејќе, ако и дадеш нејќе, ако не и дадеш зашо не даваш, па и даваш па пак го нејќе и така. И плус пелени и извадив во сред ова, без нокшир, без гаки, без заштита на душек, без ништо. Повеќе време помина на земја периодов цивкајќи отколку на нозе. Научи дека татко и поише и трча по газот, па сега со него сака да се бања, со него да спие, со него се облака. Јас не ја молам. Еднаш прашувам, втор пат опоменувам, трет пат нема, ја грабам и завршувам работа што треба. Татко и ветува брда и долини, киндер јајца и лижавчиња, шетање и не знам што не. Продадена душа малава. И обратна психологија. Ако речеш ова не е за тебе, ќе се утепа да го земе. Ако и дадеш нешто посебно за неа, не сака да го погледне. Плус си дупна глава прошла недела, па и една вечер трчавме да ја средат. Се спаси за малце од шиење. Колку е попаметна и повеќе знае, толку повеќе глупости смислува. Право дете.
@Spidy ти успеа да ги откаже пелените? Јас веќе некое време и зборувам дека доста и е во пелени. Кажува кога кака и ми кажува кога ќе и пропушти пеленета. Ајде мамо бечи. Но никако не сака да седне на нокшир или шоља. Кога ќе ја прашам а кога ќе може, ми вика утре , и секој ден е утре .
Претходно не сум и зборела ништо. Веќе беше во фаза каде за секое пресоблакање се бунеше и се бркавме низ дома. Едноставно стана сабајлето, ја соблеков гола и и реков ако ти се мочка кажи ми. После неколку мочања почна да кажува, и за неколку дена речиси секогаш без грешка си мочка во шолја. Знае да пушти капка во гаќи ама ништо страшно. Со какање нема ред. Два дена кажува, па два дена стиска, па сака во пелена, па нејќе никаде... тоа уште не е дефинирано и зависи од денот. Се што читав се сведуваше на тоа дека не треба детето да се тера да моча, туку да се нуди. Кога ќе се измоча објаснуваш како се прљави сега гаќите, или мокро е на земја, и само да се повторува: ако сакаш во вц, кажи. И со мојава тоа функционира. Откако надвор се измоча, сега и не пропушта да моча пред да искочи зошто и објаснив дека ако е мочана мора да се врати дома. Значи буквално ја оставав да згреши за да види дека подобро е на поинаков начин да пристапи. Генерално задоволна сум од напредокот, ама сеуште носи пелена на спиење чисто за да помалку перам постелнини. Тоа понатаму ќе го решаваме.
Ај што не дава,него ако побара и друго дете му даде топка пример после нема шанси да врати....срам ме фаќа...
@Spidy и јас на крај така планирам, само чекам да се потстопли времево, да не фрлам десет работи помочани. @Happyinlove мојата со сите други играчки си игра ама нејзиноте на никој не дава. Среќа не се буни за враќање на другите играчки.
Ај овде ќе прашам. Во темата за градинки се спомна дека им зимаат крокс на децата за летно време. Прашањето ми е дали дете со неполни 2 години ќе може убаво да оди со крокс или сандалки некои да му барам за летоска? Се спремам за плажа де. Филмови си правам уште од сеа. Вчера бев и купаќи да му барам
На мојот покажа тоа. Лактоза + казеин и протеин во млеко. Се манифестираше во глобала со осип и дерматит и дијареа. Не знам колкаво ти е детето. Со тек на време почна да реагира само на одредени млечни производи, не на сите. Веројатно има влијание и во колкав процент е алергичен. До 3 години секако не се 100% веродостојни овие тестови.
И лани на година ипол носеше крокс. За годинава веќе имам купено. Не само што се удобни, туку и лесно научи сама да ги облака и соблака.
Значи ќе пукнам од што не можам да ја запишам во градинка. Апликација поднесов во февруари минатата година, не примале нови дечиња, само тие што од јасли преминале во мала детска. Џабе и врски и се кога, капацитетот е поплнет, а нема врска што од 12 дечиња градинка посетуваат само 10 Ми подиве детето, не знае што да прави со себе, па и времево за никаде, да не може да се истрча надвор. Права брбливка е, сврзува реченици, раскажува приказни, но само дома, пред други ни добар ден не вика. Некни се враќам од работа и таква цела возбудена Мамо мамо, Џемле не отала очите, вика чичкото Џемле отоли очите ама Џемле нана со свекрва ми си гледа турски серии. Како бе се учат такви глупоштини од едно слушање, а не можам да ја научам да се одвикне од пелени? Станува наутро мочка на нокшир, и по пладневната дремка пак мочка на нокшир а во меѓувреме никако. За какање сама се крие и ако и се приближиш вика бегај мамо, тгни се, кака Атонија, два пати ја имам ставено одма на нокшир и ми се сецнува детето, дури утредента се искакува со маки. Има ли некој начин да ја убедам да кажува кога и се кака кога и се мочка зошто за се друго знае да каже. Многу ми е станата лигла, помина фазата со не сакам, нејќам и сега е во фаза не нанам мамо, нандор одам, само надвор да е и плаче ако не е по нејзино и одма кај баба и дедо зошто ја галат. И што е тоа со дај ми, дај на мене, дај на Атонија. И на тв кога ќе види дечиња како играат со топки вика дај ми дај мене и плаче зошто не и даваат Јас зборам, и објаснувам и ми вика во ред мамо,. не пјачам ама дај ми топта, дај ми балон. Дали си играат сами вашите, мојата игра ама тоа е 5 минути макс, другото мора со нејзе да си и да ја прашуваш или она да те прашува а ти да и одговараш и да бидеш активен во играта. Од друга страна па нема кога сама да ја развива фантазијата, се е со некого кој и оди по газот освен мама, дури и сама вика одам доле игам бабати коцки, не ми се бои више (или не и се пее, или не и се игра со кукли и сложувалки). ПС Уште и се вцрвуваат образите од модар патлиџан, блитва и боранија. Зар е можно да е уште нетолерантна на нив? (уште од пробување вкусови покажа блага реакција на нив па се до сега - 2 години)
Мојата е алергична. Кажи може ќе знаеме да те советуваме @S.J.Parker и мојата уште покажува реакција на млеко. Ми рекоа на кај 2.5/3г да пробам пак. Сама многу ретко си играе најчесто кога ќе и речам дека е време за спиење