Ќерка ми е година ипол почна да и се јавува крв во каките.Проверивме крв,измет се е во ред.Матичната рече дека најверојатно е алергична на млечни протеини или лактоза.Го прекинав млекото 2-3 дена немаше ништо.Пробав да и дадам алпско без лактоза,пак се јави малку крв.Не сум ја тестирала.Ме интересира дали од вена земат крв за испитување? И ако е алергија на млечни протеини што не треба да јаде?
Ако е алергија на протеини не смее да јаде ништо млечно. Јас ја тестирав на 8м во Биотек и беше од прсте некој си 5 ептувети крв ама испитував за се. Кај малата испадна на кравји протеини, па користиме производи козји и овчи. Секако додека не знаеш не треба да експериментираш затоа што може алергијата и поинаку да манифестира. Дали ќе тестираш или ќе пробаш нешто друго ваш избор е. Сега не ни знам дали во Козле закажуваат за тестирање, но ако закажуваат јас би ја однела.
@S.J.Parker ниту мојата не се заигрува сама, мора да седе некој до неа или барем да и зборува, учествува во игрите.
Не знаев каде да го пишам мислењево па ајде овде. Сакам да слушнам ваше мислење и како би постапиле во ваква ситуација. Имам пишано и порано ќерка ми (3 години) многу сака да се дружи со детево од јатрва ми (4 год.) ама детево е многу насилно, турка, мава, а мојава седи и ќути. Еднаш дојде од горе со плачење и се држеше за глава, ја удрил, па му реков зошто ја удри, а свекрва ми и јатрва ми се налутија на мене зошто сум го карала деца биле и наместо да го искараат тие го подржаа. Па машко бил и не знам какви глупости се изнаслушав. Ок помина тоа, пак заиграа, деца се, реков да не се расправаме. Последниве денови мојава е нон стоп со него. И денес слушам горе пишти мојава плаче, а јатрва ми вика по нејзиното. Доаѓа ќерка ми доле цела во крв, со распукана уста, потечена...Животот ми се скрати. Иде јатрва ми и викам како падна на што се удри не знам вика миев јас само што се свртив ги гледам двајцата доле. Наводно паднале од на кревет. Ама гледам на нејзиново не му е ништо, нит пак плаче, а моево цело во крв и не може да зборува од плачење. Плус слушнав како му вика на син и, значи ја има турнато. Не е прв пат ова, знам какво е детето и знам дека сигурно ја има турнато и пак ќе ја турне друг ден ако ја оставам со него да игра. Не сакам да се расправам со јатрви со свекрви за ова, веќе го знам нивното мислење на оваа тема, туку сакам да прашам што би направиле вие во однос на дружбата со такво дете? Не сакам да и ускратам да си игра, ама знаејќи го детето не сакам ни друг ден низ прозор да ја турне не дај Боже. И реков дека нема веќе одење горе штом не знаат да играат и дека одсега и камења да паѓаат надвор ќе излезам и ќе ја шетам за да се издува малку. Се тресам цела, притисокот ми се крена.
Немој да ме сфатиш погрешно, но јас не би ја пуштала како што кажа ти горе без мое присуство. Еве може додека пијам кафе или муабетам со јатрва ми да си поиграат децата, ама да ја оставам сама таму а јас да си појдам дома не би. Не поради тоа што другото дете е насилно туку и јатрвати има работа низ дома како и ти, едно дете не може да се допази а камо ли две од кои едното е проблематично. Јас мојата не ја оставам сама со внук од сестра ми 2 и 3 години, ниту пак со децата од золва ми 5 и 6 години, деца се, за брзо станува од играчка плачка.
После првата случка не ја оставав, одев и јас со неа. Ама сега сум со мало бебе и не можам да шетам и да седам да пијам кафиња, а и мојава нон стоп ми бегаше таму од што и беше досадно и ја пуштав од што ми беше жал да си поиграат ама се уверив пак дека не можат да играат без да ја турне или удри. Епа така ќе биде и во мојов случај.
Здраво мајки... сакам да прашам оние мултивитамините за џвакање што се од Алое форевер ливинг, од колку години може да се даваат на децава?
Мислам не треба воопшто да не оди, ама не ја пуштај сама. Кога ќе можеш и ти со неа. Сепак братучеди се и блиска возраст секако ќе се дружат. Не треба возрасните да се замерите заради децата. И сама си слушнала дека го кара, може требало да ти признае ама и било непријатно. Плус внуче на маж ти е, ако беше од твој брат или сестра дали ќе им забранеше да се гледаат? И јас имам внук од прв братучед, една година постар од ќерката. Многу се сакаат и се дружат, а како помал често знаеше да ја удри, турне, криво ми било и мене. Точно дека машките имаат поинаков начин на игра. Мајка му го караше, ама немаше ефект се додека не потпораснаа. Кажав сега се најдобри другари ќе беше штета да и го одземам дружењето со него.
За деца над 6 год. се препорачуваат две таблети на ден како додаток во исхраната. За возрасни се препорачуваат четири таблети дневно. Препорачливо е да се џвакаат. Tаблетите не се препорачуваат за деца помали од две години! Не ја носи без твое присуство или нека играат кај тебе под твој надзор. За твој мир како што си пиша какво и да е времето изнеси ги надвор да ги прошеташ децата.
Уште нешто, и мојата е така мирна не знае да врати. Лошо звучи ама учи ја да врати или барем да знае да се тргне кога ќе сака некој да ја удари. Нема секогаш да сме до нив, и да ги тргаме од лоши ситуации, мора да научат сами да се одбранат некогаш.
Јас искрено повеќе ја забранив ради големите,не ради детето. Секој пат ја тепаше а тие молчеа,морав јас да зборувам,кога мојата ќе се пожалеше дека ја тепа и велеа"ако,таква е играта". Е не,не е.
И мене ради тоа ми е најмногу. Не го караат, не му зборуваат, не го учат, ќе му подвикнат во моментот и после детево пак по старо си тера. Ете првиот пат ко ја удри ќерка ми, мајка му наместо да го искара, се расправаше со мене и не ми зборуваше со месеци. За стариве пак да не зборувам, го бранат што и да направи. Детето си има подршка, никој не му укажал дека не смее така и дека не е во ред тоа да го прави и затоа и друг пат истото ќе го стори. Да и забранам не можам, во иста куќа сме, различен спрат,ист двор. Јас ќе излезам и тие се тука и не можам да ги одбегнувам, ќерка ми одма трча кај него. Ама одсега само со надзор ќе биде, сама со него никако не ја оставам зошто знам дека не му е последен пат. Гледам дека и со други деца е таков, насилно е и свесно го прави тоа, ама родителите се криви никој друг.
Децата брзо забораваат и простуваат. Имам 2 другарки од детството не зборуваат една со друга. Ќерка ми често ме прашува зошто? Еднаш ми рече " мајките не си простуваат"? Мислеше на возрасните.
Мајки помош, на ќеркичката целиот палец и е жар црвен, воспаление има од ноктот што и влегува во месо, последниот пат и го оправив некако, го сечев подлабоко ноктот и 2 3 недели немавме никаков проблем. Од аптека ни дадоа само јод да ставаме 2 3 пати дневно и толку, што друго можам да ставам? Сега ја намачкав и екодерм.
Мајки искуство со крв во измет,мислев дека е алергија на млечни протеини,2-3 дена не и давам млечни производи но пак се јавува крв.Читам во форумот дека @mariz е имала такво искуство. Испитавме крв,измет,ехо на абдомен се е во ред.
Ви се случило ли околу втората година, наеднаш да несака да се бања? Буквално вришти, како од страв. Се фаќа за мене со раце и нозе, и не пушта. Неможам детево да го избањам. Исто од фен. Уплав фати. Последен пат со греалка и ја сушев косата. Никогаш не правела вака.