Добредојде. Седи, не мора да се соблекуваш. Фаза е, поминува, во меѓувреме поретко ќе ја бањаш. Кога ќе заврши таа фаза, ќе почне некоја друга. Дај јас сам или нејќам ништо. Па викаат после 3 години ќе се разбереме како луѓе...
Колешката моја така се бањаше со малиот до 2 одд. Пустата кога имаше циклус се бањаше со тампон...мене ова ми е измачување и малку ,,крипи,, Кај мојот оваа фаза траеше многу малку. Го лажев ,,ајде да ги бањаме кутрињата, мачиња, автомобилчињата и сл,, и со играчки се лажеше. Е сега тера друга фаза - кога неможе нешто да направи како што замислил (пр. редење под конец, да затвори шише со капаче, сам да облече патики и сл.) вришти и ги фрла играчките. Јас си зборувам и објаснувам ,,трпение,, ке научиш полека а тој на цел глас се смее на зборот ,,трпение,,. Тантрумите така ги поминуваме, вадам некој збор од речникот што додега не го слушнал и чека заинтересирано да му ја предадам лекцијата за значењето на зборот
Не ми текнува поинаку да ја избањам. Мојава не разбира уште. Џабе полнев када со играчки. До пред некое време трчаше во бања, немижев да ја извадам. Ова сега лудило. Туку, кога одам на љуљашки, ако и е зафатена љуљашката. Почнува да вришти. Сите ме гледаат. Ок ли е ова. Срам ме фаќа Да знам дали е нормална фаза. Многу нешта почна да прави последните две недели. Се обидува и да збори. Кажува некој збор. Од некои песни пее стихови, од цртаните на Биби имитира и кажува по нешто. Многу сум збунета
Зрела е за во градинка или за братче или сестриче . Фаза е ке помине нормално е, и моето некогаш не дава и вришти а некогаш дава, ама расне со поголем брат и го учам да дели. Сега после 24 мес и кај мојот повеќе се активира говорот, си раснат си раснат...
Пробај, кажи и дека дента треба да се бања, па да реши кога сака да биде тоа, нека си размисли и сама да одлучи. Може што сака да си земе за во бањата, како сака, ама нечистотијата е грозна, сите се бањаат и тоа е неопходно. Нека има контрола врз ситуацијата, кога и како, колку ќе разбере, ќе разбере, ќе разбере. Потсетувај ја, сега спремна си? Не? Ајде малку подоцна тогаш, прегрни ја и остави за подоцна. За лулашките сосема нормално. Ехееее, колку има за учење. Мојата порасна на лулашки. Само ќе објаснуваш и зборуваш и нема што срам да те фаќа, не ни мисли на другите луѓе, сите горе долу го поминале тоа. Ќе и кажеш дека се чека ред. Застани со нејзе до лулашката и чекајте ред. Нека си поплаче, теши ја, па кога ќе стане детето ќе седне. И ќе сфати како функционира, па ќе се навикне. И за се така по малку. Огромно трпение само, зашто се им е ново, има многу работи кои треба да ги научат и се просто преоптеретени.
Она сеуште не ме разбира што и зборувам, а уште малце ќе полни 23 месеци. Се почна да несака откако беше настината, и се исплаши од инхалаторот. Мислам никогаш нема да ме разбира
Нормално дека ќе те разбира. Само полека и со многу трпение. Верувај дека така ќе постигнеш повеќе. Децата сакаат кога имаат контрола над нешто. Зборувај и попоплека и разбирливо, не мислам на бебешки, со твојот нормален глас, само да не е пребрзо, да може да те разбере. Ете, си има и некаков страв, затоа само со разбирање, на сила само контра ќе направиш, полека. Можеш да и речеш, добро, ако денес толку те вознемирува бањањето ќе го направиме утре, може ли така? Договoр куќа гради.
Свеки не помогна со една бајка од упла? Шала настрана, секако дека те разбира само така му одговара на нив Убаво ти пишала Рејн, устата пења нека ти фати од зборење.Башка и фаза е бањањето. Смени тактика, ако си а бањала во када пробај под туш, или обратно.
Мојата од мала несака да се бања и уште ја држи. Сега разбира и ќе почнам да и викам денес треба да се бањаме, на што таа ми вика нее, утре, ( се што несака и е утре). Потоа се убедуваме дека ќе го бањаме и бебето, па и велам ајде сама соблечи се и со тешко срце почнува, но таква е како да и е страв од водата. Косата кога и ја мијам обавезно плаче, веќе навикната сум. Потоа од кога ќе ја облечам, почнува сама да си вика ете бањата сум, чиста . Почна и во игра со бебињата да им вика ајде мора да се бањаме, од кога не си бањато, како јас што и викам . И кога ќе дојде ред на неа, пак исто.
Ви викам, кажете им дента дека треба да се бањаат, па нека си решат кога. Ама денот е тој, за бањање. Ќе се бањате и вие и се тоа. Сами ќе се подготват психички и ќе одберат време. Некогаш, ако имаат тежок ден и навистина не им е до бањање, само им е товар, оставете и за следниот ден. И ние возрасните немаме некогаш сила па си викаме ај утре косава во репче, па ќе се избањам вечерта. Они го немаат тој луксуз, па им треба малку разбирање.
Јас и кажувам одсабајле, што е до неа никогаш нема да биде соодветно време за бањање. Некогаш и ден пред тоа и викам утре треба да се бањаме, за да бидеш чиста и убава, тогаш ќе рече важи и како наближува времето и повеќе и зборувам ајде да се припремаме за бањање, таа почнува несакам, нее и се иста песна.
Малку по малку, се приближува времето, се одлучи ли? Не. Добро. По пет мин пак, спремаш стварите за бањање да гледа, па пак си играте пример, па пак прашуваш, така доаѓаш до крајот и потоа кажуваш дека цек ден се спремате и сега веќе дошло времето за да не одите валкани да не ви мирисаат мишките, бљак. Потоа вртиш на смеа, ја мирисаш под мишките, ја скокоткаш, било што што пали кај вас. И нека си поплаче, ама полесно ќе и биде. Малку по малку ќе ја надмине фазата вака со подготвување.
близнакот е ист како една мајка да ги родила. Брбла мама баба тата деде...ау ау мјау мјау и почнува по негово имаш на руски акцент ако гледал маша,нешто ноу ноу ако гледал кокомелон. Он се гледа дека сака да зборува ама не му текнува. Сега почнува да имитира и да глуми. Еве денес се сопна му го бацив коленото за 10 мин демек пајѓа а во очи ме гледа и глуми бее аууу вика Кавгаџија е сака да се кара. Како свекрва нешто така
Значи копи паст се. И оваа имитира многу. Пее песни, мрмља и откачува некој збор. И проверувам палец на патики до кај е, и она сега на секое облекување се пипка на палецот Сефте денес во паркот најде две исти брливи немирковци ко нејзе. Па за чудо си играа топка. Дури и, им подаваше. Па се пушти на мајка им да ја земе во раце Врвот беше кога соблече патики и шлапаше боса по прашина
Добро ве најдов од мене, прославивме 2 роденден во недела, порасна детето, ама напорен е многу, си пее, збори, не јаде, вади 5-ки, тантруми, викање и све, за зборот не не те фирма пак мора да е по негово, се качува секаде каде што не треба. Поздрав
Како што расти понемирен станува, од ко оди в градинка само бељи прај дома, шо мирно дете сум имала пред тоа Тантруми има скоро секој ден имаше мирен период без тантруми сега пак почнаја. Со спиење исто е, станува скоро секоја ноќ, пивнува вода и презаспива, јади пак сега, имаше период слабо јадеше ама машала си има килажа Зборува се и така. Мал апдејт за синко
Ќерче мое исто откачува во последно време. Само се качува на маси, на столови, на се што може Јадење слабо откако е родена, крвна слика ок, образи машала Откако си дојдов дома со бебе уште повеќе се мази со мене и со мм. Со бебето е ок, го гали, ако плаче трча да му даде цуце или вика по мене брзо мамо бебе паче од време на време ја фаќа љубомора па ми вели да го оставам бебе да спие, ние да сме шетале. Муабет прави, уста не затвора плус па и лаже Денес и објаснувала на сестра ми како сум и давала зелена супа, таа не сакала па сум и Викала и мавала по раче Вчера на татко ми му вели тато ме тепаше и ја плачев и тато не дава чоколадо
Aj и јас да шкртнам 2год и 4месеци,сама заспива одамна,сама спие на кревет ама во спална до нас,уште ми е рано да ја оделам.За јадење не јаде убаво пребира се нешто,во градинка оди, таму велат јадела, спиела, другар е со сите Дома е струја,уста не затвара,со бебе е супер знае и да се заиграат,ама како тантруми ја маваат јаооо...два пати неделава по пола саат траеше,урла се мава не кажува зошто,неможеш да ја прелажеш со ништо едноставно ќутиме и чекаме да пројде,а бебе ја гледа од страна изѕвездено се чуди Како старица се расправа со нас ако нешто не и е по ќеиф и наредува се нешто Пее по цел ден песнички знае и од градинка а и татко и ја учи некои негови српски рапови јаооо со мене се гушка а него знае и да го подлупне таква им е љубовта Највеќе ме нервира кога одиме во парк или пак кај бабите на гости,е кога ќе треба да си одиме драми прави нејќе дома па мисли што да лажеме па едвај некако се тегнеме до кола Сега откако стопли времево само надвор да е и ужива ми се допаѓа што се ми кажува,раскажува како поминала во градинка,или цртан ќе пуштиме па раскажува што следи што ќе напраи пример сега Снежана итн Али инатче е во глобала (нема на кој ем јарче ) абе мора да е по нејзино и крај,ќе врти ќе врти пак ќе се снајде по нејзин гас да е комедии А и со сестра и,не дава играчки кои мисли дека се само нејзини,вика овие играчки се за бебе а овие се за дете Мои нагласува И така во глобала срцка ми е,ама има и моменти каде што ме полудува ама тоа си е...