Мајки ајде кажете добар гастро доктор приватно Систина ,Ремедика.Бевме на клиника кај Бојаџиева ама не сме задоволни.
Мајки здраво. Малата има 3 години, и хемоглобин 9ка. Ни препишаа Малтофер капки, но прашањето ми е дали смеам да ги давам наеднаш т.е еднаш во текот на денот цела доза. И по колку давате вие на 3 год. детенце ?
Нова фаза на развој или нешто што треба да ме загрижи? Епа вака, ова трае 2 дена мислев дека таков и е денот ама не. Значи почнува од се да се плаши и тоа се случува вака. Си игра/седи/јаде и наеднаш почнува да плаче (плачот е тажен и уплашен) и после иде "Мамо се плашам од коњот" ;"Мамо се плашам од бубата" и хистерично вриска, понекогаш нема ни објаснување од што се уплашила. Она што по ме загрижува е, кога сме дома плаче мамо сакам надвор и моментот кога излеваме таа веќе плаче за дома.Ама тоа го праве уплашено секој пат. Значи овие два дена дали 1ч беше весела, постојано е тажна и плачлива. Дали има некој искуство со вакво нешто?
Незнам дали е поврзано со нашиот случај, но Андреа почна да се плаши од звуви. Се плаши од кола, од фен, блендер-соковник. Се плаши од се што пушта звук. Вчера додека косеше мм, она цели два часа висеше кај мене во раце. Вака се плашеа во вториот месец. Незнам сега што стана. Инаку, се плаши и од тажни сцени на тв. И почнува да плаче видно вознемирена.
Мене искрено кај мојава тоа го препишав на глума, барање внимание а не реален страв. Се исплашив од собата ми вика... и после и проаѓа за 5 секунди и насмеана иде пак во собата Или само цивка од ништо и се гушка. Не е страв од нешто реално, или е имагинација, глума, барање внимание... Го прави ретко сега веќе ама поизразено е кога е уморена или и се спие.
Мајки за потпарено дунде шо ставате?Памперс не носи ама не дава ни со палома да ја избришам ја пече влажни исто така не користиме.Шо да и земам?
Да се гледа дека е вознемирена и почнувам да и зборувам и ќе се смире. Па не изгледа како за внимание туку како да се исклучува на момент и почнува да плаче. Еве сега сабајле го виде коњот и му се израдува и после 2мин списка од него и се скри во мене. Нас ни една фаза не не прескокна @pianogirl одмивај ја со водичка, пеглај гаќи. Ако е многу лошо кај педијатар да ви даде некој крем, може е габично.
На мојата и се деси пред еден месец. Ама такво црвенило, дете вриштење од болка. Матичната ни даде Афлодерм масѕ и (канестен) или Антифунгол крем. Се меша 1:1 и мачкав. Одма ја смири. @BabyT* Ако мислиш на коњот клацкалка!? И јас го мразам
Мајки здраво. Моето е 2.5год но многу палаво, темпераментно дете. Совет од мајка што давала на нејзиното бедоксин за поголема концентрација кај детето ми вели дека прашала педијатар не сметало по половинка кај дете. Ваше мислење?
Немаат уште таква способност, до толку да глумат. Кога и да се исплаши само зборувај со неа, да знае дека си секогаш тука и нема од што да се плаши. Мојата имаше фаза кога не сакаше воопшто да се облече и да оди надвор, па океј, не сака, не сака. Кога мораше да се излезе со гушкање, објаснување и кај мене во раце, некако ќе успеевме, па надвор немаше гајле потоа. Мали се уште, а многу повеќе се добива со тешење отколку со било што друго.
Сите плишани коњи, коњот клацкалка и коњот во полето тука кај нас, што е и најголем проблем неможам да го скријам. Така и правам, цело време ми е во раце ја гушкам и и објаснувам дека нема од што да се плаши. Само се надевам нема да трае долго.
Мислам не треба да ги криеш, така несвесно и покажуваш дека има од што да се плаши. Не на сила но соочување со стравот, и ти мораш да си смирена кога вака реагира, не покажувај дека те вознемирува или да и се караш дека нема од што да се плаши. Подобро кажи и дека и ти се плашиш од нешто дека е во ред да се осеќа така. Одев кај еден психолог со ќерката пораси стравови. Можеш да пробате дома. Прво низ муабет игра да нацрта што ја плаши, тој цртеж го искинаа и го фрли. После нацртаа самовила, ја испрскаа со светки и ја убедуваше дека таа ќе ја чува, на неа може да и зборува и да и кажува кога се плаши бидејќи е волшебна. Кај ќерката веќе беше 5 години ова не помогна, дури од лутина дома го искина цртежот, зошто ја лажеле дека ќе ја слушне самовилата. Твојата е помала, можеш да пробаш, ако не друго може ќе сфатиш што и зошто ја плаши.
За карање секако не ја карам, пробувам да бидам мирна иако првиот пат малку ме уплаши. Инаку плаче додека не ги тргнам и затоа не сакав упорно да ги гледа и да плаче. За цртање мала е, она црта ликови и рандом ствари ама не знае друго, 2г и 4м е. Кога сме пред други, ако виде нешто што ја плаши само ја наведнува главата и се пика во мене, а кога сме сами плаче.
Моето тераше некоја фаза на страв од јак звук или летеќи инсекти. Уствари го касна оса и имаше страв од се што лети. Му објаснив во стил ,,ќе ги караме и бркаме да не те плашат (бегај пчелке не го плаши К...тој е умен), тие се помали од тебе...,, и така после 5-6 дена заврши стравот. Упорно зборувај дека ,,мама ќе ги кара/брка што ја плашат...мама е тука нема од што да се плашиш...види мама не се плаши на пр. од коњче, тоа ги сака децата....види куклата/мечето не се плаши и не плаче....и сл.
Мајки за месец сме тука, ве читам оддамна ама сеа сакам да пишам, да прашам. Од малечок беше јадач, си напредуваше супер. Е сега кога појде во градинка почна и да настинува често, па се тоа се одрази на неговото јадење. Со настинките педијатар ми кажа да не го форсирам ако не сака, имаше пролив неколку пати па се навикна бисквити и сува храна да јаде и еве сега по 3 месеци тоа е премногу изразено кај него. Во градинка го праќаат како најаден, наспиен и верувам дека е така. Дома пробав да не го форсирам и додека не побара да јаде да не му давам, ама и кога ќе побара сака леб или бисквити. Му кажувам нема дома и почнуваат тантрумите. Би седел 3 дена без јадење се додека не добие она што сака. Сега и почна да збори буквално се знае и разбира и ни кажува цели реченици, пр. Не сакам манда (манџа), сака лепи (лепче). Ме нервира многу, не попуштам ама сум пред пораѓај и знам кога ќе остане со бабите бетер ќе стане, впрочем они што му попуштаа кога беше настинат и така се навикна. Сака сам да се рани и го оставам сега веќе и не прави лом како на почеток, ама мора да е по негово храната. Немам нерви веќе околу ова дај утешете ме што да правам. Се мислев да му ставам од јадењето на тост во 2 лепчиња па така да пробам да внесе нешто, незнам стварно.
Ќерка ми има алергија веќе една недела. Прво и се појавија неколку црвени точки на вратот, па наредниот ден на десна рака и нога по неколку, па на стомаче и на крај на лева рака и нога по некое. Матичниот ми рече да ја мачкам со декотал и да и давам лоратадин. Како што ја мачкав така едни се смалуваа и стануваа како мозолчиња, а други се појавуваа. Ја чешаат само пред да излезат, т.е се чеша и на местото каде ќе се почеша и излегува црвено топче како каснато од комарец и околу местото е зацрвенето на почеток па после се губи. Се консултирав и со друг доктор тој вика дека ако игра во трева,во зеленило можно е да е од тоа и рече дека е алергија со инфекција и ми даде белогент. Ја мачкав и со тоа ама пак е исто. Вечерва на десна рака и се појавија нови. И тоа многу, а не по едно како претходно.Значи пукнав. Дали имате слично искуство? Ќе споделам слики да видите каква е моментално. Матни се сликиве ми мрда не можам да ја сликам. @Alishan30 @Annath
Лоратидин давав 10 дена редовно ама тој мислам дека не помага за ова. Малата кога беше со уртики и даваа Авил.