Син ми е алергичен на болви, секогаш успева да најде некаде и после каснување од мали точки биднува ист ваков како на сликиве, од вакво црвенило остануваат само како мозолчиња и после му се разрануваат и третираме со месеци. Не тврдам дека се работи за тоа, само е доста слично со осипот што му излегува на син ми.
Со што ги третирате? Утре ќе одам и кај кожен лекар, ама ептен се испаничив кога видов дека се проширени, а таман сегде ја помина и имаше уште 2-3 вака црвени и кога мислев дека е готово гледам рачето цело црвено.
Бела течна пудра често мачкање и сируп лоратадин. И од матичен и на кожно исто ни кажаа, веќе се затоплува и почнаа мачки да легаат во трева низ двор па ќе видиме ова лето како ќе е.
На уртики личат, ама не би знаела да кажам што е причината, може храна, може трева, може полен... Треба да се испита. Штом се појавуваат пак и покрај лоратадинот, може треба да се смени терапијата, но не сум компетентна да кажам што е најдобро. Алерголог треба да ја види.
Уште малце и јас тука во ова поголемово друштво... Втор роденден и пак ништо, тапа, уште нит знаеме што ќе правиме, нит планираме нешто. Немаме двор ама затоа имаме премал стан каде што не не собира-ха-ха. (Иронија). Бар ќе ги замолам во градинка да му пејат хепи брдеј. И ми бара за викенди да оди, жива среќа сака таму... Ја чекам регресијата за спиење на 2 години, се надевам не е ко претходните.. нели?
Кажувајте чаре мајки. Од вчера не сака да се бања. Со што не го лажев плаче вика се дере и не сака. Не беше така ова од еднаш а мора да го избањам топло е се поти а не дава. Сте имале ли ваков период и кажете како да го натерам. Верувајте секој совет ќе го применам толку сум нервозна.
Не е, друго е поголеми се. Полесно е нема да осетиш. Ја све пробував и ништо ама баш со ништо не сакаше да прифати. Преку ноќ - еден ден у време за бањање сама рече ајде да се бањаме и влезе да не чека у купатило. Само живци.
Јас се жалев пред некој ден. Несака да се бања. Три пати ја земав во раце со мене и така се бањавме двете. После се напнав, со сила. Плачеше ама ја избањав. Уствари прометив, плаче глава кога мијам тогаш почнува плачот. Ја лажам и со телефон Фазата трае кај нас повеќе од месец ипол.
Неможам да го земам со мене оти бара да го земам во раце а не можам 3месец сум бремена и така повремено ме боли стомак. А не се лажи ни со телефон ни со играчки. Се си мислам да ја викнам мајка ми па како знае да го избањам. Многу се тегне ми е страв да не ме ритне по стомак затоа.
Мислам дека кај нас регресијата почнала порано. Три ноќи се буди и седи по три саати будна. Да те израдувам. Некаде прочитав дека има регресија и на 2,5 години Две недели до роденден. Дома со домашните. Торта ќе правам сама.
Vi se ima sluceno deteto vase da stani od son so suva pelena,pola den da ne e mockana? Deneska prv pat toa se sluci,bukvalno neznaev sto da i pravam,voda sok supa jadeno,cel den na tecna hrana, duri porucekta koga stana od son se izmocka.
Не знам регресија ли е, што ли е, ама си има мака детето, а богами и јас со него . Се буди сабајле со плачење, и бара одма да го водам надвор. Значи и ако му кажам ќе одиме, и ако му кажам попосле, и ако кажам не може, вришти додека не излеземе. А не можам одма да излезам, морам да се облечам, него да го облечам, да му сменам пелена.... Не можм одма од кревет, надвор. Веќе една недела трае ова, па и повеќе можеби. И преку ден тешко можам да го внесам внатре. Ќе влезе некако на минутка, две и пак вришти за надвор. Буквално, по цел ден сме надвор. Едвај успевам да му направам за јадење и пак надвор јаде, а може и да одбие јадење. Не прифаќа не, се си тера по негово, ич не слуша, што си намислил тоа си прави.... И ако нешто не му одговара, колку пати и да го прашам не ми одговара. Си ќути. Тантрумите му се на најјако. Се фрла, се удира од плочки, ламинат и не размислува дека ќе се повреди. Колку и да му удоволувам, да го играм, шетам, се му е малку и пак си наоѓа за нешто да се лути. Престана да преспива преку ден, може и е уморен, од што по цел ден трча, оди, ич не седнува или легнува, ама па навечер иако се буди, преспива од 9 некаде до 8 сабајле, некогаш повеќе, некогаш помалку, ама отприлика 11 саати спие ( со прекини). Ако преспие преку ден, макар и пола саат, пред 12 навечер не си легнува.
Се потат од топлото и на тој начин исфрлаат течности. Многу пати летен период се десило со големиот. Малата се одвикна од пелени (освен за спиење пладне-навечер) и доста долго држи за мочкање - 3-4 саати минимум.