Женски малава во неделата ми крена температура 39. Сабајлето почна да кива и и течеше носето. Бевме на лекар и дадоа инфузија и инекција мускулно линкоцин и урбазон. Во понеделникот бевме на контрола и и дадоа уште една инекција. Од вторникот почнав да давам сируп алмацин и добра беше два дена, немаше температура. Денес пак крена. 38 имаше и дадов далерон и после пола сат 38.5 крена. Бевме пак на лекар, ја прегледаа, грлото чисто, плуќа чиста и ни рече крвна слика да направиме. Инаку во неделата правевме крвна слика и имаше покачени леукоцити (15) и ЦРП 13. Денес леукоцитите беа 9. Ни рече да продолжиме со алмацин. Откако заминавме цело време е топла. 37 имаше, па по некое време 37.4, па крена 38 и пак појдовме на лекар. Дур стигнавме до таму имаше 38.8. Бруфен сируп и даде. Не било ништо страшно. Вели грлото е малку црвено. Инаку кашла од време на време, носето и тече и има шлајм. Се дави ама не може да го исфрли. Мене ме плаши од што може олку температура да крева, а покриена е со терапија. Можно е алмацинот да не и делува? Можно е бактерија во мокрача да има? Испитавме урина добра е, ама да не има потреба од уринокултура? Брис од нос и грло?
Сега и да сакаш, не може брисеви да правите, нема да бидат точни резултатите. Ќе помине, не ми личи дека била за антибиотик по крвната слика, а уште помалку за линкоцин и урбазон. Инфузија да, за температурата, ама јак антибиотик и кортикостероид не оправдувам освен кога е потребно (во случаи на силни опструкции и многу високи тт кои не се симнуваат со ништо). Вироза е, антибиотиците не делуваат на вирусите. Ќе пројде.
Како им помагате со шлајмовите? И течеше нос, сега искашлува и и доаѓа во уста, не го плука. Некад и се згадува, па повраќа. Има некако да им се помогне? Мислам ко само да го врти истото.
Ако е од носот со капки за нос,ако е од плуќа со сируп за разредување на шлајмот и полесно искашлување.Сепак педијатар да препорача според возраста и потребата.
Мајки кажете совет како да го навикнам поголемиот син (2 год.и 2 месеци) да се успив сам? И денското преспивање и ноќното мора да сум до него, од пред 3 недели имаме бебе. Супер се снаоѓам сама со нив дури не дојде време за успивање на поголемото. Бебе плаче, он плаче да бидам до него зашто му се спие, ептен голем стрес ми е ова со спиењето. Како ги навикнавте вашите дечиња да се успиваат сами?
Мислам дека погрешно ќе ти биде сега учење сам да заспива , баш сега треба и внимание на него да не се осете запоставено па да резултира со испади , тага , тантруми. Мораш некако да се организираш и најважно сама не , сопруг , баба , свекрва некој викај на помош да земе едно , ти друго. Кај мене поголема е и немав пр , 4г со 5м бебе , мм неа ќе а преземе , пресоблече јас бебе на старт пошто во слично време заспиваа на зимо. Ако го заспивам него прв она е крај мене или со татко и , како си сака, па ќе го заспијам него па а зимам а средувам неа ако не е дома мм и со неа малку дури заспие си лежам и после јас мое си довршувам што имам и легнувам. Денски немам пр ретко заспива она , нема дремки преку ден , а и сама си легнува одамна кај мене , од годинка сама леже се вртка и се успива и ноќе и дење јас само крај неа да сум или мм и некогаш сака ножиња да и галкаме. Првен едното па другото и ќе ги средиш , и помош обавезно ако неможиш сама. Вклучи го во се да не се осете запоставено штом плаче има потреба од тебе , нека помине адаптација на новиот член полека и друго ќе се среде.
Мамички молам за совет,син ми пиеше 10 ден антибиотик,супер се,завршивме со антибиотик,почна да кашла два дена веќе,денес и тем,вчера на лекар нема ништо,не знам од каде кашлицава сега,искуства слични,фала ви
Моето мн кашлаше и мрсули многу имаше пиеше антб амоксиклав, по 1 недела пролив имаше 3 дена, по проливот по 1 недела пак со мрсули и кашлање и 2 дена температура имаше, од тт има 10 дена поминато и уште кашла.
Пред една недела крена пак 38.5. Ја однесов пак на педијатрија, пак грло црвено, леукоцити 20.9. Пак примаше 3 дена инфузии со урбазон и лендацин (лендацин примала и претходно не линкоцин,моја грешка) и по потреба и ставаа и аналгин и витамини. Само после првата инфузија вечерта крена пак температура 39, но наредните денови не. После третата инфузија пак направивме крвна слика и беше во ред. Леукоцитите беа 8. Од таму ни рекоја да продолжиме уште 4 дена со сируп панцеф, но матичнипт другиот ден вика нема потреба од панцеф и ни препиша цефалексин 3 дена. И дадов вчера цефалексин, денес пак и поручекта пак крена температура 38. И дадов блок макс и се спушти. Почна да кашла со шлајмови, и носето и тече. Од паника што детево цел месец ми е со температура ја однесов и кај мојот лекар. Тој ја слушна на плуќа вика тахикардија има и не прати утре на кардиолог и снимка на плуќа да направиме. Е сега тој се сомнева на миокардит заради тахикардијата, но нели можно е тахикардијата да е поради температурата. Ќе умрам од секирации. Од што може вака да крева цело време веќе од памет се извадив. Плус пак крена температура. Во 4 и дадов сируп, во 8 крена пак. Течности не пие ич, можно е од дехидратација да крева?
Од дехидрација не крева температура, има жариште во организмот. Мора да форсираш течности, јадење нема потреба. Направете ги сите испитувања, може има некоја бактерија. Тахикардијата може да е резултат на покачената тт, ама искрено, немам искуство со тоа. Видете кардиологот што ќе ви каже.
Бевме кај кардиолог, фала му на Бога миокардит не е. Тахикардијата била од покачена температура. Направивме брисеви од нос и грло и уринокултура, ќе чекам резултати до вторник па ќе видиме.
Фала ти многу Се надевам ќе покажат брисевите каде е проблемот. И јас кренав пред неколку дена. Пулсот 150 ми беше. По тоа се водев дека и кај малава е од температурата, но сепак се исплашив кога ми спомнаа дека е можно миокардит да има.
Јас штом почнувам да мерам ги земам во раце,срце им лупа како лудо и така пред време знам дека е висока.
Здраво мајки, време е да се префлиме во оваа тема, иако гледам не е активна како онаа 12-24. Синко има одлична моторика, фина и груба. Знае да се заигра сам, логички размислува, се разбира. Сеуште не збори. Има ограничен фонд на зборови, блебети, со гестови и мимики сврзува цела реченица. Многу е палав и темпераментен. Цица и со јадење е ден јаде, три не. Планирам да пробам да го одвикнам од пелени, да видам како ке оди. Само треба да решам кога е денот за почеток. Тоа е главото за оние кои не ја читаат 12-24.
После 2рата година не знам точно и кој месец нагло се пушта говорот. Моето искуство со пелените е исто пробав после 2, два три дена без успех, следно пробав на 2год и 5 месеци, исѕо без успех. Сама на 2год и 7месеци кажа дека веќе не сака пелени. Ние за 10 дена си одиме од темава. Расте човекот.
Фала ти. Јас ке пробам најмногу затоа што пред бањање кога вадам пелена и кажам ајде мочкај, мочка или напнува да мочка иако мочкал во пелена. И за какање кажува, се мести и знам дека кака.