Ај да прашам овде за совет, може има некој со слично искуство... Поголемиот син ми е 2години и месец дена имам и тримесечен бебуш, поголемиот се успива само со мене и претходните денови си беше ок има љубомора што е за очекување кон бебушот плаче некојпат, бара внимание кога го дојам или успива малиот ама некако успевавме да балансираме со маж ми и сметам дека ок, така ќе биде... Последните две три недели имам проблем со вечерното заспивање на поголемиот, мака мачиме да се успиеме, еве веќе 2по полноќ е а он е уште буден, пробав со будење рано сабајле, порано да заспива за денска дремка, да го будам ако се успие за денската дремка, и не и не, протестира воопшто не сака ни да влезе во спална се нешто е поинтересно, дали дека е свесен дека брат му е во спална па не му дозволувам да плаче го изнесувам ме манипулира еве незнам... Му никнуваат заби гледам 5ките се тргнати може тоа го мачи... Ама ужас е вечер само штом пробам да го спремам за спиење почнуваат плачки и викотници ама баш викотници.. Од 22 до сега до 2 по полноќ се тегави за спиење а преморен е, станува 9 сабајле дремка има од 1 до 3 и вечер никако не попушта, денес ни е рекорд за не спиење. Некоја вечер ќе заспие во 12, друга во 12.30, трета во 1.30, битно порано од 11.30 нема заспано... Порано заспиваше вечер во 10/10.30 најкасно... Сега заспа во 1 па за 20минути се разбуди вриштејќи не можевме никако да го смириме се тресеше, како да не беше свесен му пуштивме цртан и одма се смири, може ни ги тестира границите до каде може ама 10 часа да не спие 2годишно дете? Помагајте, ако имате некој совет или искуство споделете ве молам и извинете за долгиот пост
Моето е цело време така со спиење, ни бебе мало ко беше не заспиваше пред 9ч. Секако пробавме како што опиша, еве и во градинка оди и пак исто заспива после 11, 11 и пол на вечер, стснува во 7ч таму спијат од 12 до 1 и пол-2. Сега е дома 1 недела и полошо е после 12 заспива, секогаш бил тежок за заспивање од ко е роден 2 год и 7 месеци е. Совет немам оти се пробавме и ништо не запали
Мајки да ве прашам дали кај некои ви се има случено детето сеуште да лигави моето е 2,5 и сеуште лиги му течат забите му се сите излезени незнам до кога
Ако спиел претходно цела ноќ и заспивал без проблем, новиот член во фамилијата е причината. Дете ко дете не разбира сѐ, ама гледа дека вниманието е насочено кон бебето и се обидува да го смени тоа. Навечер дај му го бебето на маж ти да го успие после доење/млеко, а ти успивај го големиот во друга соба, т.е посвети му се нему, не мора во спална, после ќе го однесеш таму. Пробај така, па ќе видиш дали ќе се смени или ќе продолжи да одбива заспивање.
Мами каде шетате попладне во Скопје? Пекол е надвор, ни во 19h не е пристојно за шетање. Предложете некое местенце, ресторанче во околината на Ск поладно ние да каснеме нешто а децата да се растрчаат
Свесна сум дека бебето е причина ама мислам дека и separation anxiety му е ептен изразено исто и се нешто му е многу интересно како да се плаши да заспие да не пропушти нешто или да не не изгуби. Инаку бебушот се успива и го ставам во креветче, јас останувам во дневна со поголемиот и таму пробуваме да се успиеме ама многу време му треба, касно заспива, секогаш е после 12.30 не е нормално толку касно и на 2 години да има буден период од 8/9 часа... тоа ме чуди... Инаку како што вика lackygirl секогаш покасно заспивал, некако ритамот од мал му е таков покасно заспиваше ама тоа покасно беше 10.30 а не како сега 12.30 ако имаме среќа ако не 1.30... инаку изморен е буквално паѓа за спиење ама не дозволува нити да го нишкам, ниту да го гушнам ,ниту сака да легне на кревет, ништо, оди, му паѓа главата, се подигнува па продолжува и така во круг саат време дури не падне буквално од умор. Ако пробам да го нишкам, да го шетам низ соба да го гушнам плаче и вреска колку го држи глас. Пробувам да го успивам и да го облечам у пижами порано за да не се премори па тоа да не е причината ама и тоа е се со сила, несака нити да се пресоблече , протестира за пелената... како спремањето за спиење и успивањето да се нешто најстрашно...
Девојки дали е нормално 2,5 годишно дете да нема поима од бои?Кога ќе прашам која боја е ова ми кажува убава
Мислам дека е нормално, сите деца различни работи ги интересираат и различни работи учат побрзо или покасно.
Еве мојата. Точно до 2ипол појма немаше од бои, ако ја прашуваш се беше зелено. Знаеше да брои до 10, знае милијарда животни, знае да каже сите дома како се викаме, да покаже колку години има, ништо од ова не сум ја учела, едноставно пофатила. А за боите појма немаше. И последниве 2 месеца се што играме беше на тема на бои, и сега генерално ги знае, ама пак знае да згреши, не можам да одредам дали си игра мајтап или стварно некогаш не разликува плаво од зелено. Татко ми е далтонист, па не исклучувам и тоа да е проблемот. Ама не дека се замарам, сепак се останато е одлично за 2 години и 8 месеца.
Иста е и мојата, 2 години и 5 месеци, се знае да ти каже, пее преку 20 песни, но појма нема од бои. Се што ќе ја прашам е плаво или црвено
Абе моево ќе те продаде од што зборува ама ништо не сака да учи.Ни бројки ни бои.Викам јас да не згрешив негде,зошто не го форсирам. Може ќе биде од оние деца да е живо и здраво хахахаха
мајки што го поминавте стомачниов вирус,дај споделете искуства колку време трае ова? од саботата со повраќање и проливи,се среди со инфузија и реглан но температурата не престанува испитано,крвна слика,црп,брис од грло нема ништо сите резултати се одлични,нема корона сите резултати денес ги добив ноќеска температура 39.5 не разбирам... сите доктори велат не е за антибиотик чекајте ќе помине колку време треба, хаос е ова ја мерев сабајле 13 кила има две ипол кила симна за 5 дена нема апетит јаде како маче...
da prasam i tuka uste 2 meseca ke polni 2 godini bratucedka mi mi g ostavi da g cuvam i ne go ni primetiv koga otisol do kupatilo, se vrati so sapunot vo usta , se poznava deka jadel od nego da go nosam li na doktor ili nisto ne e ? kako go gledam nisto ne mu e sto da pravam?
2 години и 1 месеци е синко а веќе ги знае сите букви да ги прочита, каже и да ги напише. Знае како се вика и знае да го напише. Исто така знае да каже и колку години има. Сите животни како прават и знае мноооогу др зборови... но скрос не е пуштен..малку ме загрижува но работиме заедно се надевам ќе се пушти за брзо. Едвај чекам
И треба да те загрижува. Чим знае да пишува и чита на 2 години се работи за некои натприродни моќи. Мене би ме загрижило, се плашам од такви ствари...